Разлика помеѓу преработките на „Ласер“

Додаден 11 бајт ,  пред 6 години
 
Во [[1953]], [[Чарлс Таунс]] и неговите студенти Џејмс Гордон и Херберт Цајгер го создадоа првиот масер, направа која функционираше на сличен начин како и ласерот, но создаваше микробраново наместо оптичко зрачење. Таунсовиот масер не беше способен за непрекинато зрачење, односно беше непостојан. [[Николај Басов]] и [[Александар Прохоров]] од [[СССР]] работеа независно на квантниот осцилатор и го решија проблемот на системите со непрекината емисија со користење на повеќе од две енергетски нивоа. Овие системи можеа да ослободуваат непрекината поттикната емисија без да паднат до основното ниво Е0, така зачувувајќи ја инверзната населеност - бројот на поттикнати фотони е поголем во возбудена состојба . Таунс, Басов и Прохоров ја поделија Нобеловата награда за физика во [[1964]] за „фундаментална работа на полето на [[квантна електроника|квантната електроника]], која доведе до создавањето на осцилатори и засилувачи базирани на принципот ласер-масер“.
Во [[1957]] Чарлс Таунс и [[Артур Леонард Шаулоу]], кој работеше во Бел лабараториите, започнаа сериозно испитување на инфра-црвениот масер. Како што се развиваа идеите, инфра-црвените фреквенции беа напуштени, и наместо нив се фокусираа на видливата светлина. Концептот беше изворно наречен „оптички масер“. Бел лабараториите поднесоа патент пријава за патент за нивниот предложен оптички масер подоцна таа година.
 
Истовремено, [[Гордон Гулд]], апсолвент на универзитетот Колумбија, работеше на докторатска теза на енергетските нивоа на возбуден талиум. Гулд и Таунс се сретнаа разговараа на општата тема на емисијата на радијација. Во [[1958]] Прохоров предложи отворен резонатор кој стана важен дел од идните ласери. Првото претставување на поимот „ласер“ на јавноста беше во извештајот на Гулд од 1959 насловен "The LASER, Light Amplification by Stimulated Emission of Radiation". Гулд имаше намера зборот „асер“ да претставува [[суфикс]], кој ќе се користи со соодветен префикс за спектарот на светлина емитиран од направата (на пример: ласер со икс зраци = „иксасер“; ласер со ултравиолетови зраци = „увасер“). Никои од другите поими не станаа популарни, иако „расер“ се користи понекогаш за направи кои емитираат радио фреквенции.
 
Гулдовите белешки вклучуваа можни примени за ласер, како на пример [[спектрометрија]], [[интерферометрија]], [[радар]] и [[нуклеарна фузија]]. Тој продолжи да работи на неговата идеја и пополни пријава за патент пријава во април [[1959]]. Американската канцеларија за патенти ја одби и ја додели на Бел лабораториите во [[1960]]. Ова разгоре легална битка која што траеше три декади, со научен престиж и многу пари во игра. Гулд го доби неговиот прв и помал патент во [[1977]], но не беше сè до [[1987]] додека тој не ја доби неговата прва позначајна победа за патент кога судот одлучи тој да добие патент за оптички засилуваните ласери и ласерите со гасно празнење.
 
Првиот фунцкионален ласер беше создаден од [[Теодор Мајман]] во [[1960]] во истражувачките лаборатории Хјуз, во [[Малибу]], [[Калифорнија]], [[САД]], успевајќи во тоа повеќе истражувачки тимови како оној на Таунс во универзитетот Колумбија, и на Шаулоу во Бел лаборатории. Мајман користеше синтетички рубински кристал засилуван од флеш-ламба во цврста состојба за произведување на црвена ласерска светлина со 694 нанометри бранова должина. Но Мајмановиот ласер беше способен само за пулсирачко дејство поради неговите три транзиции на енергетски нивоа. Подоцна во истата година иранскиот физичар [[Али Џаван]], заедно со Вилијам Бенет и Доналд Хериот го направи првиот гасен ласер користејќи хелиум и неон. Џаван подоцна ја доби наградата на Алберт Ајнштајн во [[1993]].
Анонимен корисник