Лизинг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Ред 1:
'''Лизинг''' ([[англиски]]: ''Leasing'') претставува трговска и финансиска дејност преку која трговските субјекти, најчесто малите и средните претпријатија, се обраќаат до некоја специјализирана [[институција]] да земат под закуп инвестициона опрема за определен рок и за определен надомест. Лизингот во неговата наједноставна форма претставува инструмент за обезбедување на финансиски средства и широко се дефинира како договор помеѓу две страни, каде што едната страна (давателот на лизинг) дава на користење некое средство на другата страна (корисник на лизингот) за одреден временски период и за однапред утврден надомест.<ref>Fletcher,M.;Freeman, R.; Sultanov, M. and Umarov, U. (2005), "Leasing in development - Guidelines for emerging economies", IFC, 2005.</ref> Суштината на лизингот произлегува од идејата за профитабилно користење на некое инвестициско добро проследено со флексибилен начин на плаќање што овозможува инвестиција без дополнително ангажирање на основен капитал, успешно работење и најголема искористеност на средствата. Денес лизингот претставува вообичаен начин за долгорочно финансирање на компаниите во развиениот свет.<ref>Арсов, С. (2008), [["Финансиски менаџмент", ]]Економски факултет - Скопје, Скопје, страница2008, стр. 183-184.</ref>

== Договор за лизинг ==
Ред 35:

=== Форма на договорот за лизинг ===
Во компаративното право, не постојат посебни одредби за формата на договорот за лизинг. Но, според македонското позитивно право, договорот за лизинг е строго формален договор, кој поради задолжителната содржина, мора да се завери кај нотар.<ref>[http://www.pravo.org.mk Право]</ref>

=== Видови на лизинг договори ===
Ред 52:
* производно-финансиски лизинг, каде примателот на лизинг стапува во директни односи со банка која го кредитира примателот на лизингот во поглед на обврските кои произлегуваат од договорот за лизинг.

=== Правно уредување на лизингот во Република Македонија ===
Во нормативната практика на Република Македонија, може да се разликуваат две фази во уредувањето на лизингот:
Првата, до донесувањето на Законот за лизинг<ref>Службен весник на Република Македонија—бр.4/2002 год</ref> и втората по донесување на овој закон.

За првата фаза карактеристично е што лизингот за надворешно- трговските потреби се уредуваше со Законот за надворешно-трговско работење<ref>Службен весник на Република Македонија-, бр.31/93, 41/93, 78/93, 59/96, 15/97, 13/98, 50/99, 82/99 и 4/2001 г.</ref> , додека во внатрешниот промет во недостаток на домашна легислатива, како помошни се користеа одредбите од сојузниот Закон за облигациони односи,<ref>[http://www.mlrc.org.mk/ZAKONI/Z2001054.htm MLRC],</ref> а особено одредбите од договорот за продажба кои се однесуваат на продажба со задржување на правото на сопственост, потоа, на договорот за закуп, договорот за кредит, заради плаќањето на лизинг ратите и други.

Сепак, како најчести извори на договорот за лизинг се користеа општите услови за работење на специјализирани трговски организации кои се бавеа со вршење на лизинг дејност- лизинг друштвата.

Втората фаза ја означува влегувањето во сила на Законот за лизинг, кога своја полна примена доживува одредбата од член 571 од Законот за облигациони односи според која одредбите од договорот за закуп според ЗОО нема да се применуваат врз закупите уредени со посебни прописи, со што јасно се упатува дека на договорот за лизинг целосно и исклучиво ќе се применуваат одредбите од Законот за лизинг.

Ред 61:
Важни за лизингот како алтернативен извор на финансирање на мали и средни претпријатија се и Законот за основање на македонска банка за подршка на развојот[http://www.mbdp.com.mk/mbdp.php?page=misija_zakon] и Предлогот за донесување на Закон за гарантен фонд на Република Македонија од 01 јули 2003 година, со кој се уредува начинот на издавање гаранции на име на обезбедување на дел од кредит или лизинг на крајни корисници.

