Втор македонски црковно-народен собор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Нова страница: Втор македонски црковно-народен собор
 
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
Трпејќи големи притисоци, поврзани со обновата на [[Охридската архиепископија]] и конечното организационо обновување на [[Македонската православна црква]] од страна на раководството на [[Српската православна црква]], [[Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква]] на [[23 јули]] [[1958]] година, заедно со целокупното свештенство донел одлука за свикување на '''Вториот македонски црковно-народен собор'''. Соборот бил одржан во [[Охрид]], вековното седиште на древната [[Охридска архиепископија]], во [[црквата Света Софија]]. Таму повторно била донесена одлука за обновување на [[Охридската архиепископија]]. Веднаш потоа бил избран [[македонски митрополит]], поглавар на [[Македонската православна црква]], кој ја добил титулата, [[Охридски архиепископ]]. Тоа бил [[Епископот Топлички Доситеј]] по потекло од [[Маврово]]. На крајот од [[Црковно-народниот собор]] е донесен и [[Уставот на Македонската православна црква]], по кој таа се раководи и денеска.
Втор македонски црковно-народен собор
 
[[Архиерејскиот собор на СПЦ]] се согласил со одлуките на [[Македонскиот црковно-народен собор]], во одлуката АС. бр. 47/1959 година и 6/1959 година зап. 57 од 17/4 јуни 1959 година.
 
Одлуката за самостојност на [[МПЦ]] била потврдена преку отслужувањето на заедничка [[архиерејска Литургија]] со [[српскиот патријарх Герман]], на [[19 јули]] [[1959]] година во [[црквата на Свети Мина]] во [[Скопје]], и истовремено е извршена и [[хиротонија]] на [[преспанско-битолскиот владика Климент]]. Со тоа [[Светиот Архиерејски Синод на СПЦ]] и дал самостојност на [[Македонската Православна Црква]]. По неколку дена во [[црквата на Свети Никола во Штип]] е хиротонисан за [[владика на Злетовско-струмичката епархија]] г. Наум. Конечно е конституиран [[Синодот на МПЦ]] според [[Уставот на МПЦ]], како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите.
 
Во мај [[1962]] година во придружба од патријархот Герман, со неколку епископи на [[СПЦ]], во посета на [[МПЦ]] дошол [[Патријархот Московски Алексиј]], придружуван од [[митрополитот Никодим]], [[епископот Пимен]] и повеќе високодостоинственици на [[Руската православна црква]]. На празникот на [[Свети Кирил и Методиј]] во [[црквата на Пресвета Богородица - Каменско во Охрид]] била одржана и [[архиерејска Литургија]], на која што служел [[патријархот Московски Алексиј]], во [[сослужение]] со [[Патријархот Српски Герман]] и [[Архиепископот Охридски]] и [[Митрополит Македонски Доситеј]]. Ова било прво [[сослужување]] на [[поглаварот на МПЦ]] со поглавари на други [[автокефални Цркви]].
 
И покрај мислењето дека [[македонскиот народ]] конечно ќе го реши својот црковен проблем, раководството на [[Српската православна црква]] одново почнала да прави обиди за да го спречи непречениот развој на [[Македонската православна црква]], неизвршувајќи ги преземените обврски, меѓу кои и тоа да ја претстави самостојната [[Македонска православна црква]] пред другите сестрински [[православни цркви]]. [[СПЦ]] и понатаму настојувала одново да ги потчини [[македонските православни епархии]] под целосна своја [[јурисдикција]], не срамејќи се од тоа на каков нецрковен, неканонски и перфиден начин ги присвоила овие наши епархии во [[Првата светска војна]].
 
По ваквото мешање во внатрешните работи на [[Македонската православна црква]] и по неисполнувањето на преземените обврски од страна на [[СПЦ]], [[Светиот архијерејски синод на МПЦ]] бил принуден да го свика [[Третиот македонски црковно-народен собор]].
 
[[Категорија:Македонска Православна Црква]]