Електрична светилка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{во изработка}} =='''Од историјата на светилките'''== Се до пред 200 години светлината од...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{во изработка}}
=='''=Од историјата на светилките'''===
Се до пред 200 години светлината од свеќите била најдобра вештачка светлина. Дури и денес за многу милиони луѓе извор на вештачка светлина претставуваат обичните маслени ламби. Широката употреба на внатрешно и надворешно осветление станала можна тогаш кога научниците успеале да ги совладаат моќите на гасот, а потоа и на електрицитетот, за потоа да пронајдат нов начин за нивна употреба, на пример стаклената светилка.
Да се живее без никакво осветление претставувало голема тешкотија, па затоа користењето на маслени ламби и на свеќи од животинска маст го направило животот полесен за многу луѓе. Пронаоѓањето на гасното осветление на крајот од 18 век го означило значајниот напредок во светлинската технологија, како појавата на електрични ламби на крајот од 19 век.
====Светлина од масло и од гас====
Маслото неможело да гори лесно на ниски температури, а можело да биде запалено од чкорче само ако имало фитил (парче материјал конец или коноп што го впива маслото). Кога до фитилот ќе се доближело запалено чкорче, топлината од пламенот претворало мало количество од маслото во испарлива материја што се запалува. Се мислело дека гасот од јаглен нема вистинска употреблива вредност се додека Вилијам Мудрок не го употребил за да ја осветли својата куќа во Корнвол околу 1799г. Две години подоцна тој ја осветлил целата фабрика Сохо Фаундри во Бирминген, па постепено гасните материјали и гасната светлина почнале да се користат низ Британија.Пламенот на голиот гас бил блед, треперлив и жолт се до 1890г., кога бил претворен во бела светлина со помош на обвивката од гас - мрежа од метални оксиди ставена врз гасот. Но тогаш, електрицитетот почнал да станува достапна алтернатива.
====Електрична лачна ламба====
== Наводи ==
{{наводи}}
[[Категорија:пронајдок]]