Психологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с нов клуч за подредување на Категорија:Психологија: " " со помош на HotCat
Ред 19:
== Што проучува психологијата ==
Откако постои, човекот имал потреба да го запознае светот околу себе. Како последица на таа потреба, човекодчовекот дошол до корисни знаења за објективната стварност во која живее. Тие знаења се систематизирани во рамките на природните науки: физика, хемија, биологија и други, кои ја изучуваат природната стварност околу него. Другите знаења се систематизирани во рамките на општествените науки: историја, социологија и други, кои ја изучуваат општествената стварност во која живее. Меѓутоа човекот ги забележал и своите реакции и доживувања во врска со објективната стварност. Тој обрнал внимание на психичката стварност или на својот психички живот. Знаењата до кои дошле научниците во оваа научна област се систематизирани во психологијата. Психологијата е наука што се занимава со проучување на психичкиот, т.е. душевниот живот на човекот. Нејзиното име доаѓа од грчките зборови ψυχή [психи] што значи "душа" и λόγος [логос] што значи "наука" (изучување). Душевниот живот на човекот уште се нарекува "внатрешен живот" и се манифестира преку голем број психички појави.
 
Предметот на психологијата е изучување на психичките појави и откривање на закономерностите на нивното јавување и развивање.