Борис Пастернак: Разлика помеѓу преработките

руски поет и белетрист
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: мини|лево|Борис Пастернак {{во изработка}} ==Биографија==...
(нема разлика)

Преработка од 15:46, 20 јануари 2014

Податотека:Boris Pasternak cropped.jpg
Борис Пастернак

Биографија

Борис Леонидович Пастернак (10 февруари 1890, Москва - 30 мај 1960, Переделкино, Русија), е руски поет и белетрист од еврејско потекло, добитник на Нобеловата награда за литература во 1958 година за инзвонредните дострели во современата лирска поезија и на полето на великата руска епска традиција. Тој беше принуден да се откаже од наградата иако првобитно ја прифати; потоа стана жртва на политичка кампања во која романот „Доктор Живаго“ му беше забранет во СССР. Син е на уметникот Леонид Пастернак и на пијанистката Роза Кауфман.[1]

Почеток и дела

Во 1912 година во Марбург, Германија, Пастернак се зближува со фотуристите од групата „Центрифуга“ - објавува книга стихови „Еден близнак во облаците“ (1914). Поезијата му се одликува со висока поетска култура. Започнува со филозофска лирика под влијанието на симболизмот - „Второ раѓање“ (1932), во која го отфрлува револуционерното насилство. Во историскореволуционерните епски поеми го егзалтира револуционерното себеодречување - „Деветстотини и петтата година“ (1927), „Поручникот Шмит“ (1927). На тоа револуционерно себеодречување во своите автобиографски раскази тој ја противставува својата поетска душевност, жедна за живот во сегашноста и непријателска на насилството - „Воздушни патишта“ (1924) „Спекторски“ (1931). Навечер како аполитичен, се зафаќал со преоди - преведувал творби од Вилијам Шекспир, Јохан Волфганг Гете, Пол Верлен и др.[1] Со тематиката од Втората Светска војна се збирките стихови „Со раните возови“ (1943) и „Земско пространство“ (1945), како и романот „Доктор Живаго“ (1957) - за трагичните колизии на револуцијата и на граѓанската војна..[1]

Наводи

категотија: Добитници на Нобелова награда

  1. 1,0 1,1 1,2 Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2009