Википедија:Викисредба: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
Следната викисредба ќе се одржи на 15 јануари 2014 година (среда), со почеток во 18:00, во кафе-книжарницата „Магор“ во Скопје ([https://maps.google.com/maps/ms?ie=UTF8&oe=UTF8&msa=0&msid=218190491906618874168.0004d846cfce36bff56d6 карта]), по повод одбележување на 13 години од постоењето на Википедија.
 
=== Потврдено присуство ===
#{{За}}--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 14:54, 12 јануари 2014 (CET)
#{{За}}--[[Корисник:Bjankuloski06|Б. Јанкулоски]] <small>([[Разговор со корисник:Bjankuloski06|разговор]])</small> 15:08, 12 јануари 2014 (CET)
Ред 18:
#{{За}}--[[User:Вик Ретлхед|Вик Ретлхед]] <small>([[User talk:Вик Ретлхед|разговор]])</small> 14:46, 15 јануари 2014 (CET)
 
=== Дискусија ===
 
== Присутни ==
Вики средбата започна во предвиденото време и на предвиденото место. Присутни беа следните википедијанци:
#{{Корисник|Kiril Simeonovski}}
#{{Корисник|Bjankuloski06}}
#{{Корисник|Ehrlich91}}
#{{Корисник|Вик Ретлхед}}
 
== Извештај од средбата ==
Во кафе-книжарницата Магор пристигнав со мало задоцнување, каде што ги затекнав [[Корисник:Bjankuloski06|Бојан]], [[Корисник:Ehrlich91|Тони]] и [[Корисник:Вик Ретлхед|Игор]] кои веќе беа пристигнати. На почетокот, Бојан отвори тема за планирана соработка со неколку институции во врска со македонскиот фолклор. Идејата е да се обезбедат аудио и видео-записи, како и фотографии коишто понатаму би можеле да бидат ставени на располагање на Заедничката Ризница и да послужат за создавање на соодветни содржини на проектите на македонски јазик. Откако ја исцрпивме оваа тема, се префрливме на моментните активности на Википедија и важните работи коишто ни претстојат. Најпрво, сите го пофаливме трудот на корисниците кои вложуваат напори за создавањето на статии за добитници на Нобеловата награда за литература. Понатаму, се разговараше и за средувањето на статии и уредувачките натпревари коишто имаме во план да ги организираме по примерот на натпреварите организирани од страна на Викимедија Србија за средување на статиите на Википедија на српски јазик. Јас напоменав дека ќе мора многу да се внимава во врска со ваквите натпревари, бидејќи истите имаат за цел да се подобри квалитетот на содржините и главната идеја зад нив, секако, би требало да биде поголема вклученост од страна на искусните уредувачи. Бојан додаде дека од особено значење е да се организира натпревар за досоздавање на статии на општи теми, а притоа напоредно да се одржуваат обуки за заинтересирани учесници во врска со уредувањето. За крај, посветивме внимание и на можноста со бот да се создадат статии со коишто скоро би бил надминат бројот од 100.000 статии, што беше отфрлено како лошо и вештачко решение коешто би можело да има негативни ефекти. Но, создавање на нови статии со бот во разумен обем би можело да биде земено предвид. Сите заклучивме, исто така, дека ботот би бил од голема помош во подобрување на категоризацијата и извршувањето на некои техички задачи. Последователно се отвори и темата за бришење на бројните пренасочувања, а Бојан дури предложи и алгоритам според којшто би се бришеле сите пренасочувања кон статии чијшто број на пренасочувања е поголем од пет.
 
По завршувањето на дискусијата во врска со Википедија, започнавме разговор за претстојната конференција во Приштина, којашто овој пат ќе се одржи во два дела, на крајот на февруари и почетокот на март 2014. Јас објаснив како поминав минатата година и кои беа моите задачи на конференцијата како говорник, ментор и член ан жири-комисија, по што се согласивме дека не е проблем да се допатува и учествува на оваа конференција иако не произлеговме со конкретен предлог за тоа кои би биле наши претставници оваа година. Во продолжение на средбата разговаравме за некои други теми, како на пример несоодветните климатски типови коишто постојат според Кепеновата класификација. Си заминавме нешто по 21 часот, а со разговор останавме уште околу петнаесетина минути во непосредна близина на кафе-книжарницата, кога конечно решивме да се оддалечиме.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 18:24, 17 јануари 2014 (CET)
 
<!--{{Википедија:Вики-средба/Претходни средби}}-->
 
{{Викисредби}}
{{Википедија:Вики-средба инфо кутија}}