Гликемија: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 03:33, 9 јануари 2014

Гликемија е концетрација на глукоза во крвта. Нејзините нормални вредности во човекот се од 80 до 120 mg% (или во новиот SI од 4.44 до 6.66 mmol/l). Кај здрави луѓе речиси и не излегуваат од тие граници, освен за кратко време по долго гладување, физичко напренување или по обилна исхрана со слатки производи. Во одржувањето на гликемијата учествуваат повеќе фактори, од кои најважни се: црн дроб, бубрези, хормони и нервен систем.[1]

Црниот дроб бо кој се чуваат резерви на глукоген, непосредно ја регулира гликемијата. Така, по ресорпцијата и зголеменото ниво на глукоза во крвта таа оди во црниот дроб каде се синтетизира глукоген. Обратно, при зголемено трошење глукоген и глукоза во клетките глукогенот од црн дроб се мобилизира и се добива глукоза која поминува низ крвта. Резервите во црниот дроб не се исцрпуваат ни по долго гладување.

Бубрезите учествуваат во регулирањето на гликемијата преку можноста за целосна реапсорпција на глукозата од бубрежните тубули. При зголемување на содржината над 150-170mg%(15-18mmol/l) еден дел од глукозата не се реапсорбира и се излачува со мочта, појава наречена глукозурија.

Хипергликемија е појава на зголемено ниво на гликемијата. Таа може да е предизвикана од зголемено внесување растворливи јаглехидрати со исхраната, под дејство на нервни фактори, на пример, надразнет симпатикус. И хормоните имаат свое влијание врз појава на хипергликемијата, а со најизразено такво дејство се адреналинот и глукагонот, кои го мобилизираат глукогенот од црн дроб, потоа соматотропниот хормон и гликокортикостероиди кои спречуваат глукозата да влезе во клетките.

Хипогликемијата е намалено ниво на гликемија, се јавува поретко од хипергликемијата, главно при намалено ниво на инсулин во крвта.


Наводи

  1. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 73