Вилијам Батлер Јејтс: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
Татко му бил познат сликар-портреист и припадник на [[протестантската црква]] во Ирска, селејќи се често меѓу [[Даблин]] и [[Лондон]], но поради постојана парична скудност децата му израснале главно во [[Слајго]], на западниот брег од Ирска, на имотот од жена му, чии родители Полексвенс биле имашни трговци. Вилијам го почнал своето образование во училиштето Годол Фин во Лондонскиот кварт Хамерсмит, а потем студирал во [[Уметничката школа]] во [[Даблин]], каде што се запознал со [[Џорџ Расел]] со кого го споделува својот интерес за мистичното и натприродното. Во 1885 година го осознава Даблинското херметичко друштво како разгранок на Лондонската Златна зора. Почнува да пишува [[поезија]] и пиеси под влијание на Шерли и Спенсер, и на англиските прерафаелити од крајот на 19-ти век, но со посебен интерес кон ирските преданија и легенди. Во 1922 е избран за сенатор на слободната Република Ирска. Во 1923 ја добил Нобеловата награда за литература.<ref>Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола, 2010</ref>
 
==Хронологија на негвото творештво==
==Творештво==
Сметал дека песните треба да му се рецитираат пред публика и самиот често ги изведувал како вистински актер. Првите драмски обиди под наслов ''Островот на статуи'', ги објавува во Даблинско универзитетско списание во 1885, но тоа е всушност романтична поема со незначително драмско дејствие.
*Во 1889 ја објавува првата збирка на лирски песни крстосници и долгата нартивна поема ''Скитањата на Оизин'', со теми од Келтските балади на Ирскиот гелски во англискиот превод на Семјуел Фергусон. Истата година се вљубил безнадежно во Мод Гон, актерка, но и активен борец за независна Ирска.