Разлика помеѓу преработките на „Microsoft“

Додадени 44.893 бајти ,  пред 6 години
нема опис на уредувањето
с (Бот: Поправа пренасочувања)
| company_name = Microsoft Corporation
| company_logo = [[Податотека:Microsoft_logo_and_wordmark.svg|250px|]]
| company_type = јавнаЈавна компанија
| genre =
| foundation = [[АлбакуркиАлбакерки]], [[Ново Мексико|Њу Мексико]]<br />([[4 април]], [[1975]])
| founder = [[Бил Гејтс]]<br />[[Пол Ален]]
| location = [[Податотека:Flag of the United States.svg|20px]] [[Редмонд]], [[Вашингтон]]
| origins =
| key_people = [[Бил Гејтс]]<br />[[Стив Балмер]]<br />[[Реј Ози]]<br />[[Крег Мунди]]
| area_served = Низ целЦел свет
| industry = [[Програмска опрема|Компјутерски софтвер]]<br />[[Издавање]]<br />[[Машинска опрема|Компјутерски хардвер]]<br />[[Компјутерски и видеоигри|Видео игри]]| products =
| services =
| revenue = 60.420 милиардимилјарди ([[2008]])
| operating_income = 22.492 милиардимилјарди ([[2008]])
| net_income = 17.681 милиардимилјарди ([[2008]])
| num_employees = 89,809 во 105 држави ([[2008]])
| parent =
| homepage = [http://www.microsoft.com/worldwide/ microsoft.com]
}}
Корпорацијата Мајкрософт (анг. Microsoft) е Американска мултинационална корпорација со главен штаб во Редмонд, Вашингтон. Мајкрософт произведува, лиценцира, продава и овозможува поддршка за компјутерски софтвер, потрошувачка електроника, персонални компјутери и сервисирање. Нивни најдобри производи се: оперативните системи Мајкрософт виндоус (анг. Microsoft Windows), комплетот Мајкрософт Офис (анг. Microsoft Office) и веб-прелистувачот Интернет Експлорер (анг. Internet Explorer). Нивните главни хардвер производи се играчката конзола Иксбокс (анг. Xbox) и серијата на таблети Мајкрософт Сурфејс (анг. Microsoft Surface). Мајкрософт е најголемиот произведувач на софтвер (анг. Software) сметано според приходи. Исто така Мајкрософт е една од најважните светски компании.
'''''Microsoft Corporation''''' е [[соединети Американски Држави|американска]] и мултинационална компанија за компјутерска технологија, која има 79.000 вработени во 102 земји во светот и вкупен годишен приход од 51,12 милијарди долари во 2007.<ref name="2007financials">{{цитирана веб страница|author=MSFT Investor Relations|date=2007-07-19|url=http://www.microsoft.com/msft/earnings/FY07/earn_rel_q4_07.mspx|title =Годишниот приход на Мајкрософт надмина 50 милијарди |publisher=Microsoft}}</ref> Седиштето на Microsoft е во Редмонд, во државата [[Вашингтон (сојузна држава)|Вашингтон]] во [[Соединети Американски Држави|САД]].
Мајкрософт е основан од Бил Гејтс и Пол Ален на 4ти Април, 1975 за развивање и продажба на основни извршните програми за Алтер 8800 (анг. Altair). Мајкрософт израсна доволно за да доминира на пазарот на оперативни системи за персонални компјутери со МС-ДОС (анг. MS-DOS) кон средината на 1980тите, по кој дојде и Мајкрософт Виндоус (анг. Microsoft Windows). Првата јавна понуда на компанијата во 1986, следена од растот на цената на акциите, создаде 3 милјардери и 12,000 милионери од вработените на Мајкрософт. Од 1990тите, Мајкрософт значајно се оддели од пазарот на оперативни системи и откупи голем број на корпорации. Во Мај 2011, Мајкрософт ја откупи Скајп Технолоџис (анг. Skype Technologies) за 8.5 милјарди долари, што претставува нивно најголемо откупување досега.
