Grand Theft Auto V: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Заговор: граматички, синтаксички и правописни поправки.
→‎Заговор: Фарго водеше кон погрешно вики - Фарго е град во Северна Дакота.
Ред 35:
 
== Заговор ==
Девет години години по неуспешниот грабеж во Лудендорф, Северен Јанктон – фиктивно место кое се базира на периферијата на [[Фарго (град)|Фарго]], [[Северна Дакота]] – Мајкл Таунлеј живее во Лос Сантос со неговото семејство, но сега под [[псевдоним|псевдонимот]] Мајкл де Санта. Френклин Клинтон, кој работи во едно автомобилско застапништво заедно со неговиот најдобар пријател Ламар Давис, од неговиот шеф добил наредба,поради нередовно плаќање сметки, да го врати автомобилот што Џемјс де Санта го купил предходно. Мајкл кога ќе сфати дека син му купил автомобил без негова дозвола, знаејќи дека ќе биде одземен, се скрил во автомобилот. На пат кон автомобилското застапништво, Мајкл му се спротиставува на Френклин и го принудува со возилото да влезе во зградата, возејќи низ стаклото. Таму Мајкл доаѓа во конфротација со Симон, шефот на Френклин, физички го напаѓа велејќи му дека е измамник и дека бара премногу пари за возилото. Поради ова Френклин ќе биде отпуштен, но се спријателува со Мајкл. Неколку дена подоцна, Мајкл ќе сфати дека неговата сопруга има релација со нивниот тениски тренер. Заедно со Френклин го бркаат тренерот и ја разурнуваат куќата во која се крие, уништувајќи го единствениот столб врз кој се потпира. Но куќата не била на тренерот, тој се криел само во неа, таа припаѓала на Мартин Мадразо, голем човек во мексиканската мафија. Мадразо му побара 2.5 милиони долари како надомест за штетата што Мајкл ја направил, а единствен начин за да ги врати тие пари е да го одложи неговото пензионирање. Стапува во контакт со Лестер Крест, негов поранешен соработник и пријател. Се согласуваат да ја ограбат најпознатата и најскапата златарница во Лос Сантос. Излегувајќи од продавницата Мајкл му се заканува на еден обезбедувач велејќи му: ''„секојдневно забораваш илјадници нешта, нека биде и ова едно од нив“''. Во репортажа од Weasel News – фиктивна новинарска агенција, радио и телевизиски канал во играта базирана на [[Fox News]] – очевидците на грабежот опишуваат што виделе, а меѓу нив бил и обезбедувачот кој ги цитирал зборовите на Мајкл. Тревор Филипс, гледајќи ја оваа репортажа на телевизија се потсети на моментот кога Мајкл Таунлеј ги кажа овие зборови во Лудендорф, за време на неуспешниот грабеж. Во Тревор се будат убави чуства потсетувајќи се на неговото пријателство со Мајкл, но и чуства на омраза бидејќи се до тој момент мислел дека Мајкл бил убиен од полицијата во Лудендорф, а Мајкл всушност бил жив и живеел во Лос Сантос. На еден негов пријател за задача му дава да го бара Мајкл Таунлеј во Лос Сантос, но единствената личност со такво име е осумдесет и осум годишник. Има уште една личност во Лос Сантос во четириесетите години, Мајкл де Санта, чии податоци се совпаѓале со тие на Мајкл Таунлеј – пријателот на Тревор.
Повторното појавување на Тревор во животот на Мајкл со себе носи големи последици. Мајкл почнува да се однесува несовесно и каприциозно. Ваквото однесување го предизвикува неговото семејство да се одалечи од него. Но и животите на Тревор и Френклин исто така почнуваат да излегуваат надвор од контрола. Френклин е вознемирен од начинот на кој Ламар паѓа под влијание на Харолд Јосеф, поранешен негов ривал. Тревор во обид да ја консолидира продажбата на [[метамфетамин]], предизвикува војна во подземјето со латино – американски улични банди и Тријадата – кинеска криминална организација.
Мајкл е принуден да изврши неколку задачи на [[федерално истражно биро|ФИБ]] агентите Дејв Нортон и Стив Хајнс со цел да ја спречат работата на ИАА – фиктивна тајна организација која се базира на [[централна разузнавачка агенција|CIA]]. Доколку Мајкл тоа не го направи, постојат големи шанси да биде откриена неговата тајна. Со помош на Тревор, Френклин и Лестер, заедно напаѓаат транспорт на пари наменети за фондови на ИАА и ограбуваат банка во која се наоѓа платниот список на сите корумпирани државни службеници во Лос Сантос. Хајнс знае дека има оставено траги зад себе за сите негови дела и затоа на Мајкл за последна задача му дава да ги избрише сите негови податоци од серверите на ФИБ. Мајкл веднаш прифаќа знаејќи дека сега ќе може да го отфрли влијанието на Хајнс од него, бришејќи го и неговото досие. Откако ќе завршат со ова, почнуваат со подготовки да ја ограбат централната зграда на Union Depository – банка во Лос Сантос.