На меѓународен план, значајна е UNIDROIT Конвенцијата за меѓународен финансиски лизинг од [[Отава]] од [[1988]] година, која стапи насила на [[1 мај]] [[1995]] година и се однесува само на финансискиот лизинг. [[Република Македонија]] ја нема ратификувано оваа конвенција.<ref> Благица Георгиева,” Лизинг-како алтернативен извор на финансирање”, ''Правник'', бр.147/148, јули-август 2004.</ref>

== Историска појава и развој на лизингот ==
Функционалниот пристап на работење како модел е инхерентен за американската деловна практика. Овој факт објаснува зошто лизингот, заедно со франшизингот и другите алтернативни методи на финансирање, се појавуваат токму во [[САД]] и доживуваат своја светска, односно европска афирмација во Втората светска војна.

Според податоците од Меѓународната финансиска корпорација во 1994 година 1/8 од вкупните приватни вложувања во светот се вршеле по пат на лизинг системи, во земјите на Организацијата за европска соработка и развој ОЕЦД. Учеството во финансирањето по пат на лизинг изнесувало 1/3 од вкупните вложувања, и на крајот, во САД 350 милијарди долари се припишуваат како инвестиции по пат на лизинг.<ref>Капитал, 18 април, 2002 година.</ref>

Лизингот е трет најзначаен извор на финансирање во светот, после кредитот и Евро-обврзниците.

Во Република Македонија, штедилницата “Можности” [http://www.moznosti.com.mk/]беше прва финасиска институција која го воведе лизинг системот под нормативната капа на Законот за Облигациони односи.

Една од спецификите на лизингот е тоа што во развиените земји каде што се појавил и развил лизингот, не постојат посебни закони кои ја уредуваат лизинг дејноста и договорот за лизинг, туку тој се уредува по правилата на автономното, спонтано развиено трговско право.

Ред 82:
*Во случај на неплаќање на доспеаните обврски по кредитот или лизингот, кредитодавателот и давателот (кога средството служи како обезбедување на кредитот) ќе ја преземе сопственоста, односно правото на користење на средството.
*Ризикот и трошокот од сопственоста, како што е одржувањето, се на товар на кредитокорисникот и корисникот на лизинг.
*Договорите се нераскинливи, се додека кредиторот или давателот на лизинг не си ги наплати побарувањата.
Иако и лизингот и кредитирањето вклучуваат кредитна одлука и проценка на финансискиот ризик, сепак кај лизингот постојат два дополнителни фактора. Прво, тие имаат познавање во врска со средствата и кредитната одлука се базира на средството, односно на неговиот ефект врз готовинскиот тек на претпријатието. Ова е различно од кредитирањето базирано на обезбедување. Банките и другите кредитори одлуката ја базираат на билансната вредност на обезбедувањето. Вториот фактор е што лизинг-компаниите се ориентирани кон продажбата и услугите. Тие користат специјализирани знаења за да го премостат јазот помеѓу снабдувачите и купувачите, а овие знаења исто така ин даваат предност при продажбата на преземените средства. Снабдувачите најчесто немаат доволно познавање од финансии и кредитни одлуки, а корисниците на лизинг не се специјалисти за финансии, кредити и купопродажба на опрема. Од тие причини и снабдувачите и корисниците на лизинг ги користат услугите на лизинг-компаниите, кои ги имаат потребните знаења и имаат капацитет да зајмуваат финансиски средства и да кредитираат.

Ред 108 ⟶ 109:
* Нерамноправност на договорните страни, се наметнува волјата на посилната договорна страна.
* Нееластичност на веќе склучен договор за лизинг во поглед на рокот на важење, висината на надоместокот, периодот на плаќањата, можноста за предвремен раскин на договорот. Во нашиот Закон за лизинг се предвидува, дека, со приемот на предметот на лизинг, за корисникот обврската за плаќање на надомест за користење на предметот на лизинг станува апсолутна и неотповиклива.
* Има негативно влијание во поглед на можноста за обновување и модернизација на основните средства на корисникот на техничко-технолошка опрема, бидејќи најчесто корисникот на лизингот по истекот на рокот на договорот или ја купува или ја зема повторно во лизинг опремата која е веќе застарена.<ref>[http://faktoring.com.mk/prednosti.htm Factoring]</ref>

