Девизен пазар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправки, дополнување
ситна поправка
Ред 1:
'''''Девизен пазар''''' ({{lang-en|Exchange rate market}}) претставува место каде [[пари]]те деноминирани во една [[валута]] се разменуваат (купуваат и продаваат) со пари деноминирани во друга валута.<ref> Михаил Петковски, „Финансиски пазари и институции“ (второ и дополнето издание), Економски факултет – Скопје, 2009, стр. 117-119.</ref> Во потесна смисла на зборот, девизниот [[пазар]] претставува перманентно среќавање на [[понуда]]та и [[побарувачка]]та на слободни девизни средства (валути и [[девизи]]); додека во поширока смисла на зборот девизниот пазар опфаќа купопродажба на девизи, одржување на т.н. девизни позиции, девизна [[арбитража]], девизни шпекулации итн. Постоењето на девизниот пазар се јавува како неопходност со цел да се обезбеди непречено извршување на трансакциите меѓу партнери од различни земји.
 
Цената на една валута изразена во друга валута се нарекува [[девизен курс]].<ref>Горан Петревски, „Банкарски менаџмент“ (второ издание), Економски факултет – Скопје, 2011, стр. 366.</ref> [[Девизен курс|Девизните курсеви]] на девизниот пазар се одредуваат преку интеракција на домаќинствата, [[Претпријатие|претпријатијата]] и [[финансиски институции|финансиските институции]], кои купуваат и продаваат девизи за да вршат меѓународни плаќања.