Вегетаријанство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Foods.jpg|thumb|right|260px|Различни видови на овошје и зеленчук]]
''''''Вегетаријанство'''''' е посебен начин на исхрана кој го исклучува јадењето на [[месо]] (вклучувајќи го дивечот, рибата и морските плодови<ref>[http://recnik.nabu.mk/?search=%D0%B2%D0%B5%D0%B3%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE&qe=true „вегетаријанство“, Лексикон на Набу] {{mk}}</ref>).
Постојат неколку видови на вегетаријанство, а во некои од исхраната се исклучуваат јајцата како и некои производи кои се добиваат од животните, на пример млечните производи и медот. Со својот познат слоган „месото е убиство” ([[англиски]] „meat is murder“), вегетаријанците сакаат да нагласат дека за нивната исхрана не е потребно да се убиваат животните.
 
Ред 37:
 
Вегетаријанство
'''Вегетаријанството''' е практика со која се воздржуваме од конзумирање на црвено месо, живина, морска храна и каков било друг вид на месо. Тоа исто така може да вклучува и воздржување од нуспроизводите добиени од колење на животните.
Вегетаријанството може да се прифати поради различни причини. Многумина одбиваат да јадат месо поради емпатија кон животните. Ваквите етички образложенија се кодифицирани под различни верски убедувања, заедно со концептот за правата на животните. Други образложенија за вегетаријанството се поврзани со здравјето, со политиката, со околината, со културата, со есететиката или со економијата. Исто така, постојат и разни варијанти на исхрана: ововегетаријанската исхрана вклучува јајца но не млечни производи, алактовегетаријанската исхрана вклучува млечни производи, но не и јајца, а оволактовегетаријанската исхрана вклучува и јајца и млечни производи. Веганската или строгата вегетаријанска исхрана го отфрла конзумирањето на сите животински производи, вклучувајќи ги јајцата, млечните производи, пчелиниот восок и медот. Исто така, веганите избегнуваат производи од животинско потекло како што се кожена облека и маст од гуски која се користи како боја за чевли.
Различни видови спакувана или обработена храна како што се торти, колачиња, бонбони, чоколади, јогурти и маршмало често содржат непознати животински состојки и можат да претставуваат особен проблем за вегетаријанците поради веројатноста од постоењето на вакви додатоци. Честопати, пред да купат или да конзумираат некој производ вегетаријанците проверуваат дали во него има животински состојки. Меѓутоа, вегетаријанците се разликуваат во однос на чувствата кои ги имаат кон овие состојки. На пример, додека некои вегетаријанци не знаат за улогата на сириштето од животинско потекло во секојдневното производство на сирење, па оттаму и без да знаат го конзумираат производот, други вегетаријанци едноставно немаат ваков проблем.
Полувегетаријанската исхрана главно се состои од вегетаријанска храна, но може да вклучува и риба и пилешко месо, а понекогаш и друг вид на месо. Онаа исхрана која содржи риба или пилешко месо, го дефинира месото како месо од цицачи и може да се поистовети со вегетаријанството. Пескотаријанската исхрана се опишува како ,,риба, но никаков друг вид месо’’. Често користената асоцијација помеѓу ваквите видови исхрана и вегетаријанството ги наведе вегетаријанските групи, како што е Здружението на вегетаријанци, да тврдат дека исхраната која содржи вакви состојки не е вегетаријанска, поради фактот што рибите и птиците се животни.
Содржина
'''Етимологија'''
 
Здружението на вегетаријанци (анг.Vegetarian Society), основано во 1847 година во Манчестер, Велика Британија, вели дека зборот вегетаријанец е изведен од латинскиот збор vegetus што значи жив или енергичен. Спротивно на тоа, англискиот речник на Оксфорд(АРО) и други стандардни речници тврдат дека зборот е создаден од терминот vegetable и суфиксот –arian. Англискиот речник на Оксфорд пишува дека зборот влезе во општа употреба по создавањето на Здружението на вегетаријанци во Рамсгејт во 1847 година, иако тој нуди два примери на употреба од 1839 година и од 1842 година. Објаснувањето од 1839 година сè уште е предмет на дискусија, но Интернационалната историска група на Здружението на вегетаријанци даде 8 други пишани објаснувања уште пред формирањето на Здружението на вегетаријанци во 1847 година.
 
