Анатомија и технички својства на дрвото: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 43:
Незадебелените места на две соседни мембрани на кои се формираат пори, секогаш се во положба едно спроти друго бидејќи размената и транспортот на материите може да се одвива само ако постојаат две вакви незадебелени места или две пори кои се викаат '''пар пори''' во клеточната мембрана. Меѓутоа големината и формата на тие незадебелени места не треба да бидаат секогаш еднакви. Според градбата, формата, големината, бројот и распоредот, разликуваме повеќе видови пори во клеточната мембрана. Кога незадебелените места на секундарната мембрана се во вид на два кружни отвори, преставуваат наједноставниот вид на пори кој е карактеристичен за живите елементи на градбата на дрвото, таквите пори се нарекуваат '''''едноставни пори'''''. Меѓу нив се наоѓа тенка ципа која се нарекува ''мембрана на пората''. Преку мембраната на пората се врши размена и транспорт на материите помеѓу соседните клетки.
Другиот вид на пори, '''''заградени пори''''', се карактеристични за мртвите клетки (елементи) кои ја спроведуваат водата и минералните материи. Кружниот отвор или каналот на заградените пори не е со еднаква ширина. Тој се шири кон внатрешноста спрема мембраната на пората. Кај нив раздвоениот дел на секундарниот слој на мембраната е издигнат и надвиснат над отворот на порите, па затоа тие личаатна ''заградени пори''. Кај трахеидите на раното дрво на четинарите средишниот дел на мембраната на заградените спори е задебелен во вид на ''леќа'' и е наречен '''''торус'''''. Истенчените места од страна на торусот, т.е неговиот периферен дел се нарекува '''''марго'''''. Тој е тенок и пропустлив па затоа преку него се врши размена на материите. Отворот на пората спрема луменот на пората се нарекува '''''порус'''''. Торусот по правило е поголем од порусот. Мембраната на пората зазема симетрична положба помеѓу двете двете заградени пори, односно помеѓу порусите. Еластична е, па торусот на мембраната може да се залепи на внатрешните страни на порусот и да го затвори. Торус имаат само заградените пори на трахеидите на рано четинарите, па кога тие ја губаат спроводната функција опаѓа и функцијата на порите во клеточната мембрана. Либроформските влакненца исто така имаат пори кои се редуцирани на тесни пукнатински отвори без марго или едноставни пори. Помеѓу мртвите клетки се наоѓаатпори кои се несиметрично градени и се нарекуваат едноставни- заградени или полузаградени пори. Незадебеленото место т.е пората може да се наоѓа во една мембрана.
Бројот, големината ираспоредот на порите се менува кај исти клетки во зависност од видот на дрвото и климатските услови. Бидејќи типот на порите во клеточната мембрана е постојан и карактеристичен за секој вид клетка, тие служаат како елемент при распознавањето и идентификацијата на видот на клетката.
 
==Елементи на градба на дврвото==