Grand Theft Auto V: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
граматичка промена( и - ѝ)
Нов наслов: Заговор
Ред 33:
=== Grand Theft Auto Online ===
На 1 октомври 2013 се појави мултиплеер модот за GTA V. Во овој мод можат најмногу 16 играчи истовремено да играат на еден [[сервер]]. Покрај одложувањето, овој мод имаше технички проблеми при што многу играчи не можеа да се конектираат кон серверите. Како компензација, Rockstar Games на секој играч му додели 500 илјади долари во играта.
 
=== Заговор ===
Девет години години по неуспешниот грабеж во Лудендорф, Северен Јанктон – фиктивно место кое се базира на периферијата на [[Фарго]], [[Северна Дакота]] – Мајкл Таунлеј живее во Лос Сантос со неговото семејство, но сега под [[псевдоним|псевдонимот]] Мајкл де Санта. Френклин Клинтон, кој работи кај едно автомобилско застапништво заедно со неговиот најдобар пријател Ламар Давис, од неговиот шеф доби наредба,поради нередовно плаќање сметки, да го врати автомобилот што Џемјс де Санта го купи. Мајкл кога ќе сфати дека син му купил автомобил без негова дозвола, знаејќи дека ќе биде одземен, се скрил во автомобилот. На пат кон автомобилското застапништво, Мајкл му се спротиставува на Френклин и го принудува со возилото да влезе во зградата, возејќи низ стаклото. Таму Мајкл доаѓа во конфротација со Симон, шефот на Френклин, физички го напаѓа велејќу му дека е измамник и дека бара премногу пари за возилото. Поради ова Френклин ќе биде отпуштен, но се спријателува со Мајкл. Неколку дена подоцна, Мајкл ќе сфати дека неговата сопруга има релација со нивниот тениски тренер. Заедно со Френклин го бркаат тренерот и ја разурнуваат куќата во која се крие, уништувајќи го единствениот столб врз кој се потпира. Но куќата не била на тренерот, тој се криел само во неа, таа припаѓала на Мартин Мадразо, голем човек во мексиканската мафија. Мадразо му побара 2.5 милиони долари како надомест за штетата што Мајкл ја направил, а единствен начин за да ги врати тие пари е да го одложи неговото пензионирање. Стапува во контакт со Лестер Крест, негов поранешен соработник и пријател. Се согласуваат да ја ограбат најпознатата и најскапата златарница во Лос Сантос. Излегувајќи од продавницата Мајкл му се заканува на еден обезбедувач велејќи му: ''„секојдневно забораваш илјадници нешта, нека биде и ова едно од нив“''. Во репортажа од Weasel News – фиктивна новинарска агенција, радио и телевизиски канал во играта базирана на [[Fox News]] – очевидците на грабежот опишуваат што виделе, а меѓу нив бил и обезбедувачот кој ги цитирал зборовите на Мајкл. Тревор Филипс, гледајќи ја оваа репортажа на телевизија се потсети на моментот кога Мајкл Таунлеј ги кажа овие зборови во Лудендорф, за време на неуспешниот грабеж. Во Тревор се будат убави чуства потсетувајќи се на неговото пријателство со Мајкл, но и чуства на омраза бидејќи се до тој момент мислел дека Мајкл бил убиен од полицијата во Лудендорф, а Мајкл всушност бил жив и живеел во Лос Сантос. На еден негов пријател за задача му дава да го бара Мајкл Таунлеј во Лос Сантос, но единствената личност со такво име е осумдесет и осум годишник. Има уште една личност во Лос Сантос во четириесетите години, Мајкл де Санта, чии податоци се совпаѓаат со тие на Мајкл Таунлеј – пријателот на Тревор. Повторното појавување на Тревор во животот на Мајкл со себе носи големи последици. Мајкл почнува да се однесува несовесно и каприциозно. Ваквото однесување го предизвикува неговото семејство да се одалечи од него. Но и животите на Тревор и Френклин исто така почнуваат да излегуваат од контрола. Френклин е вознемирен од начинот на кој Ламар паѓа под влијание на Харолд Јосеф, поранешен негов ривал. Тревор во обид да ја консолидира продажбата на [[метамфетамин]], предизвикува војна во подземјето со латино – американски улични банди и Тријадата – кинеска криминална организација.
Мајкл е принуден да изврши неколку задачи на [[федерално истражно биро|ФИБ]] агентите Дејв Нортон и Стив Хајнс со цел да ја спречат работата на ИАА – фиктивна тајна организација која се базира на [[централна разузнавачка агенција|CIA]]. Доколку Мајкл тоа не го направи, постојат големи шанси да биде откриена неговата тајна. Со помош на Тревор, Френклин и Лестер, заедно напаѓаат транспорт на пари наменети за фондови на ИАА, ограбуваат банка во која се наоѓа платниот список на сите корумпирани државни службеници во Лос Сантос. Хајнс знае дека има оставено траги зад себе за сите негови дела и затоа на Мајкл за последна задача му дава да ги избрише сите негови податоци од серверите на ФИБ. Мајкл веднаш прифаќа знаејќи дека сега ќе може да го отфрли влијанието на Хајнс од него, бришејќи го и неговото досие. Откако ќе завршат со ова, почнуваат со подготовки да ја ограбат централната зграда на Union Depository – банка во Лос Сантос.
Во меѓувреме семејството на Мајкл се враќа кај него дома, но Тревор открива дека Бред, пријател на Мајкл и Тревор и соучесник во Лудендорф, бил убиен уште пред девет години. Чуствувајќи се излажен од Мајкл и од Дејв , кој во име на Бред му праќал [[електронско писмо|e–маил]] пораки, се упатува кон Лудендорф за да го отвори гробот на Мајкл. Таму се случува и тоа што го помислил, го најде Бред во гробот.
Кога Мајкл и Дејв ќе бидат нападнати од ФИБ и АИИ агенти и Мериведер војници, Тревор ќе им помогне на Мајкл и Дејв, тврдејќи дека само тој има право да го убие Мајкл. Покрај тоа што не му прости на Мајкл, Тревор се согласува да учествува во грабежот на Union Depository. Грабежот ќе биде успешен, но Френклин доаѓа под меѓу два огна: Хајнс кој го убедува да го убие Тревор, и Вестон кој го принудува да го убие Мајкл. Френклин има и трета можност, а тоа е заедно со Мајкл и Тревор да им се спротивстават на сите нивните ривали. Со сите нивните ривали мртви и доволно пари за живеење се согласуваат да престанат да работат заедно, но да останат пријатели.
 
== Надворешни линкови ==