Дигитална претплатничка линија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{DSL технологии}}
'''Дигитална претплатничка линија''', ДПЛ, ([[англиски|англ:]] '''DSL''' ''Digital Subscriber Line'') е фамилија на технологии која овозможува дигитална размена на податоци преку постоечките бакарни жици на локалната телефонска мрежа. Во телекомуникацискиот маркетинг, терминот ДПЛ (DSL) се сфаќа како асиметрична дигитална претплатничка линија (АДПЛ) која е најзастапената ДПЛ технологија. ДПЛ услугатуслугата се обезбедува истовремено со жичната телефонска услуга преку истата телефонска линија. Тоа е можно заради тоа што ДПЛ ги користи повисокоте фреквентни опсези. Во просториите на корисникот се инсталира ДПЛ филтер на не-ДПЛ излезите за да се блокира интерференцијата од високите фреквенции и да се овозможи истовремено користење на говорната и ДПЛ услугата.
 
За воспоставување на ДПЛ линија потребен е [[ДПЛ модем]]. Брзината на преземање на податоци (''download'') се движи од 256 kbit/s до 100 Mbit/s во зависност од тоа каква e технологијата која се користи, карактеристиките на линијата и нивото на понудената услуга. Кај асиметричниот начин на праќање и примање на податоци ([[АДПЛ]]) брзината на праќање (upload) е помала од брзината на преземање, додека кај симетричниот начин ([[SDSL]]) брзините се исти. Ако се зголемува одалеченоста од централата нивото на сигналот во бакарната жица опаѓа, така што корисникот кој се наоѓа подалеку од централата нема да ја има посакуваната брзина или во најлош случај ДПЛ нема да може да работи. Максималната оддалеченост на АДПЛ е 5,5 км.