Плунковни жлезди: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 16:
 
Дигестивниот сок на овие жлезди е плунката. Дневно излачуваат околу 1 - 1,5 l плунка, во зависност од [[конзистенција]]та на [[храна]]та (сува, течна).
 
[[Плунката]] е производ на лачењето на трите пара [[главни плунковни жлезди]] и големиот број мали жлезди од слузницата на [[уста]]та, [[јазик]]от и [[голтка]]та.<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр.57</ref>
 
== Главни плунковни жлезди ==
* [[Подвилични плунковни жлезди]] се сместени под [[долна вилица]], а излачениот [[секрет]] кој е мешан (серомукозен) преку канал го излеваат во [[усна празнина]] во близина на коренот на [[јазик]]от. Овие жлезди се двојно инервирани и од [[симпатикус]]от и од [[парасимпатикус]]от.
* [[Подјазични плунковни жлезди]] се сместени под [[јазик]]от, а според својата градба и функција се слични на подвиличните. Разликата е во тоа што [[секрет]]от содржи многу повеќе [[муцин]] па се вбројуваат во [[мукозни жлезди]]. Испусните канали на оваа [[жлезда]] ја излеваат [[плунка]]та во основата на [[усна празнина]]. Инервацијата е иста како кај претходните [[жлезди]].
* [[Задушни плунковни жлезди]] се наоѓаат во [[паротидната јама]] што се наоѓа во пределот зад [[уво]]то. Главно лачат [[серозна плунка]]. Испусниот канал ја излева [[плунка]]та во висина на вториот [[катник]] на [[горна вилица]].<ref>Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр.57</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Систем за варење]]