Разлика помеѓу преработките на „КБ Прво пензиско друштво“

нема опис на уредувањето
 
Република Македонија е една од земјите со мошне трауматичен пат низ транзицијата кон пазарно стопанство, во која пензискиот систем забележа тешки контракции како резултат на општиот пад на економијата. Транзиционата економска криза ги потенцираше постојните „празнини” на пензискиот систем, & се закани на финансиската одржливост на системот, го зголеми степенот на редистрибуција и придонесе за слабеење на врската меѓу височината на придонесите и идните износи на пензиите. Тоа, постапно, доведе до опаѓање на довербата на осигурениците во врска со сигурноста на пензиите што еден ден треба да им бидат исплатувани, а стимулираше и омасовување на појавата на евазија на плаќањата на пензискиот придонес или затајување на реалните плати на осигурениците. Од друга страна, големиот број предвремено пензионирани лица, како и растечкиот број на невработени во последната деценија, уште повеќе го изострија прашањето на одржливост на пензискиот систем заснован на принципот на генерациска солидарност. Односот меѓу бројот на пензионерите и бројот на осигурениците станува сe понеповолен, а исплатата на идните пензии се доведува во прашање.<ref> [http://www.mtsp.gov.mk/?ItemID=682DD19B3BD7BD498CB69A5C3C863E45 Министерство за труд и социјална политика] </ref>
 
Реформата во пензискиот систем во Република Македонија се воведе со цел да обезбеди материјална и социјална сигурност за сегашните и идните пензионери на долг рок. Ваков тип на реформа беше неопходен во пензиското осигурување од причина што стариот - едностолбен систем во државата, организиран според принципот на “генерациска солидарност” наиде на сериозни проблеми во своето функционирање и се наметна прашање дали ќе може да опстои на начин на кој опстојуваше.
Заради целокупните социо-економски случувања во периодот на почеток на транзицијата, а и подоцна, во Република Македонија се случија големи промени во стопанството на кои не остана имун ниту пензискиот систем. Бројот на активни осигуреници во голема мера се намали, животниот век на човекот беше се подолг и сеуште се продолжува, а бројот на пензионери кои користат пензија се зголеми. Од причина што соодносот помеѓу осигурениците и пензионерите се намали, принципот на тековно финансирање (сегашни осигуреници плаќаат за сегашни пензионери) почна да се соочува со сериозни проблеми.
Анонимен корисник