Пазар на капитал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
Во зависност од предметот на купопродажба се одредува и карактерот на берзата. Ако на берзата се купуваат и продаваат вредносни хартии, се работи за ефективна берза, ако се купуваат и продаваат стоки, се работи за продуктна берза, ако се во прашање [[Девиза|девизи]], се работи за девизна берза, итн. За работење на берзата не е доволно да има ( да постојат) вредносни хартии, туку е потребно да има мобилен и ликвиден пазар на кој се среќаваат се поголем број понудувачи и побарувачи на вредносни хартии. Значи, треба да има стабилна понуда и побарувачка на вредносни хартии.<ref>Љупчо Трпески, ''Банкарство и банкарско работење'' (прво издание), Скопје, 2009, стр. 201.</ref> Заклучувањето на работите се одвива во главните простории на берзата. Тоа се вика т.н. службен пазар. Постои и неслужбен, но регулиран пазар, кој од службениот се разликува по тоа што во него се вклучени берзанските посредници, не се утврдува курсот, туку само цената. Од друга страна, покрај службениот и регулираниот пазар, постои и нерегулиран, слободен пазар, кој ја опфаќа сета трговија на вредносни хартии која не се одвива во службените простории на берзата, туку во споредни, или крај берзата. За овој пазар не важат берзанските правила и прописи.<ref>Љупчо Трпески, ''Банкарство и банкарско работење'' (прво издание), Скопје, 2009, стр. 201.</ref>
 
* ''Пазари преку шалтери'' — Пазарот преку шалтер ([[англиски]]: ''over-the-counter market'',)<ref>[http://www.otcmarkets.com/home OTC market]</ref>, претставува алтернативен облик на пазар на хартии од вредност. Името го добил од неговиот дамнешен облик, кога клиентите доаѓале директно на шалтерите на банките и таму купувале или продавале хартии од вредност. Ваквиот облик одамна е исчезнат, но името останало и тоа денес се однесува за тргувањето во самите [[Брокерска куќа|брокерски куќи]], во кои денес се одвива огромен дел од прометот со хартии од вредност, посебно во западните земји. Имено, еден дел од куповните и продажните налози што ги добиваат брокерските куќи, можат според своите карактеристики (вид, количина, цена) да се реализираат во самата куќа, без да се излегува на берзата со нив. Така се избегнува плаќањето провизија на берзата и се поедноставува работата на брокерите.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Скопје, 2008, стр.182.</ref> Друг вид на вонберзанско тргување денес е [[НАСДАК]] (''National Association of Securities Dealers Automated Quotations System''). Истиот, е пазар кој постои помеѓу овластените дилери во [[САД]] и кој претставува мрежа на меѓусебно електронско тргување. Тргувањето со хартии од вредност преку овој пазар се одвива така што инвеститорите контактираат директно со дилерите, кои, пак, тргуваат помеѓу себе без да ги напуштаат своите канцеларии, преку следење на понудата и побарувачката на хартиите од вредност на своите [[Компјутер|компјутерски]] екрани. Денес, преку NASDAQ, се одвива огромен дел од прометот со хартии од вредност во САД, често надминувајќи го и оној на Њујоршката берза.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Скопје, 2008, стр. 182.</ref>
 
=== Неорганизиран пазар на капитал ===