Хартија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.126.246.93 (разговор), вратено на последната верзија на Ehrlich91
Ред 11:
 
== Производство ==
'''Задебелен текст'''Како што веќе напоменавме, хартијата денеска најчесто се изработува од ситно мелена дрвна маса која се меша со големи количини на вода. Целата таа смеса се вари и се добива пулпа или каша која подоцна со помош на полирани цилиндри се извлекува во тенок слој. Подоцна во текот на производството се провлекува низ цел еден склоп од цилиндрични ваљаци, се суши и додатно се измазнува во зависност од потребите на побарувачот. Целата линија за извлекување на хартија од смесата е составена од ланец со повеќе групи на валјаци кои хартијата ја доведуваат на саканата дебелина. Во една од почетните фази на извлекување на хартијата се вметнува и една од главните заштитни мерки т.е водениот жиг, за кој подоцна повеќе ке зборуваме.
Целата технологија при производство на хартијата, општо кажано, се изведува со помош на два главни процеси и тоа: механички и хемиски. Под механички процес се подразбира самото мелење на дрвната маса и нејзината механичка обработка (отстранување на нечистотиите, варењето на смесата и сл.). Но за да ги добие своите конечни својства, (белина, трајност, отпорност и сл.) хартијата мора да претрпи и одредени хемиски процеси како што се додавање на разни хемиски средства (хлорин, озон, хидроген и т.н) кои хартијата ја прават мазна и бела. Хартијата добиена од дрвна маса е доволно добра за широка употреба но постојат одредени ограничувања, односно истата има релативно краток рок на употреба, со текот на времето пожолтува и старее, лесно се кине и уништува. Таквата хартија се користи за секојдневна употреба почнувајќи од обична тоалетна хартија па се до хартија за цртање и пишување, издаваштво и сл..
За добивање на високо квалитетна хартија која има многу долг век на траење и употреба, се користи памукот како основна суровина. Главна карактеристика на хартијата добиена од памукот е што таквата хартија не жолтее со текот на времето и ги задржува своите својства дури и по многу години на употреба. Начинот на производство е идентичен како и во преходниот случај за хартијата добиена од дрвната маса. Памучната хартија е прикладна за сите видови печатење поради нејзиното својство за апсорбирање на мастилото. На сликата бр.2 можеме подобро да го видиме целиот процес на добивање на хартија кој во основа е ист без разлика дали се работи за хартија добиена од памук, дрвна маса или од отпадна хартија.'''
 
== Видови хартија ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хартија