Од 2013, Мајкрософт е доминантен на пазарот на оперативни системи компатибилни со ИБМ (анг. IBM) и пазарот на канцелариски софтвер (со софтверот Мајкрософт Офис). Компанијата исто така произведува голем број на разнолик софтвер за персонални копјутери и сервери, и исто така е активна во полиња како што се Интернет-пребарувањето (со интернет пребарувачот Бинг), индустријата за видео игри (со Иксбокс, Иксбокс 360 и Иксбокс 1 конзолите), маркетот на дигитални услуги (преку МСН), мобилните телефони (преку оперативниот систем Виндоус Фоун [анг. Windows Phone]). Во Јуни 2012, Мајкрософт за првпат влезе во пазарот на производство на персонални компјутери со лансирањето на Мајкрософт Сурфејс (асортиман на таблети).
 
==Историја==
Компанијата развива, произведува, лиценцира и поддржува широк спектар на софтверски продукти за компјутерски уреди. Најпопуларни производи се оперативниот систем [[Microsoft Windows]] и канцеларискиот софтвер [[Microsoft Office]]. Овие продукти во 2003. се наоѓале на 90% од персоналните компјутери во светот. Ова е и визијата на основачот на [[Бил Гејтс]]: „секоја работна станица на секоја маса и во секој дом да го користи нашиот софтвер“.<ref>Цитат од Компјутерски свет 1985 (7/22). Официјалната биографија на Бил Гејтс вели дека „тој отсекогаш имал визија дека компјутерите ќе бидат алатка во секоја канцеларија и во секој дом“.</ref>
===Од 1972 до 1983: Основање и почетоци на компанијата===
Пол Ален и Бил Гејтс, пријатели од детството со страст за компјутерско програмирање, бараа начин да ги искористат нивните заеднички вештини. ВО 1972 тие ја основаа нивната прва компанија наречена Треф-Оу-Дејта (анг. Traf-O-Data) која нудеше основен компјутер кој пронаоѓаше и анализираше податоци за автомобилскиот сообраќај. Ален отиде на Универзитетот во Вашингтон за да се стекне со диплома за компјутерски науки, но подоцна се откажа за да работи во Ханивел (анг. Honeywell). Гејтс почна да студира на Харвард. Во јануарското изнадание на Популар Електроникс (анг. Popular Electronics) се појави Алтер 8800 микрокомпјутерот на МИТС. Ален забележа дека можат да програмираат основни извршнипрограми за направата; по повикот од Гејтс кој тврдеше дека има основна извршна програма која е функционална, МИТС побараа демонстрација. Бидејќи тие всушност сеуште ја немаа програмата, Ален почна да работи на симулаторот за Алтер, додека Гејтс почна да го развива извршниот програм. Иако ја развија извршната програма на симулатор а не на вистинската направа (Алтер), извршната програма работеше без никаков проблем за време на демонстрацијата пред МИТС во Албукерки, Њу Мексико (анг. Albuquerque, New Mexico) во Март 1975; МИТС се согласи да ја дистрибуира, рекламирајки ја како Алтер БЕЈСИК (анг. Altair BASIC). Тие (Ален и Гејтс) официјално го основаа Мајкросфт на 4ти Април 1975, со Гејтс како извршен директор. Ален го смисли оригиналното име Мајкро-софт (анг. Micro-soft), комбинација од зборовите микрокомпјутер (анг. Microcomputer) и софтвер (анг. Software), како што е спомнато во 1995 во артикл на магазинот Фортјун (анг. Fortune). Во август 1988 компанијата склучи договор со АСЦИИ Магазинот (анг. ASCII Magazine) од Јапонија, со што ја отвори својата прва интернационална канцеларија, АСЦИИ Мајкрософт (анг. ASCII Microsoft). Компанијата се пресели во нов дом во Белву, Вашингтон (анг. Bellevue, Washington) во Јануари 1979.