'''Историја''''''
Главна статија: Историја на вегетаријанството
 
Најраните записи за (лакто)вегетаријанството доаѓаат од древна Индија и од античка Грција од 5 век п.н.е. На пример,во Азија исхраната била тесно поврзана со идејата за ненасилство врз животните (во Индија наречена ahimsa) и била подржувана од религиозни групи и филозофи. За Хелените, Египќаните и другите народи, исхраната била наменета за медицински или за ритаулни цели за прочистување.
Индиски император Ашока бараше заштита на фауната:
Ред 51 ⟶ 54:
По христијанизацијата на Римската Империја кон крајот на античкиот период, вегетаријанство речиси исчезна од Европа и од другите континенти, освен од Индија. [21] Неколку наредби на монасите во средновековна Европа го ограничија или го забранија конзумирањето на месо од аскетски причини, но никој од нив не го избегнуваше конзумирањето на риба. (Средновековната дефиниција за "риба" вклучуваше животни како што се фоки, морски прасиња, делфини, арктички гуски, морски птици(анг.puffins) и дабари.
Вегетаријанството повторно се појави за време на ренесансата, станувајќи се пораспространето во 19 и 20 век. Првото Здреужение на вегетаријанци беше основано во 1847 година во Обединетото Кралство а потоа следеа и Германија, Холандија и други земји. Во 1908 година е основан Меѓународниот вегетаријански сојуз, кој претставува здружение на национални општества. Популарноста на вегетаријанството порасна во 20 век во западните земји, како резултат на проблеми поврзани со исхраната, етички проблеми, а од неодамна и еколошки и економски проблеми.
 
'''Типови на вегетаријанство'''
 
Постојат многу видови на вегетаријанството, кои исклучуваат или вклучуваат различни видови храна.
• Ововегетаријанството вклучува конзумирање на јајца , но не млечни производи.
Ред 81 ⟶ 86:
Вегетаријанците имаат понизок индекс на телесна маса, пониско ниво на холестерол, понизок крвен притисок, помала веројатност од срцеви заболувања, хипертензија, дијабетес тип 2, болести на бубрезите, метаболичен синдром, деменција како Алцхајмерова болест и други нарушувања. Откриено е дека посното црвено месо е дирекно поврзано со зголемениот ризик од рак на хранопроводот, црниот дроб, дебелото црево и белите дробови. Други проучувања покажаа дека не постојат особени разлики помеѓу вегетаријанците и невегетаријанците кога станува збор за смрт од цереброваскуларни заболувања, рак на стомакот, рак на дебелото црево , рак на дојка или рак на простата. Едно проучување во 2010 година направи споредба меѓу група вегетаријанци и невегетаријанци од Адвентистите од седмиот ден, во која вегетаријанците постигнаа пониски резултати на тестовите за депресија и имаа подобри профили на расположение.
Односите помеѓу вегетаријанската исхрана и здравјето на коските се уште остануваат неразјаснети. Според некои проучувања, вегетаријанскиот начин на исхрана може да се поврзе со недостаток на витамин Б12 и со ниска густина на минерали во коските. Меѓутоа, со проучувањето на неколку возрасни вегетаријанци и невегетаријанци во Тајван се докажа дека непостојат особени разлики во густината на минерали во коските на членовите од двете групи. Други проучувања кои ги истражуваа негативните ефекти на животинските протеини врз здравјето на коските велат дека вегетаријанците се помалку склони кон остеопороза од оние луѓе кои внесуваат секаква храна, поради фактот што вегетаријанците имаат повеќе минерали во коските и подобра коскена структура. Проектот Кина-Корнел-Оксфорд, кој претставува дваесетгодишно поучување кое го извршуваше Универзитетот од Корнел, Универзитетот од Оксфорд и владата на Кина, покажа дека постои поврзаност помеѓу конзумирањето на производи од животинско потекло и различни хронични заболувања, како што се коронарна срцева болест, дијабетес, рак на дојката, рак на простатата и рак на дебелото црево.
 
'''Исхрана'''
Главни статии: Вегетаријанска и веганска исхрана
 
Вегетаријанската исхрана која се практикува во западните земји е особено богата со каротеноиди, но релативно сиромашна со омега- 3 масни киселини и витамин Б12. Веганите можат да имаат релативно мало количество на витамин Б и калциум во организамот доколку не јадат доволно производи од типот на штавел, лиснат зеленчук, темпе и тофу(соја). Се смета дека високите нивоа на хранливи влакна, фолна киселина, витамин Ц, витамин Е и магнезиум, како и малото внесување на заситени масти се добрите страни на вегетаријанската исхрана.
 
