Илири: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 62.162.124.161 (разговор), вратено на последната верзија на 89.205.15.53
Ред 15:
За да се одбранат од надворешните напади, илирските племиња понекогаш се здружувале во поголеми племенски сојузи, на чело со заеднички владетел – крал. Така биле создадени повеќе племенски сојузи или кралства на Илирите.
Најстарото кралство на Илирите било создадено кон крајот на петтиот век пред н.е., на источното крајбрежје на Јадранското Море. Тоа била моќна држава на чело со кралот Грабос. Освен Грабос, познат владетел на оваа илирска држава бил и кралот Бардилис, современик на македонскиот крал Филип II. Тој војувал успешно против македонското кралство, но на крајот бил поразен од Филип II. За време на неговиот наследник, кралот Грабос II, кралството почнало да слабее.
 
===Кралство на Таулантите===
Во втората половина на четвртиот век пред н.е.,било создадено ново илирско кралство. Кралот наТаулантите по име Главкија успеал да обедини повеќе илирски племиња и создал силна држава – кралство на Таулантите. Главкија го искористил слабеењето на Македонија по смртта на кралот Александар III, па успеал да ги прошири териториите на своето кралство. Ги потчинил и богатите хеленски колонии Епидамнос и Аполонија. Илирите од соседните области почнале да се населуваат во овие градови. Така сè повеќе се засилувало илирското влијание. Кралството на Таулантите не траело долго. По смртта на кралот Главкија, кон крајот на IV век, тоа започнало да опаѓа.
 
=== Кралството на Ардиеите ===
Ред 37 ⟶ 34:
 
== Остатоци од материјалната култура ==
Илирите оставиле значајни археолошки сведоштва за својата материјална и духовна култура. За животот и културата на Илирите најдобро зборуваат материјалните остатоци. Тоа се претежно предмети од глина, камен и метал најдени на териториите што ги населувале илирските племиња. Со археолошки истражувања се откриени многу накит, садови, скулптури, оружје, орудија за работа и други предмети. Откриени се исто така и остатоци од куќи, театри, патишта, водоводи, храмови на боговите и друго. Главни центри на културата биле Дирахион и Аполонија, каде што се пронајдени голем број материјални остатоци. Покрај нив, остатоци од материјалната култура на Илирите се пронајдени и во Билис, Скадар и други места. Зачувани се и остатоци од утврдени населби на Илирите, заштитени со цврсти одбранбени бедеми, изградени од големи камени блокови.
 
 
 
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Илири