Анатомија и технички својства на дрвото: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 38:
Надворешните и внатрешните слоеви се тешко видливи, додека средишниот дел ја сочинува главната маса на секундарната мембрана. Tаа не е со еднаква градба како примарната мембрана. Некои слоеви меѓусебно се разликуваат по физичката градба, хемискиот состав и по содржината на водата. За запознавање на функцијата на клетките во живото стебло потребно е да се разликуваат два вида на мембрана: примарна и секундарна.
====Пори====
[[Податотека:Image-Hard Soft Wood.jpg|мини|Слики на СЕМ прикажуваат присуство на пори кај трвдото дрво (даб, горе) и нивно отсуство кај меките дрва (бор, долу)]]
Незадебелените места на клеткините мембрани преку кои се одвива размената на материи меѓу соседните клетки, се нарекуваат [[пори]]. Настануваат во периодот на растење и задебелување на клеточната мембрана.
<br/>Младите штотуку настанати клетки, меѓусебно се поврзани со тенки нишки на цитоплазмата, кои се нарекуваат плазмодеми. Преку нив се врши размена на материи помеѓу соседните клетки. Ги има само во примарната мембрана, која има еднообразна структура. Кога започнува формирањето на секундарната мембрана, доаѓа до [[здрвенување]] (лигнификација) на клеткината мембрана. За да се прекине врската помеѓу соседните клетки, клеткината мембрана задебелува само на некои места, со што секундарната мембрана не се формира непрекинато. На примарната мембрана остануваат незадебелени места, преку кои соседните клетки и понатаму комуницираат. Тие места се зачетоци на порите во клеткината мембрана и се нарекуваат примарни полиња на порите. Во секое од примарните полиња, може да се развие една или повеќе пори во клеткината мембрана.