 
Мајкрософт влезе во бизнисот со оперативни системи во 1980 со нивната верзија на Уникс (анг. Unix), наречена Ксеникс (анг. Xenix). Но сепак, МС-ДОС (анг. MS-DOS) беше она што го зацврсти владеењето на компанијата. Откако преговорите со Дигитал Рисрч (анг.Digital Research) пропаднаа, ИБМ им додели договор на Мајкрософт во ноември 1980 за да достават верзија на ЦП/М (анг. CP/M) оперативен систем, која беше планирана да се користи во претстојниот ИБМ персонален компјутер (анг. IBM-PC). За овој договор, Мајкрософт купи клон на ЦП/М наречен 86-ДОС од компанијата Сиетл Компјутер Продактс (анг. Seattle Computer Products), и го брендираше како МС-ДОС, кој подоцна ИБМ го ребрендираше во ПЦ-ДОС. По објавувањето на ИБМ персоналниот компјутер во Август 1981, Мајкрософт ја задржа соственоста на МС-ДОС. Бидејќи ИБМ стави авторско право на биосот на ИБМ персоналниот компјутер, другите компании мораа да користат обратен инженеринг за да може хардверот којшто не е сопственост на ИБМ да работи исто како ИБМ ПЦ-компатибилен, но не и на оперативниост систем за кој не постоеја вакви рестрикции. Заради различни фактори, како што е достапноста на разновиден софтвер на МС-ДОС, Мајкрософт конечно стана лидер на произведувачите на оперативни системи. Компанијата се прошири на нови пазари со пуштањето во промет на Мајкрософт Маус (анг. Microsoft Mouse) во 1983, како и издавачки оддел наречен Мајкрософт Прес (анг. Microsoft Press). Пол Ален се повлече од Мајкрософт по добивањето на болеста Ходкинс (анг. Hodgkin’s disease).
== Надворешни врски ==
* [http://www.microsoft.com Интернет страница на Мајкрософт.]
 
===Од 1984 до 1994: Виндоус и Офис===
Додека развиваа нов оперативен систем заедно со ИБМ во 1984 (наречен ОС/2) Мајкрософт го пушти во промет Мајкрософт Виндоус (анг. Windows), кој всушност беше графички додаток за МС-ДОС. Мајкрософт го префрли својот главен штаб во Редмонд (анг. Redmond) на 26ти Февруари, 1986, а на 13ти Март компанијата ги пушти во промет своите акции; претстојното растење на вредноста на акциите направи 3 милјардери и 12,000 милионери од вработените во Мајкрософт. Заради партнерството со ИБМ, во 1990 Федералната комисија за трговија (анг. Federal Trade Comission) почна да го надгледува Мајкрософт за можно тајно самостојно дејствување; тоа го обележа почетокот на легалните битки со владата на Америка кои траеја повеќе од 10 години. На 2ри Април, 1987 Мајкрософт го најави пуштањето во промет на својата верзија на ОС/2 која беше валидна за ОЕМ (анг. OEM) производителите на оригинална опрема; во меѓувреме, компанијата работеше на 32 битниот оперативен систем, Мајкрософт Виндоус НТ (анг. Microsoft Windows NT), користејќи идеи од ОС/2; беше објавен на 21ви Јули, 1993 со нов модуларен кернел и со Вин32 (анг. Win32) апликативен програмерски интерфејс АПИ (анг. API), овозможувајќи полесен пристап од 16 битните (МС-ДОС базирани) Виндоуси. Откако Мајкрософт го извести ИБМ за НТ, партнерството за ОС/2 пропадна.
 
Во 1990, Мајкрософт го претстави својот софтверски “Офис” комплет, Мајкрософт Офис (анг. Microsoft Office). Софтверот претстави различни апликации, како што се Мајкрософт Ворд (анг. Microsoft Word) и Мајкрософт Ексел (анг. Microsoft Excel). На 22ри Мај Мајкрософт го лансираше Виндоус 3.0 со подобрена графика на корисничкиот интерфејс и со подобрена работа на заштитниот мод (анг. Protected mode) за Интел 386 процесорот. Офис и Виндоус станаа доминантни во нивните полиња. Новел (анг. Novell), кој од 1984 до 1986 беше конкурент на Мајкрософт за Ворд апликацијата, го тужеше Мајкрософт години подоцна тврдејќи дека Мајкрософт не документирал се од нивниот АПИ (анг. API) за да добие конкурентска предност.
