Анатомија и технички својства на дрвото: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
MeshNumber = |

Основните елементи кои ги изградуваат сите [[живи организми]] се нарекуваат клетки. Според тоа и дрвото како жив растителен организам го градаат разни видови на клетки и ткива и тие му даваат обележја на градбата на дрвото.

Градбата на дрвото може да се запознае на карактеристичните пресеци на дрвото, врз основа на карактеристиките на поедините видови клетки.

Обликот и големината на клетките, како и специфичните обележја на допирните места преку кои се одвива размената на [[материи]] помеѓу [[клетките|клетка]] и [[ткивата|ткиво]], можаат да се видаат кога издвоените клетки се гледаат под [[микроскоп]]. Во првиот дел ќе бидаат изложени општите карактеристики на клетките како основни градежни единки, а потоа карактеристиките на пооделните видови клетки.
==Градба на дврото==
===Облик и димензии===
Сите клетки настануваат со делење на творното ткиво. Во почетокот се малечки, еднолични и со правилен облик. Со растењето се зголемуваат и го прилагодуваат својот облик според положбата и функцијата на живото [[стебло]]. Кога клетката ќе порасне, не го менува понатаму својот облик и големина.

Според обликот разликуваме два вида клетки на дрвото и тоа:
*'''Изодијаметричните клетки''', кои по обликот личаат на [[тула]]. Имаат две димензии приближно еднакви, а третата им е еднаква или па неколку пати поголема од првите две. Тие се најчесто живи клетки, клетки на паренхимот, служаат за спроведување на органскитееорганските материи или за чување на резервни материи.
*'''Прозенхимските клетки''', со изразито издолжен облик и шилести краеви, меѓу кои спаѓаат дрвенести влакненца, [[трахеи]] и [[трахеидите|трахеиди]]. Тие се мртви клетки кои ја спроведуваат [[водата|вода]] или служаат за зацврстување на дрвото.

Димензиите на клетките, нивната должина, ширина(пречник), широчина на отворот како и дебелината на мембраните се многу различни. Бидејќи клетките се многу мали, нивните димензии се изразуваат во микрометри(ựm).
===Делови на клетката===
На клетката разликуваме клеткин ѕид или мембрана и клеткин простор, кој кај живите организми е исполнет со клеточна содржина наречена [[протоплазма]].
Многу клетки кога потполно ке се развијаат ја губаат клеточната содржина. Тогаш клетката се состои само од клеточна мембрана и внатрешна празнина или лумен на клетката. [[Луменот|лумен]] на клетката може да биде исполнет со [[вода]] или [[воздух]].

[[Клеточната мембрана|клеточна мембрана]] е ципа или ѕид со која клетката е одвоена од другите соседни клетки.

Младите клетки имаат тенка мембрана, која е еластична и пропустлива за вода и растителни сокови. Во текот на растењето и развојот на клетката, расте и задебелува клеточната мембрана.

Мембраната на потполно израснатите мртви клетки се состои од повеќе слоеви. На напречниот пресек на механичките елементи, се разликиваат следниве слоеви:
:* примарна мембрана или примарен слој;
:* секундарна мембрана или секундарен слој.

Клетката од соседниотсоседната слојклетка ја одделува меѓуклеточен слој или средишна ламела. Средишната ламела и примарната клетка имаат еднаква градба. Волуменското учество на овие слоеви во градбата на дрвото е сосема мало и не влијае на својствата на дрвото како материја. Тие се битни за растењето и формирање на клетката.

Дрвната маса ја сочинуваат повеќе слоеви на секундарните мембрани, кои кај некои клетки можаат да бидаат многу делеби и со сосема мали отвори(лумени) на клетките.
Секундарната мембрана се состои од три слоеви или подслоеви:
* Надворешен;
* Среден;
* Внатрешен.
Надворешните и внатрешните слоеви се тешко видливи, додека средишниот дел ја сочинува главната маса на секундарната мембрана. Tаа не е со еднаква градба како примарната мембрана. Некои слоеви меѓусебно се разликуваат по физичката градба, хемискиот состависостав и по содржината на водата. За запознавање на функцијата на клетките во живото стебло потребно е да се разликуваат два вида на мембрана: примарна и секундарна.
====Пори====
Незадебелените места на клеткините мембрани преку кои се одвива размената на материи меѓу соседните клетки, се нарекуваат [[пори]]. Настануваат во периодот на растење и задебелување на клеточната мембрана.

Младите штотуку настанати клетки, меѓусебно се поврзани со тенки нишки на цитоплазмата, кои се нарекуваат плазмодеми. Преку нив се врши размена на материи помеѓу соседните клетки. Ги има само во примарната мембрана, која има еднообразна структура. Кога започнува формирањето на секундарната мембрана, доаѓа до [[здрвенување]] (лигнификација) на клеткината мембрана. За да се прекине врската помеѓу соседните клетки, клеткината мембрана задебелува само на некои места, со што секундарната мембрана не се формира непрекинато. На примарната мембрана остануваат незадебелени места, преку кои соседните клетки и понатаму комуницираат. Тие места се зачетоци на порите во клеткината мембрана и се нарекуваат примарни полиња на порите. Во секое од примарните полиња, може да се развие една или повеќе пори во клеткината мембрана.

==Елементи на градба на дврвото==