Стокхолм: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Надворешни врски using AWB
Пристаништа
Ред 1:
Пристаништата во Копенхаген е најсовременото на светот со неговата видлива и убава глетка која што се простира на огромна дачечина и е може да се опише со зборови
{{Infobox settlement
|official_name =Стокхолм
|imagesize =280px
|image_skyline =Stockholm Montage.png
|image_caption = Знаменитости на Стокхолм
|image_blank_emblem =Stockholm vapen bra.svg
|blank_emblem_type =
|blank_emblem_size =120px
|coordinates_region =SE
|pushpin_map= Шведска
|subdivision_type =
|subdivision_name =
|subdivision_type3 =
|subdivision_name3 =
|subdivision_type2 =
|subdivision_name2 =
|subdivision_type1 =
|subdivision_name1 =
|established_title =
|established_date =1252
|established_title1 = Основан
|established_date1 = [[13 век]]
|area_footnotes =
|area_total_km2 =188
|area_urban_km2 =381.63
|area_metro_km2 =6519
|population_footnotes =
|population_as_of =31 декември 2011
|population_total =864324
|population_density_km2= auto
|population_metro =2091473
|population_density_metro_km2= auto
|population_urban =1,372,565
|population_density_urban_km2= 3597
|population_demonym =
|timezone =[[Средноевропско време|CET]]
|utc_offset =+1
|timezone_DST =[[Средноевропско летно време|CEST]]
|utc_offset_DST =+2
|coordinates_display =display=inline,title
|latd=59 |latm=19 |lats=46|latNS=N
|longd=18 |longm=4 |longs=7 |longEW=E
|postal_code =100 00-200 00
|area_code =+46-8
|website =[http://www.stockholm.se/ www.stockholm.se]
}}
 
[[Слика: Drottninggatan sommaren 2006.jpg|мини|300п|д|Главна улица за трговија во градот ''Дротнингатан'']]
[[Слика: Stockholm-Altstadt-(gamla-stan).jpg|мини|д|300п|[[Гамла Стан]], стар дел на Стокхолм]]
[[Слика: Estocolmo de Noche..... " Blue hour ".jpg|мини|д|300п|Стокхолм ноќе]]
[[Слика: Stockholm metrosystem map.svg|мини|д|300п|Стокхолмшко метро]]
[[Податотека:Stockholm old town 2002.jpg |мини|300п|десно|Стариот дел на Стокхолм]]
 
'''Стокхолм''' е [[главен град|главен]] и најголем [[град]] во [[Шведска]]. По процената од [[2004]], градското подрачје имало 765.044, а пошироко 1.704.930 жители.
 
Градот е основан во [[1252]] година на спојот на [[езеро]]то [[Меларен]] и [[Балтичко Море|Балтичкото Море]]. Главен град на Шведска службено станал во [[1436]]. Седиште е на, помеѓу другото, [[Кралска академија на науките (Шведска)|Кралската академија на науките]], Карловиот институт и [[Шведска академија|Шведската академија]], која ги одбира добитниците на [[Нобелова награда]] од [[физика]], [[хемија]], [[економија]], [[медицина]] и [[литература]].
 
== Етимологија ==
Името на градот води потекло од старошведските зборови ''Сток'' (Stock) и ''Холм'' (holm) што во буквален превод значи „место на островче“. Ова има смисла, ако се знае дека најстариот (денес средиштен) дел од градот се наоѓа токму на островот [[Хелгеандхолмен]].
 
== Географија ==
===Положба на градот ===
Градот Стокхолм се наоѓа во источниот дел на [[Шведска]] и [[Скандинавски полуостров]].
Оддалеченост на Стокхолм од важните градови во околината:
* од [[Гетеборг]], вториот [[град]] по големина во [[Шведска]], Стокхолм е оддалечен 470км североисточно;
* од [[Малме]], третиот [[град]] по големина во [[Шведска]], Стокхолм е оддалечен 610км североисточно;
* од главниот [[град]] на [[Норвешка]], [[Осло]], градот е оддалечен 520км источно;
* од главниот [[град]] на [[Финска]], [[Хелсинки]], градот е оддалечен 520км западно (со море);
* од главниот [[град]] на [[Летонија]], [[Рига]], градот е оддалечен 550км северозападно (со море);
* од главниот [[град]] на [[Данска]], [[Копенхаген]], градот е оддалечен 660км севериоисточно.
 
=== Природни услови ===
'''Релјеф''': Стокхолм се развил во близина на источниот брег на [[Балтичко Море]]. Градот се развил на стратегиско место каде оддалеченоста помеѓу големото шведско езеро [[Меларен]] и [[Балтичко Море]] е најмала. Затоа, дадената положба стратегиски е многу важна - градот е формиран како би го штител влезот во системот езера, кои е „срж“ на внатрешноста на земјата. Градското подрачје е претежно бреговито, а надморската височина на градот се движи помеѓу 0-50м.
 
