Вегетаријанство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 37:
 
Вегетаријанство
 
'''Вегетаријанството''' е практика со која се воздржуваме од конзумирање на црвено месо, живина, морска храна и каков било друг вид на месо. Тоа исто така може да вклучува и воздржување од нуспроизводите добиени од колење на животните.
Вегетаријанството може да се прифати поради различни причини. Многумина одбиваат да јадат месо поради емпатија кон животните. Ваквите етички образложенија се кодифицирани под различни верски убедувања, заедно со концептот за правата на животните. Други образложенија за вегетаријанството се поврзани со здравјето, со политиката, со околината, со културата, со есететиката или со економијата. Исто така, постојат и разни варијанти на исхрана: ововегетаријанската исхрана вклучува јајца но не млечни производи, алактовегетаријанската исхрана вклучува млечни производи, но не и јајца, а оволактовегетаријанската исхрана вклучува и јајца и млечни производи. Веганската или строгата вегетаријанска исхрана го отфрла конзумирањето на сите животински производи, вклучувајќи ги јајцата, млечните производи, пчелиниот восок и медот. Исто така, веганите избегнуваат производи од животинско потекло како што се кожена облека и маст од гуски која се користи како боја за чевли.
Различни видови спакувана или обработена храна како што се торти, колачиња, бонбони, чоколади, јогурти и маршмало често содржат непознати животински состојки и можат да претставуваат особен проблем за вегетаријанците поради веројатноста од постоењето на вакви додатоци. Честопати, пред да купат или да конзумираат некој производ вегетаријанците проверуваат дали во него има животински состојки. Меѓутоа, вегетаријанците се разликуваат во однос на чувствата кои ги имаат кон овие состојки. На пример, додека некои вегетаријанци не знаат за улогата на сириштето од животинско потекло во секојдневното производство на сирење, па оттаму и без да знаат го конзумираат производот, други вегетаријанци едноставно немаат ваков проблем.
Полувегетаријанската исхрана главно се состои од вегетаријанска храна, но може да вклучува и риба и пилешко месо, а понекогаш и друг вид на месо. Онаа исхрана која содржи риба или пилешко месо, го дефинира месото како месо од цицачи и може да се поистовети со вегетаријанството. Пескотаријанската исхрана се опишува како ,,риба, но никаков друг вид месо’’. Често користената асоцијација помеѓу ваквите видови исхрана и вегетаријанството ги наведе вегетаријанските групи, како што е Здружението на вегетаријанци, да тврдат дека исхраната која содржи вакви состојки не е вегетаријанска, поради фактот што рибите и птиците се животни.
 
Содржина
 
'''Етимологија'''
 
Ред 93 ⟶ 96:
 
 
'''Протеини'''
Внесувањето на протени во вегетаријанската исхрана е само малку помало од она во исхраната која вклучува и месо, и може да ги задоволи дневните барања на секој човек, вклучувајќи ги и на спортистите и на бодибилдерите. Проучувањата направени од Универзитетот Харвард како и други проучувања спроведени во Обединетите Држави, во Обединетото Кралство, во Канада, во Австралија, во Нов Зеланд и во многу европски држави, потврдија дека доколу се достапни и се конзумираат различни растенија, вегетаријанската исхрана обезбедува доволно количество на протеини. Протеините се состојат од аминокиселини и она што често предизвикува загриженост во врска со протеините кои се добиваат од зеленчукот е дали тие имаат доволно количество од неопходните аминокиселини, кои човечкото тело не може да ги синтетизира. Додека млечните производи и јајцата претставуваат доволен извор на протеини за оволактовегетаријанците, неколку зеленчуци имаат значителни количини од сите осум видови на есенцијални аминокиселини. Во овие зеленчуци спаѓаат : грав, соја, семе од коноп, семе од чиа, амарант, елда, семки од тиква, спирулина, ф’стци и киноа. Сепак, есенцијалните аминокиселини можат да се внесат и со јадење на различни комплементарни извори на растенија, кои доколку се во комбинација, можат да ги обезбедат сите осум есенцијални аминокиселини. На пример, не е потребна комбинација од кафеав ориз и грав или хумус и цела пита од пченица. Во 1994 година, едно истражување покажа дека разновидна доза од вакви извори може да биде доволна.