 
'''Протеини'''
Внесувањето на протени во вегетаријанската исхрана е само малку помало од она во исхраната која вклучува и месо, и може да ги задоволи дневните барања на секој човек, вклучувајќи ги и на спортистите и на бодибилдерите. Проучувањата направени од Универзитетот Харвард како и други проучувања спроведени во Обединетите Држави, во Обединетото Кралство, во Канада, во Австралија, во Нов Зеланд и во многу европски држави, потврдија дека доколу се достапни и се конзумираат различни растенија, вегетаријанската исхрана обезбедува доволно количество на протеини. Протеините се состојат од аминокиселини и она што често предизвикува загриженост во врска со протеините кои се добиваат од зеленчукот е дали тие имаат доволно количество од неопходните аминокиселини, кои човечкото тело не може да ги синтетизира. Додека млечните производи и јајцата претставуваат доволен извор на протеини за оволактовегетаријанците, неколку зеленчуци имаат значителни количини од сите осум видови на есенцијални аминокиселини. Во овие зеленчуци спаѓаат : грав, соја, семе од коноп, семе од чиа, амарант, елда, семки од тиква, спирулина, ф’стци и киноа. Сепак, есенцијалните аминокиселини можат да се внесат и со јадење на различни комплементарни извори на растенија, кои доколку се во комбинација, можат да ги обезбедат сите осум есенцијални аминокиселини. На пример, не е потребна комбинација од кафеав ориз и грав или хумус и цела пита од пченица. Во 1994 година, едно истражување покажа дека разновидна доза од вакви извори може да биде доволна.
 
'''Железо'''
 
Вегетаријанската исхрана обично содржи слични нивоа железо како и невегетаријанската исхрана, но ова железо е биолошки понедостапно од она кое се содржи во различните видови месо, и неговата апсорпција понекогаш може да ја попречат другите составни делови на исхраната. Според Вегетаријанската група за ресурси, конзумирањето на храна која содржи витимин Ц, како што е цитрусот , цедените соковите, домати, брокула, е добар начин да се зголеми количеството на железо кое се апсорбира од оброкот. Вегетаријанска храна која е богата со железо влкучува кафеав грав, индиски орев, семе од коноп, темноцрвен грав, брокула, леѓа, овес, суво грозје , спанаќ , зелка, марула, грашок , соја, многу житарки, семки од сончоглед, наут, сок од домати,темпе , меласа , мајчина душица и леб од пченица. Веганската исхрана честопати може да биде побогата со железо од вегетаријанската исхрана, бидејќи млечните производи немаат големо количество на железо. Резервите на железо често се помали кај вегетаријанците отколку кај невегетаријанците, и само мал број на истражувања покажуваат висок процент на недостаток од железо (до 40% и 58% за вегетаријанските и за веганските групи).
Меѓутоа, Американското здружение на диететичари тврди дека недостатокот од железо повеќе не е својствен само за вегетаријанците (возрасните мажи ретко имаат недостаток од железо) и анемијата предизвикана од недостаток на железо е ретка без оглед на исхраната.
 
'''Витамин Б12'''
 
Според Националните институти за здравство на Обединетите Држави, витаминот Б12 обично не е присутен во растенијата и природно може да се најде во храната од животинско потекло. Лактоововегетаријанците можат да го добијат витаминот Б12 од млечни производи и од јајца, а веганите од збогатена храна (вклучувајќи некои производи од соја и житарици) и диететски додатоци. Исто така, витамин Б12 може да се добие од производи збогатени со екстракт од квасец.
Препорачаната дневна доза на витамин Б12 во САД е 0,4 микрограми (0-6 месеци), 1.8 микрограми (9-13 години), 2,4 микрограми (повеќе од 14 години), и 2.8 микрограми (за доилки). Иако секојдневните потреби на телото за витамин Б12 се многу мали, недостаток на витамин Б12 е многу сериозен и може да доведе до анемија и до трајно оштетување на нервите.
Масни киселини
Без разлика дали се од растително потекло или пак вегетаријански, изворите на омега 3 масни киселини вклучуваат соја, ореви, семки од тиква, канола масло , киви , семе од коноп , алги, семе од чиа, ленено семе,семе од ечиум (анг.echium) и лиснат зеленчук како што се зелената салата , спанаќот , зелката и толчницата .Толчницата содржи најмногу омега 3 од која било друга салата. Маслинките(и маслиновото масло) се уште еден важен извор на незаситени масни киселини. Растителна храна може да обезбеди алфа- линоленска киселина која човечкото тело ја користи за да синтетизира долг синџир n-3 масни киселини ЕПА и ДХА . ЕПА и ДХА можат да се добијат директно во огромни количини од мрсна риба или од рибини масла. Вегетаријанците, а особено веганите, имаат пониски нивоа на ЕПА и ДХА од луѓето кои јадат месо. Додека ефектите врз здравјето од ниското ниво на ЕПА и ДХА се непознати, веројатноста дека додатоците кои содржат алфа-линоленска киселина значително ќе ги зголемат нивоата на алфа-линоленска киселина, е мала. Некои компании од неодамна започнаа да рекламираат вегетаријански додатоци ДХА кои содржат екстракти од алги. Почнаа да се појавуваат и слични додатоци кои нудат и ЕПА и ДХА. Сите алги не се погодни како додатоци во исхраната бидејќи нивното високо количество на јод е до дозволената граница. Меѓутоа, некои алги како што е спирулината, се добри извори на гама-линол киселини ГЛА(анг.GLA), алфа-линоленска киселина АЛК(анг.ALA), линоволна киселина ЛК(анг.LA), стеридонска киселина СK(анг.SDA), еикозапентаеочна киселина ЕК(анг.EPA), докозахексаеноична киселина ДК(анг.DHA) и арахидонска киселина АК (анг.АА).
 