'''Клима''': Според Кепановата класификација климата на Стокхолм е умерено-континентална. Поради северната положба на градот, дневната светлост многу варира од повеќе од 18 часа во средината на летото, до само 6 часа при крајот на декември. Покрај оваа положба, Стокхолм има релативно благи температури и многу топло и сончево време во текот на целата година од поголемиот број други места на слична [[латитуда]], или дури и од некои што се наоѓаат појужно, во главно поради влијанието на топлата [[Голфска струја]]. Градот годишно има околу 1.981 сончеви часови.
 
Летата се топли и пријатни со просечна дневна температура од 20-22°С (68-72°F) и најниска [[температура]] од 13°С (55°F)., но температурата често преминува и над 25°С (77°F). Зимите се ладни со просечна [[температура]] од -5°С до 1°Ц (23-33°F), но исто така ретко паѓа испод -10°С(14°F). Годишната количина на [[дожд]] е 539мм(21,2 инчи) со 164 влажни денови. [[Снег]] претжно паѓа во периодот од [[декември]] до [[март]].
 
'''Води''': Стокхолм се наоѓа во близина на источниот брег на [[Шведска]], односно западниот брег на [[Балтичко Море]]. На даденото место [[Балтичко Море]] е најјужно, т.е. тука бреговите на [[Шведска]] и соседна [[Финска]] најмногу се доближуваат, што стратегиски е доста значајно. Во однос на внатрешноста исто така се гледа стратегиско значење на Стокхолм, бидејќи градот е сместен на кратката река [[Нордстерм]], која ги поврзува блиското езеро [[Меларен]] (трето по големна во државата) и [[Балтичко Море|Балтичкото Море]]. Реката исто така ги дели историските покрајни [[Упланд]] и [[Седеманланд]], па и градот е поделен измеѓу нив.
 
Средишните делови на Стокхолм се наоѓаат на 14 острови кои се наставуваат на Стокхолшкиот арипелад. Скоро 30% од градот го сочинуваат пловни патишта и уште 30% го сочинуваат паркови и зелени површини (податок од [[2009]] година). Стокхолм од Европската комисја ја добил титулата „Прва Европска Зелена престолнина“.
 
== Историја ==
[[File:Stockholm county 3000-BC.png|thumb|left|Stockholmsområdet vid 3 000 f.kr.]]
[[File:Västerbron och vattenstånd.jpg|thumb|left|Illustration av olika historiska vattenstånd i Stockholmstrakten med hjälp av Västerbron]]
Подрачјето на градот Стокхолм било населено во раниот [[среден век]]. Првото спомнување на градот поврзан со денешното име се поврзува со [[1252]] [[година]]. Првобитно, градот се развил како пристаниште за извоз на железна река од рудникот во градската област [[Бергслаген]]. Благодарејќи на ова градот брзо станал значајно средиште на трговијата. Градот наскоро станал ханзетска испорака на доселениците од [[Германија]]. Тие ја сочинувале градската власт до [[1478]] [[година]].
 
Престолнина на [[Шведска]] градот станал во [[1436]] [[година]]. Со ослободување на [[Шведска]] од данската врховна власт во [[1520]] година во градот се случил [[масакар]]. Во [[1523]] година тука е крунисан првиот шведски [[крал]] [[Густав Васа]]. [[Шведска]] брзо станала најважна алка во политиката на [[Северна Европа]].
 
Овие околности овозможиле брз пораст и развиток на градот, посебно трговијата, така овој град во [[1600]] година ја преминал цифрата од 10.000 жители. Во [[1634]] година Стохолм и официјално станал престолнина на државата. во [[1710]] [[година]] од [[чума]] страдале околу 20.000 жители или 36%.
 
Во втората половина на [[19 век]], со појавата на индустријата и со изградбата на железничката мрежа, доаѓа до нов преокрет во градот. Стокхолм доживува благосостојба, која трае и ден денес. Како очигледна слика на тоа, тука се одржани [[Летни олимписки игри 1912|Летните олимписки игри 1912]].
 
По втората светска војна градот ги достигнал своите управни граници. Тогаш е започната масовна изградба на бројни предградија. Во нив денеска живее скоро исто толку [[население]] како и во градот.
 
== Транспорт ==
 
'''[[Сообраќај]]''': Стокхолм е најважен сообраќаен центар во [[Шведска]] и еден од најважните во [[Северна Европа]]. Градот е најважен центар на автопатиштата и железничките пруги во државата, а градското пристаниште е огромно и современо.
 
