Ласер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
Во [[1916]], [[Алберт Ајнштајн]] ги постави темелите за пронаоѓањето на ласерот и неговиот претходник, [[масер|масерот]], со револуционерно математичко изведување на Планковиот закон за радијација базиран на концептите на спонтана и поттикната емисија. Теоријата остана заборавена сè до [[Втора Светска војна|Втората Светска војна]].
 
Во [[1953]], [[Чарлс Таунс]] и неговите студенти Џејмс Гордон и Херберт Цајгер го создадоа првиот масер, направа која функционираше на сличен начин како и ласерот, но создаваше микробраново наместо оптичко зрачење. Таунсовиот масер не беше способен за непрекинато зрачење, односно беше непостојан. [[Николај Басов]] и [[Александар Прохоров]] од [[СССР]] работеа независно на квантниот осцилатор и го решија проблемот на системите со непрекината емисија со користење на повеќе од две енергетски нивоа. Овие системи можеа да ослободуваат непрекината поттикната емисија без да паднат до основното ниво Е0, така зачувувајќи ја инверзната населеност - бројот на поттикнати фотони е поголем во возбудена состојба . Таунс, Басов и Прохоров ја поделија Нобеловата награда за физика во [[1964]] за „фундаментална работа на полето на [[квантна електроника|квантната електроника]], која доведе до создавањето на осцилатори и засилувачи базирани на принципот ласер-масер“.
Во [[1957]] Чарлс Таунс и [[Артур Леонард Шаулоу]], кој работеше во Бел лабараториите, започнаа сериозно испитување на инфра-црвениот масер. Како што се развиваа идеите, инфра-црвените фреквенции беа напуштени, и наместо нив се фокусираа на видливата светлина. Концептот беше изворно наречен „оптички масер“. Бел лабараториите поднесоа пријава за патент за нивниот предложен оптички масер подоцна таа година.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ласер