На 27ми Јули, 1994, Дивизијата за недоверба (анг. Antitrust Division) која е дел од Американското министерство за правда (анг. US Department of Justice) поднесе извештај за конкурентски судар во кој се велеше дека: “Почнувајќи во 1988, и континуирано до15 Јули, 1994, Мајкрософт поттикна многу ПОО (произведувачи на оригинална опрема) да воведат анти-конкурентска политика. Со оваа политика, еден ПОО му плаќа на Мајкрософт процент за секој продаден компјутер кој содржи одреден микро-процесор, без разлика дали ПОО го продава компјутерот со оперативен систем на Мајкрософт или со некој друг. Всушност, процентот што ПОО му го плаќа на Мајкрософт кога се продава еден продукт кој не е произведен од Мајкрософт, е во вид на казна, заради тоа што ПОО користи оперативен систем произведен од некој конкурент на Мајкрософт. Од 1988, Мајкрософт ја зголеми употребата на овој “плакање-по-процесор” договор.
 
===Од 1995 до 2005: Интернет и ерата на 32 бита===
Откако Бил Гејтс го објави интерниот “Прирачник за големите бранови на интернет” на 26ти Мај, 1995, Мајкрософт почна да ја редефинира својата понуда на производи и ја прошири производствената линија навлегувајќи во компјутерските мрежи (анг. Computer networks) и во светската мрежа (анг. World Wide Web). Компанијата го пушти во употреба Виндоус 95 (анг. Windows 95) на 24ти август, 1995, кој вклучуваше мултитаскинг, целосно нов кориснички интерфејс со ново копче за стартување, и компатибилност со 32 бита; слично како и кај Виндоус НТ (анг. Windows NT), постоеше Вин32 АПИ (анг. Win32 API). Онлајн сервисот МСН (анг. MSN) дојде во пакет со Виндоус 95, како и веб прелистувачот Интернет Експлорер (анг. Internet Explorer), кој дојде во пакет со Виндоус 95 за ПОО. Интернет екплорер не беше во пакет со Виндоус 95 кој се продаваше директно на корисниците бидејќи кутиите за испорака беа спремни и испринтани со маркетинг материјал пред тимот комплетно да заврши со работа на Интернет Експлорер, но затоа беше вклучен во Виндоус 95 Плус (анг. Windows 95 Plus) пакетот. Проширувајќи се и на другите пазари во 1996, Мајкрософт и НБЦ Универзал (анг. NBC Universal) создадоа нова 24/7 кабелска станица за новости, МСНБЦ (анг. MSNBC). Мајкрософт го создаде Виндоус ЦЕ 1.0 (анг. Windows CE 1.0), нов оперативен систем дизајниран за уреди со мала оперативна меморија и со други недостатоци, како што се персоналните дигитални уреди. (анг. Personal digital assistans). Во Октомври 1997, Министерството за правда (анг. Justice Department) поднесе предлог во Федералниот Суд (анг. Federal District Cоurt), тврдејќи дека Мајкрософт прекрши договор потпишан во 1994, и побара од судот да го прекине спојувањето на Интернет Експлорер со Виндоус.
 
На 13ти Јануари, 2000, Бил Гејтс ја предаде позицијата извршен директор на Стив Балмер (анг. Steve Balmer), стар познаник од факултет и вработен во компанијата од 1980, создавајќи нова позиција за себе, Главен Софтверски Архитект (анг. Chief Software Architect). Во Октомври 1999, различни компании помеѓу кои и Мајкрософт ја формираа Алијансата на Доверливи Компјутерски Платформи (анг. Trusted Computing Platform Alliance), со цел да се зголеми безбедноста и да се заштити личната сопственост со тоа што ќе се забележуваат промените извршени на хардверот и софтверот, помеѓу другите работи. Критичарите ја осудија оваа алијанса бидејќи сметаа дека на овој начин само ќе се зголемат индискриминирачките забрани на тоа како корисниците го употребуваат софтверот, и сметаа дека сето ова е всушност едно Менаџирање на дигиталните права (анг. Digital rights management); на пример сценариото кога еден компјутер не е само заштитен за неговиот корисник, туку е исто така и заштитен од злоупотреба од неговиот корисник исто така. На 3ти Април, 2000, се донесе пресуда за случајот САД против Мајкрософт, нарекувајќи ја компанијата “злоупотребувачки монопол”; се постигна договор со Американското Министерство за Правда (анг. U.S. Department of Justice) во 2004. На 25 Октомври, 2001, Мајкрософт го пушти во употреба Виндоус XP (анг. Windows XP), соединувајќи ги општо-прифатените кодови и кодовите на Виндоус НТ земајќи ја основата на Виндоус НТ. Истата година, некое време подоцна, компанијата го пушти во употреба Иксбокс, влегувајќи во пазарот на играчки конзоли во кој доминираа Сони (анг. Sony) и Нинтендо (анг. Nintendo). Во Март 2004, Европската Унија презеде законски мерки за недоверба против компанијата, наведувајќи дека компанијата ја злоупотребила својата доминантност со Виндоус оперативните системи, која заврши со пресуда од 497 милиони евра (613 милиони долари) и пресуда да се произведат нови верзии на Виндоус XP без Виндоус Медиа Плејр (анг. Windows Media Player), Виндоус XP Хоум Едитион Н (анг. Windows XP Home Edition) и Виндоус XP Професионал Н (анг. Windows XP Professional N).
