Електрична светилка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 9:
За несреќа, овој вид јаглерод тешко се управувал, бидејќи електродите постојано согорувале, а оваа силна светлина може да предизвика оштетување на очите. Сепак, лачните ламби биле употребувани за осветление на улиците или светилниците.<ref name="a"/>
===Пронаоѓање на светилката===
Пронаоѓањето на електричната светилка паралелно се врзува со имињата на двајца научници: американецот [[Томас Алва Едисон]] и британецот [[Џозеф Свон|Џозеф Вилсон Свон]]. Во февруари 1879 година првата светилка што имала жичка од чист јаглерод, затворена во стаклена топка во вакуум ја пронашол [[Џозеф Свон]].<ref name="a"/> Се верува дека Хајнрих Гобел направил функционална светилка три децении претходно, а Александар Николаевич Лодигин развивал електрична светилка речиси во исто време. Иако [[Едисон]] не бил првиот што ја направил светилката, неговиот модел бил пораспространет бидејќи траел подолго и претставувал дел од цел систем за осветление. Едисон се концентрирал на комерцијална употреба и успеал да го рашири новиот концепт по домовите и [[Индустрија|индустријата]] со производство на долготрајни светилки. Светилката на Едисон барала многубројни тестирања со невообичаено голем број обиди, гешки и употреба на 6000 супстанци, додека упорниот истражувач не го открил карбонизираното бамбусово влакно, кое во [[Вакуум|вакуумот]] светело преку 1000 часови. Тоа, од своја страна, водело кон унапредување на [[Генераторите|генераторите на електрична струја]] и го револуционизирало осветлувањето во домаќинствата и јавното снабдување со електрична енергија. Светилката Едисон официјално ја патентирал во 1880г.<ref name="a"/>
====Флуоресцентни светилки====
Флуоресцентните светилки првпат се појавиле во 19 век. Работат на принцип на ослободување на електрицитетот низ гас под низок [[притисок]]. Направени се од стаклена цевка исполнета со инертен гас (пример [[аргон]]) под низик притисок. Струјата што тече низ гасот ја испарува [[Жива|живата]]. Атомите на живата што се судираат со електроните се забрзуваат и потоа испуштаат [[фотони]] на [[ултравиолетова светлина]] кога паѓаат во првобитната положба.<ref name="a"/> Фосфорниот слој на внатрешноста од цевката ја претвора оваа ултравиолетова светлина во бела, видлива светлина. Флуоресцентните светилки се шестпати поефикасни од обичните светилки. Компактните флуоресцентни светилки (КФС) имаат покуса цевка, превиткано спакувана. Флуоресцентните цевки што содржат гас неон честопати се употребуваат за изработка на улични знаци, бидејќи може да бидат изработени во кој било облик или боја, отпорни се на сите временски услови и долго траат. Со порастот на притисокот за намалување на потрошувачката на енергија, претстои еволуција на изворите на вештачка светлина. <ref name="a"/>
====[[Диоди|ЛЕД-светилки]]====
[[Диоди|Диодите]] што испуштаат светлина (ЛЕД) се ефикасни енергетски направи што произведуваат светлина низ полуспроводни диоди. Првпат се појавиле во 1960г., и на почетокот испуштале само црвена, слаба светлина. Денес се многу светли, работат поефикасно од флуоресцентните светилки и не се вжештуваат.Обичните светилки трошат 90 проценти од својата енергија во топлина, па притисокот за штедење енергија со користење на ЛЕД-светилки, наместо обични светилки се повеќе се зголемува.<ref name="a"/>
== Наводи ==