Универзитет Браун: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Универзитетот Браун''' ({{lang-en|Brown University}}) е седма најстара [[високообразовна институција]] во [[САД|Сооединетите Американски Држави]]. Тој е основан во [[1764]] година како ''Колеџ во англиската колонија Род Ајленд и Провиденските Плантажи'' ({{lang-en|College in the English Colony of Rhode Island and Providence Plantations}}), а сегашното име го добива во [[1804]] година во чест на [[Николас Браун Џуниор]].
 
Браун се наоѓа во [[главен град|главниот град]] на државата [[Род Ајленд]], [[Провиденс]] и е еден од осумте [[член]]ови на елитната [[Бршленова лига]]. Овој универзитет се концентрира на квалитетни [[додипломски студии]], но исто така вложува и во [[постдипломски студии|постдипломски програми]]. Па, покрај [[Колеџот]] во кој учат сите додипломци, останатите училишта во склоп на универзитетот ги вклучуваат и [[Алперт Ворен медицинското училиште]], [[Училиште за инженерство - универзитет Браун|Училиштето за инженерство]], [[Училиште за јавно здравје - универзитет Браун[|Училиштето за јавно здравје]] и [[Училиште за постдипломски студии - универзитет Браун|Училиштето за постдипломски студии]].
 
Моментално на универзитетот Браун студираат 8540 студенти, од кои 6133 се додипломци. Наставничкиот кадар вклучува повеќе од 710 редовни членови, меѓу кои и еден [[Нобелова награда|Нобеловец]], [[професор]]от [[Леон Купер]]. [[Ректор|Ректорската функција]] ја извршува професорот по [[економија]] и [[јавни политики]], [[Кристина Хал Паксон]].