'''Калциум'''
 
Вегетаријанците и невегетаријанците внесуваат слично количество на калциум. Кај некои вегани кои не конзумираат доволно лиснат зелнчук, кој е извор на изобилство од калциум, беше забележана нарушена минерализација на коските. Меѓутоа, кај лактоововегетаријанците не е забележано вакво нешто. Значајни извори на калциум се: брокулата, гравот, грашокот, леќата, зелката, марулата, штавелот, бок чој (кинеска зелка), кељот и репата. Спанаќот, блитвата и репата се богати со калциум, но калциумот преминува во оксалат и затоа слабо се апсорбира.
 
'''Витамин Д'''
Главна статија: Витамин Д
 
Потребите од витамин Д можат да се задоволат со доволна и разумна изложеност на човечкото тело на ултравиолетови зраци (УВ) од сончевата светлина. Производите кои вклучуваат млеко, сојино млеко и житарици можат да се зајакнат за да обезбедат витамин Д. Оние кое не се доволно изложени на сонце и/или не внесуваат доволно витамин Д преку храната, можеби ќе имаат потреба од суплементи на витамин Д.
 
'''Витамин Д2'''
Растенија
луцерка (Medicago sativa subsp. sativa: 4.8 μg (192 IU) витамин Д2, 0.1 μg (4 IU) витамин Д3
Ред 115 ⟶ 131:
 
 
'''Долговечност'''
 
Една метастудија од 1999 година ги поврза податоците од пет различни проучувања направени од западните земји. Метастудијата го покажа соодносот на смртост, каде што помалиот број означуваше помалку смртни случаи и изгледаше вака: 0.82 за конзуматорите на риба, 0.84 за вегетаријанците и 0.84 за повремените конзуматори на месо (оние кои јадат месо помалку од два пати неделно). Оние кои често конзумираат месо имаа ниска стапка на смртност од 1.0, додека поради големиот број на податоци, бројот на вегани беше многу тежок за одредување (некаде помеѓу 0.7 и 1.44). Истражувањето ги даде броевите на смртни случаи за секоја од категориите, очекуваните грешки кои можат да постојат за секој сооднос и направените измени во податоците. Меѓутоа, ниската стапка на смртност беше најмногу поради фактот што пушењето е релативно слабо распространето кај овие вегетаријански приврзаници. Од сите главни причини за смрт кои беа проучени, само една од нив се однесуваше на разликите во исхраната, а тоа беше наведено и во заклучокот: вегетаријанците имаа 24% пониска стапка на смртност предизвикана од исхемични срцеви заболувања за разлика од невегетаријанците, но вегетаријанскиот начин на исхрана не се поврзува со никакви други причини за смрт.
Во истражувањето за смрноста кај британските вегетаријанци беше донесен сличен заклучок: ,,Британските вегетаријанци имаат пониска стапка на смртност во споредба со останатиот дел од населението. Тие имаат слична стапка на смртност со невегетаријанците, што е показател дека поголемиот дел од овие добри страни можат да им се препишаат на факторите кои не се однесуваат на начинот на исхрана, како што е слабата распространетост на пушење, високиот општествено-економски статус и различните начини на исхрана кои не се поврзани со неконзумирање на месо и риба.