Црвени крвни зрнца: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
дополнување
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Redbloodcells.jpg|thumb|150px|right|Црвени крвни клетки (еритроцити)]]
'''Еритроцитите''' се црвените крвни [[Клетка|клетки]]. Тие се едни од [[Формативни елементи на крвта|формативните елементи на крвта]], покрај [[леукоцит]]ите и [[тромбоцит]]ите. Еритроцитите имаат форма двојно вдлабнат диск, со должина од 7- 8 микрони и ширина 2 микрони. Кај човекот тие не содржат [[Клеточно јадро|јадро]] и затоа имаат кус [[живот]]ен век (од 80 до 120 дена). Внатрешноста на еритроцитите е исполнета со т.н. крвен [[пигмент]] [[хемоглобин]] преку кој се пренесува [[кислород]] од [[белите дробови]] до сите делови на телото. По пат еритроцитите ги собираат отпадните материи и ги носат во белите дробови, од каде тие се издишуваат во форма на [[јаглендиоксид]]. Бројот на еритроцитите варира во зависност од [[пол]]от.
 
Бројот на еритроцитите кај човекот изнесува меѓу 4 и 5 милиони во 1mm³ крв. Во одредени услови бројот на еритроцитите се менува. На пример, при престој на места со надморска височина над 2500м, тој се зголемува. За разлика од тоа, при акутни и [[хронични крварења]], како и при болести што се придружени со намалено создавање или зголемено распаѓање на еритроцитите, бројот на еритроцитите се намалува.
Ако нема доволно црвени крвни зрнца, тогаш човек може да се чувствува исцрпен и слаб. Тој може да биде блед и лесно да се заморува затоа што телото не го добива сиот кислород што му е потребен. Недостатокот на еритроцити се вика [[анемија]],[[слабокрвност]].
 
== Градба ==
Кај еритроцитите се разликува [[клеточна мембрана]], [[хемоглобин]] и [[строма]].
 
Мембраната кај еритроцитите е составена од двоен липопротеински сплет. Еритроцитната мембрана е лесно пропустлива за [[вода]] и тоа во двете насоки, пред се во зависност на осмотските услови. Така, ако еритроцитите се во хипертонична средина [[вода]]та излегува од еритроцитите и тие се собираат. Карактеристичната појава на оштетување или разградување на клеточна мембрана на еритроцитите, поради што од нив излегува [[хемоглобин]]от, се нарекува [[хемолиза]].<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование стр.85</ref>
 
== Биохемиски состав ==
Еритроцитите во својот состав најмногу имаат [[вода]] (од 60% до 67%), а содржат и мало количество соли. Од органските соединенија во еритроцитите има [[јаглехидрати]], [[масти]], [[фосфатиди]], [[белковини]]. Од [[белковин]]ите најважен е [[хемоглобин]]от кој претставува 32% од тежината на еритроцитите или над 90% од сувата тежина на еритроцитите.<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование стр.86</ref>
 
Ако нема доволно црвени крвни зрнца, тогаш човек може да се чувствува исцрпен и слаб. Тој може да биде блед и лесно да се заморува затоа што телото не го добива сиот [[кислород]] што му е потребен. Недостатокот на еритроцити се вика [[анемија]],[[слабокрвност]].
 
 
{{никулец}}
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Крв]]