Гинтер Грас: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
 
[[Податотека:Günter Grass auf dem Blauen Sofa.jpg|мини|десно|Гинтер Грас]]
'''Гинтер Грас''', ([[1927]], Данцинг, денешен [[Гдањск]], [[Полска]] - живеел во Белендорф), [[германски]] [[писател]], интелектуалец, [[уметник]] и борец за [[човекови права]], добитник на [[Нобеловата награда за литература |Нобеловата награда за литература]] во 1999 година. Тој бил [[писател]] кој повеќе од било кој успеал да ја објасни историјата на дваесеттиот век, покажувајќи дека можеби не сме успеале да ја видиме нејзината позадина со доволно изострен поглед, се велело во образложението на [[Шведска академија|Шведската академија]].
 
Грас бил четвртиот германски писател - добитник на [[Нобеловата награда за литература]]. Пред него добитници биле - [[Томас Ман]] (1929), Нели Закс (1966) и [[Хајнрих Бел]] (1972).„Веста дека ја добив Нобеловата награда не ме шокира, туку ме израдува и се почувствував горд. Во оваа прилика сакам да ги повикам моите непријатели да не ги грицкаат ноктите, туку да ми се приклучат во големата работа“, била првата реакција на Грас.<ref name="a">Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола,2010</ref>
==Биографија==
Потекнувал од полско-германски родители. Образованието го започнал во Народното училиште во Данцинг, каде што завршил гимназија. Во 1930 година ѝ се приклучил на младината на [[Хитлер]] и на 16-годишна возраст заминал во [[војска]]. Во 1945 година бил ранет, а потоа бил заробен од сојузничката војска. Во 1946 година работел во фирмите и рудниците за [[калај]]. [[Сликарство]] и [[вајарство]] на Академијата во [[Дизелдорф]] почнал да студира во 1948 година, а од 1953 до 1955 година студиите ги продолжил во [[Западен Берлин]] на Државната академија за фини уметности. Во 1954 година се оженил со Ана Маргарета Шварц, во 1978 година со неа се развел, а во 1979 година се оженил со Уте Грунерт. Грас работел и живеел во повеќе места - во [[Париз]], во [[Берлин]], во [[Индија]], а од 1986 година живеел во Белендорф, мало село во околината на [[Либек]]. Во подоцнежните години Грас се вклучил во политичкиот живот на [[Германија]]. Бил близок соработник на поранешниот канцелар [[Вили Брант]]. Во 1982 година станал и формално член на Социјалдемократската партија на Германија.
Литературното дело на Грас ја обележало повоената епоха на [[Германија]]. Тој важел за една од најконтроверзните личности на повоената германска [[историја]], но се сметал и за еден од најжестоките критичари на германското општество. Бил претседател на Академијата за уметност во Западен [[Берлин]], почесен доктор на универзитетите[[универзитет]]ите во [[Харвард]], Позан и [[Гдањск]].<ref name="a"/>
==Творештво==
Грас имал напишано повеќе од 50 книги: романи, збирки, [[поезија]], драми, [[есеи]] и либрета за [[балет]]. Покрај [[Нобелова награда за литература|Нобеловата награда за литература]] тој бил добитник и на бројни [[германски]] и меѓународни награди.<ref name="a"/>
==Дела==
Меѓу првите негови дела спаѓала збирката песни „Илјадници“. Во неговото книжевно творештво најголем акцент е дадено на првиот [[роман]] „Лимениот барабан“ (1959). Потоа следувале романот - [[новела]] „Мачка и глушец“ (1961), романот „Кучешки години“ (1963), романот „Плебејците се обидуваат да скренат востание“ (1966). Во поновите остварувања се вбројуваат - „Широко поле“ (1992) и личната хронологија наречена „Мојот век“ (1999). Во издание на Книгоиздателството „Детска радост“, во [[2000]] година бил објавен на [[македонски јазик]] (во превод на Димитар Гацов) романот „Мојот век“.<ref name="a"/>
==Наводи==
{{наводи}}