== Финансиски лизинг ==
Ред 118:
* Лизинг договорот најчесто не опфаќа услуги
* Лизинг предметот цело време останува во сопственост на лизинг друштвото и договорот временски го покрива амортизациониот период на лизинг предметот
* Давателот на лизинг целосно е исплатен за неговите капитални трошоци( (набавна цена и трошоците за купопродажба на предметот), дополнителни трошоци или камата, профитот на давателот на лизингот, односно сите други трошоци со кои се соочува за времетраење на договорот
* Инвестицискиот [[ризик]] го сноси исклучиво корисникот на лизинг
* Најчесто, по истекот на рокот, договорот завршува со пренос на сопственоста врз предметот на корисникот на лизинг.
Ред 147:
*Поедноставна и пократка процедура за одобрување, што подразбира минимална потребна документација и анализа на готовинскиот тек на претпријатието по набавката на средството и донесување одлука дури и за еден ден.
*Не се оптоварува кредитната рамка кај банката, што значи дека кредитната способност нема да се намали со склучување на договорот за лизинг.
Меѓутоа, интересен е податокот во врска со структурата на најважните извори на финансирање на малите и средните претпријатија, каде што како трет најзначаен извор, по банкарските кредити и кредитните линии/дозволени пречекорувања, се јавуваат лизингот и [[факторингот.]]<ref>EuropianEuropean Central Bank (2012), "Survey on the access to finance of SMEs in the Euro area from October 2011 to March 2012", 2012.</ref>
Лизингот е особено атрактивен за малите и средните претпријатија, бидејќи им обезбедува можност за финансирање и на 100% од вредноста на средството, без притоа да мораат да понудат дополнително обезбедување. Затоа лизингот е одличен инструмент токму за малите и средните претпријатија со висок потенцијал за пораст и старт-ап бизнисите.

Ред 159:

Лизинг-секторот во Македонија, исто како и [[Банкарски систем на Македонија|банкарскиот сектор]], во 2011 година се соочил со отежната наплата на побарувањата, што придонесло за продолжување на [[Профит|непрофитабилното]] работење на секторот и остварување загуба од 22,6 милиони [[Денар|денари]]. Како резултат на тоа, се намалиле бројот и вредноста на новите договори склучени од страна на лизинг-компаниите.
Учеството на вредноста на новосклучените договори за лизинг во 2011 година изнесувал само 0,4% од БДП.<ref>Народна банка на Република Македонија, ''Извештај за финансиска стабилност 2011'', Скопје, 2012, стр. 146.</ref> Доколку се анализира структурата на активните договори за лизинг, договорите со физички лица учествуваат со 54%, додека учеството на правните субјекти изнесува 46%. Од аспект на намената, доминира финансирањето за подвижни предмети, што учествува со 97,8% во вкупната структура од активните договори за лизинг. Најголемо учество кај активните договори за правни субјекти имаат патничките возила, со 65% од вкупните активни лизинг-договори со правни субјекти, додека само 8% од лизинг-договорите се искористени за набавка на опрема и машини.

Карактеристика на лизинг-секторот во Македонија е тесната специјализираност на регистрираните лизинг-компании. Исто така, неповолна е состојбата и со понудата на средства што се нудат на лизинг, при што предноста ја имаат возилата.
Лизинг-понудата во Македонија не кореспондира со потребите на секторот на малите и средните претпријатија за финансирање на нивните инвестиции и може само делумно да се користи како супститут на банкарските долгорочни кредити. Од финансиска гледна точка, лизингот за малите и средните претпријатија се уште е поскапа варијанта од кредитот.
Ред 170 ⟶ 171:
[[Категорија:Правен систем на Република Македонија]]
[[Категорија:Финансии]]
[[Категорија:Економија]]
[[Категорија:Банкарство]]
[[Категорија:Трговија]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лизинг