Анатол Франс: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{во изработка}} мини|десно|Анатол Франс ==Биографија== '''Ан...
(нема разлика)

Преработка од 00:05, 24 јануари 2014

Анатол Франс

Биографија

Анатол Франс(псевдоним на Жак-Антоан Анатол Тибо; 16 април 1844, Париз - 12 октомври 1924, Бешерел, Франција) бил француски белетрист, добитник на Нобеловата награда за литература во 1921 година за сијајните литературни постигнувања што се проникнати со возвишеност, со длабоко сочуство за човекот и со вистински галски темперамент. Во книжарницата на татка си Франс се запознал со многу познати кнежевници и со најдобрите дела од светската литература. Завршил колеџ и се вработил во библиотеката на Сенатот. Првото дело му било „Коринтска свадба“ (1873). Но, набргу се ориентира на белетристика и се потврдува како приврзаник на хуманизмот и на демократијата.[1]

Дела и творештво

Во 1881 година се појавувил неговиот прв роман „Злосторството на Силвестер Бонар“, кој му донесло популарност со финиот хумор и со големата поетигност. Во романот „Таис“ (1890) Франс се истакнал како сијајен мајстор на историскиот детаљ, репродукцирајќи го судирот меѓу паганскиот и христијанскиот свет во Александрија. На крајот од 80-те години на 19 век излегле четири зборници со литературни критички статии, објавени во весникот „Л'тан“ (Време). Во книгата „Мислењата на Жан Коањар“ (1893) рамките на социјалистичката критика се прошируваат. Во врска со аферата Драјфус, Франс ја засилил својата критика на опшествено - политичкиот живот. Тетралогијата „Современа историја“ (1897-1901) е врв на неговото сатарично мајсторство. Тој станал близок пријател со лидерот на француската социјалистичка партија Жан Жорес. Во 1905 година весникот „Л'иманите“ (Човештво) се ипечати социјално - утопискиот роман на Франс „На белиот камен“. Револуциите во Русија вршат силно влијание на врз Франс. Сатаричниот роман „Островот на пингвините“ (1908) е пародија во гротескнокарикатурална форма на историјата на Франција и на човековата цивилизација. Книгата „Боговите се жедни“ (1912) - историски роман за Француската револуција, го опишува трагичниот парадокс дека иако е извршена во името на човештвото, револуцијата го погубува човештвото. Во 1914 година се појавуа фантастичниот роман „Бунт на ангелите“. Во последните години од животот, тој го завржува циклусот спомени за детството, започнат во 1885 година - „Книга за мојот пријател“, „Пјер Нозиер“ (1899), „Малиот Пјер“ (1918) и „Расцутениот живот“ (1922). Франс бил член на француската академија.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола,2010