Гинтер Грас: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
Грас бил четвртиот германски писател - добитник на [[Нобеловата награда за литература]]. Пред него добитници биле - [[Томас Ман]] (1929), Нели Закс (1966) и [[Хајнрих Бел]] (1972).„Веста дека ја добив Нобеловата награда не ме шокира, туку ме израдува и се почувствував горд. Во оваа прилика сакам да ги повикам моите непријатели да не ги грицкаат ноктите, туку да ми се приклучат во големата работа“, била првата реакција на Грас.<ref name="a">Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола,2010</ref>
==Биографија==
Потекнувал од полско-германски родители. Образованието го започнал во Народното училиште во Данцинг, каде што завршил гимназија. Во 1930 година ѝ се приклучил на младината на [[Хитлер]] и на 16-годишна возраст заминал во [[војска]]. Во 1945 година бил ранет, а потоа бил заробен од сојузничката [[војска]]. Во 1946 година работел во фирмите и рудниците за [[калај]]. [[Сликарство]] и [[вајарство]] на Академијата во [[Дизелдорф]] почнал да студира во 1948 година, а од 1953 до 1955 година студиите ги продолжил во [[Западен Берлин]] на Државната академија за фини уметности. Во 1954 година се оженил со Ана Маргарета Шварц, во 1978 година со неа се развел, а во 1979 година се оженил со Уте Грунерт. Грас работел и живеел во повеќе места - во [[Париз]], во [[Берлин]], во [[Индија]], а од 1986 година живеел во Белендорф, мало село во околината на [[Либек]]. Во подоцнежните години Грас се вклучил во политичкиот живот на [[Германија]]. Бил близок соработник на поранешниот канцелар [[Вили Брант]]. Во 1982 година станал и формално член на Социјалдемократската партија на Германија.
Литературното дело на Грас ја обележало повоената епоха на [[Германија]]. Тој важел за една од најконтроверзните личности на повоената германска [[историја]], но се сметал и за еден од најжестоките критичари на германското [[општество]]. Бил [[претседател]] на Академијата за уметност во Западен [[Берлин]], почесен доктор на [[универзитет]]ите во [[Харвард]], Позан и [[Гдањск]].<ref name="a"/>
==Творештво==
Грас имал напишано повеќе од 50 [[книги]]: романи, збирки, [[поезија]], драми, [[есеи]] и либрета за [[балет]]. Покрај [[Нобелова награда за литература|Нобеловата награда за литература]] тој бил добитник и на бројни [[германски]] и меѓународни награди.<ref name="a"/>
==Дела==
Меѓу првите негови дела спаѓала збирката песни „Илјадници“. Во неговото книжевно творештво најголем акцент е дадено на првиот [[роман]] „Лимениот барабан“ (1959). Потоа следувале романот - [[новела]] „Мачка и глушец“ (1961), романот „Кучешки години“ (1963), романот „Плебејците се обидуваат да скренат востание“ (1966). Во поновите остварувања се вбројуваат - „Широко поле“ (1992) и личната хронологија наречена „Мојот век“ (1999). Во издание на Книгоиздателството „Детска радост“, во [[2000]] година бил објавен на [[македонски јазик]] (во превод на Димитар Гацов) романот „Мојот век“.<ref name="a"/>