Анатомија и технички својства на дрвото: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
}}
Основните елементи кои ги изградуваат сите живи организми се нарекуваат клетки. Според тоа и дрвото како жив растителен организам го градаат азни видови на клетки и ткива и тие му даваат обележја на градбата на дрвото. Градбата на дрвото може да се запознае на карактеристичните пресеци на дрвото, врз основа на карактеристиките на поедините видови клетки. Обликот и големината на клетките, како и специфичните обележја на допирните места преку кои се одвива размената на материи помеѓу клетките и ткивата, можаат да се видаат кога издвоените клетки се гледаат под микроскоп. Во првиот дел ќе бидаат изложени општите карактеристики на клетките како основни градежни единки, а потоа карактеристиките на пооделните видови клетки.
==Градба на дврото==
===Облик и димензии===
Сите клетки настануваат со делење на творното ткиво. Во почетокот се малечки, еднолични и со правилен облик. Со растењето се зголемуваат и го прилагодуваат својот облик според положбата и функцијата на живото стебло. Кога клетката ќе порасне, не го менува понатаму својот облик и големина. Според обликот разликуваме два вида клетки на дрвото и тоа:
*'''Изодијаметричните клетки''', кои по обликот личаат на тула. Имаат две димензии приближно еднакви, а третата им е еднаква или па неколку пати поголема од првите две. Тие се најчесто живи клетки, клетки на паренхимот, служаат за спроведување на органскитее материи или за чување на резервни материи.
*'''Прозенхимските клетки''', со изразито издолжен облик и шилести краеви, меѓу кои спаѓаат дрвенести влакненца, трахеи и трахеидите. Тие се мртви клетки кои ја спроведуваат водата или служаат за зацврстување на дрвото.
<br/>Димензиите на клетките, нивната должина, ширина(пречник), широчина на отворот како и дебелината на мембраните се многу различни. Бидејќи клетките се многу мали, нивните димензии се изразуваат во микрометри(ựm).
===Делови на клетката===
На клетката разликуваме клеткин ѕид или мембрана и клеткин простор, кој кај живите организми е исполнет со клеточна содржина наречена протоплазма.
Многу клетки кога потполно ке се развијаат ја губаат клеточната содржина. Тогаш клетката се состои само од клеточна мембрана и внатрешна празнина или лумен на клетката. Луменот на клетката може да биде исполнет со вода или воздух.