Во Стокхолм постојат дури три аеродроми:
* Меѓународен [[аеродром]] „[[Арланда]]“ е најголем аеродром. Се наоѓа 37км северно од Стокхолм;
* [[Аеродром]] [[Стокхолм-Брома]] е најблискиот [[аеродром]] од центарот на градот, само на 7,5км северозападно;
* [[Аеродром]] [[Стохолм-Скавста]] е нешто поодалечен од Стокхолм (околу 100км југозападно), но е значаен за нискотарифните летови.
 
'''Јавен превоз''': Според својата големина, Стокхолм има совршено развиена и разгранета мрежа на јавен превоз. Според последните податоци тоа претставува и еден од најскапите јавни превози во светот. Јавниот превоз го сочинуваат: [[метро]], два системи на градска и три системи на приградска [[железница]], мрежа од трамвајски и автобуски линии. Стокхолмското [[метро]] е далеку најважен вид на јавен превоз, и има дури 3 линии.
 
== Спорт ==
Во [[1912]] година во Стокхолм се одржани Летните олимписки игри.
 
== Знаменитости на градот ==
Стокхолм е познат по својот сочуван стар [[алштат]], но и по бројните „зелени зони“ на градот (паркови, алеи, парк-шуми), по што е и еден од првите во светот. Во близина на градот се наоѓта градскиот [[алштат]] [[Гамла Стан]] (во рпевод Стар град) со средновековни карактеристики - неправилна мрежа на улуци и плоштади на островот.
 
Северно од [[Гамла Стан]] се наоѓа дел од градот кој настанал во времето на академизмот, поточно кон крајот на [[19 век]] и почетокот на [[20 век]], препознатлив по булеварите, алеите, палатите и градбите на управата за [[култура]]. Тоа претставува политичко и економско „[[срце]]“ на градот.
 
Од поединечните градби потребно е да се издвојат:
* Германската Црква (Tyska kyrkan), во [[Гамла Стан]], од [[16 век]];
* Куќа на племето (Riddarhuset), од [[17 век]];
* Воден дворец (Bondeska palatset), од [[17 век]];
* Државен [[универзитет]] (Tessinska palatset), од [[17 век]];
* Кралската шведска опера, кон крајот на [[19 век]];
* Градската куќа на Стокхолм, во првата третина на [[20 век]];
* Стокхолмската градска читална, во првата третина на [[20 век]].
 
Градот веќе со децении е центар на современата [[архитектура]], па така во последните години се подигнати многу градби и раскошни „хајтек“ згради.
 
== Галерија ==
<gallery>
Слика:Stockholm Palace at night.jpg|Кралски двор
Слика:Stureplan 1938.jpg|Плоштад „Стуреплан“ од 1938. година
Слика:Hoghus 1-5 2007a.jpg|Хоторгет блокови 1-5
Слика:Mariatorget - Södermalm - Stockholm0309.jpg|Мариаторгет
Слика:Cronquist 1953.jpg|Ниброплан во Стокхолм од 1953. године
Слика:Strommen 2007a.jpg|Бласиехолмен и хотел "Гранд" во Стокхолм
Слика:Globen Stockholm February 2007.jpg|Ериксон Глобус
Слика:Riksdagen June 2011.jpg|Зграда Риксдаг, Стокхолм
Слика:Drottningholmpalace.jpg|Дворец [[Дротнингхолм]]
Слика:Stockholmspanorama 1928a.jpg|Поглед на Стокхолм од 1928. године
Слика:Stockholm Kungsträdgården (1890-1900).jpg|Парк Кунгстрадгарден сликан помеѓу 1890-1905 година
Слика:Garnisionen, Kontorshus, Stockholm.jpg|Гарнисионен, најдолга работна зграда во Стокхолм
</gallery>
 
== Наводи==
{{reflist|2}}
* <small>[http://www.scb.se/Pages/ProductTables____13001.aspx Среден статистички уред на Шведска - податоци за општините и општинските населби]</small>
 
== Надворешни врски ==
{{wikivoyage|Stockholm}}
 
*[http://international.stockholm.se/ international.stockholm.se Официјална веб-страна на градот Стокхолм - англиски јазик]
*[http://wikitravel.org/en/Stockholm Туристички водич на Стокхолм]
*[http://www.stockholmtown.com/Default.aspx?epslanguage=EN Туристички центар на Стокхолм]
*[http://guidetostockholm.blogspot.se/ Водич низ Стокхолм]
 
{{Главни градови на ЕУ}}
{{Главни градови во Европа}}
{{никулец}}
 
[[Категорија:Стокхолм| ]]
[[Категорија:Градови во Шведска]]