Пајонци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Етничка припадност: Енциклопедија Британика
Ред 4:
== Племенска организација ==
 
По 550 г. пр. н.е. Пајонците станале особено значајна сила. Групирни во повеќе племиња, тие ја населувале областа која може да се лоцира од Грделичката клисура на север, до [[Пела]] и утоката на [[Вардар]] на југ, до реката [[Струма]] на исток и [[Пелагонија]] на запад, заедно со целиот тек на Вардар. Пајонците имале цврста племенска организација, што се потврдува и со појавата на [[Пајонско племенско и кралско монетоковање|пајонски племиња]] кои уште во втората половина на VI век и прва половина на V век пр. н.е. емитувалековале свои пари.
 
Цврстата племенска организација и зголемената моќ ќе овозможат Пајонците да преземат освојувачки походи. Таков бил нападот над жителите на Абдера, кој веројатно се одиграл пред Персиските освојувања и бил со грабежнички карактер, а за кој податици дава [[Пиндар]] во пеанот за Абдерите. Херодот раскажува дека Пајоните (од Струма), уште пред походот на [[Мегабаз]] против [[Тракија]], некаде околу средината на VI век пр. н.е., го нападнале градот Перинт на Пропонтида нанесувајќи му голем пораз. Според некои научници за да водат војни со Перинт, Пајоните во тоа време требале да го држат тракиското крајбрежје .
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пајонци