Електрична светилка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
Маслото неможело да гори лесно на ниски температури, а можело да биде запалено од чкорче само ако имало фитил (парче материјал конец или коноп што го впива маслото). Кога до фитилот ќе се доближело запалено чкорче, топлината од пламенот претворало мало количество од маслото во испарлива материја што се запалува. Се мислело дека гасот од јаглен нема вистинска употреблива вредност се додека Вилијам Мудрок не го употребил за да ја осветли својата куќа во Корнвол околу 1799г. Две години подоцна тој ја осветлил целата фабрика Сохо Фаундри во Бирминген, па постепено гасните материјали и гасната светлина почнале да се користат низ Британија.Пламенот на голиот гас бил блед, треперлив и жолт се до 1890г., кога бил претворен во бела светлина со помош на обвивката од гас - мрежа од метални оксиди ставена врз гасот. Но тогаш, електрицитетот почнал да станува достапна алтернатива.<ref name="a"/>
====Електрична лачна ламба====
Електричната батерија била пронајдена од Волта во 1799г., па луѓето насекаде низ Европа почнале да експериментираат со овој нов вид на електрицитет. Хемфри Дејви, кој работел во Лондон околу 1810г., ја измислил лачната ламба. За оваа ламба биле користени две јаглеродни прачки, секоја поврзана со по еден крај од голема батерија. Дејви ги допрел електродите една од друга, со што го скратувал калемот, а потоа ги одделувал по еден милиметар. Електричната струја ја прескокнувала празнината меѓу двете електроди, при што се создавала плазма што силно светела. Оваа појава, нарешена електричен лак, била првиот доказ дека електричната светлост е можна. Со извесни унапредувања, во 1810г., овој пронајдок станал понат како „ламбата на Дејви“.<ref name="a"/>
За несреќа, овој вид јаглерод тешко се управувал, бидејќи електродите постојано согорувале, а оваа силна светлина може да предизвика оштетување на очите. Сепак, лачните ламби биле употребувани за осветление на улиците или светилниците.<ref name="a"/>
===Пронаоѓање на светилката===
Двајца научници се натпреварувале да ја создадат првата светилка: американецот Томас Алва Едисон и британецот Џозеф Вилсон Свон. Во февруари 1879 година првата светилка што имала жичка од чист јаглерод, затворена во стаклена топка во вакуум ја пронашол Џозеф Свон. Иако Едисон не бил првиот што ја направил светилката, неговиот модел бил пораспространет бидејќи траел подолго и претставувал дел од цел систем за осветление.
====Флуоресцентни светилки====
== Наводи ==