 
===Од 2006 до 2010: Виндоус Виста, Виндоус Мобајл и Виндоус 7===
Пуштена во употреба во Јануари 2007, следната верзија на Виндоус, Виндоус Виста (анг. Windows Vista), се фокусираше на атрибути, безбедност, и ре-дизајниран кориснички интерфејс наречен Аеро (анг. Aero). Мајкрософт Офис 2007 (анг. Microsoft Office 2007), кој беше пуштен во употреба истовремено, имаше Рибон (анг. Ribbon) кориснички интерфејс кој беше значајно променет од неговите претходници. Големата продажба на Виндоус Виста и Мајкрософт Офис 2007 донесе рекорден профит во 2007 година. На 27 Февруари, 2008, Европската Унија наметна уште една казна од 899 милиони евра (1.4 милјарди долари) заради непочитувањето на Мајкрософт на пресудата донесена во Март 2004, наведувајќи дека компанијата им наплати нереални цени на конкурентите за своите воркгруп (анг. workgroup) и бекофис (анг. backoffice) сервери. Мајкрософт изјави дека ја почитувал пресудата и дека “овие казни се за претходните несогласувања кои се веќе решени”.
Во 2007 исто така го видовме создавањето на повеќе-јадрената единица во Мајкрософт, следејќи ги чекорите на сервер-компаниите како што се Сан (анг. Sun) и ИБМ (анг. IBM).
На 27ми Јуни, 2008, Бил Гејтс се повлече од својата позиција како Главен Софтверски Архитект, задржувајќи ги останатите позиции во компанијата и останувајќи како советник на компанијата при клучни проекти. Азур Сервисес Платформ (анг. Azure Services Platform), со која компанијата влезе во пазарот на виртуелното складирање (анг. Cloud Computing), беше пуштена во употреба на 27ми Октомври, 2008. На 12ти Февруари, 2009, Мајкрософт ја објави својата намера да отвори синџир брендирани продавници за малопродажба, и на 22 Октомври, 2009, првата продавница Мајкрософт Стор (анг. Microsoft Store) беше отворена во Скотсдејл, Аризона (анг. Scottsdale, Arizona); истиот ден кога продавницата беше отворена, Виндоус 7 (анг. Windows 7) беше пуштен во употреба. Виндоус 7 беше фокусиран на усовршување на Виндоус Виста со поедноставување на атрибутите и зголемување на перформансите, наместо на голема промена на самиот Виндоус.
Во почетокот на 2007, кога индустријата на паметни телефони се издигна, Мајкрософт се мачеше за да остане во чекор со совите ривали Епл (анг. Apple) и Гугл (анг. Google) и да понуди оперативен систем за паметните телефони. Како резултат на ова, во 2010, Мајкрософт го преправија нивниот стар оперативен систем за мобилни телефони, Виндоус Мобајл (анг. Windows Mobile), и го заменија со новиот Виндоус Фоун ОС (анг. Windows Phone OS); заедно со новата стратегија за индустријата која се бави со производство на паметни телефони, која го доближуваше Мајкрософт до произведувачите, како што е Нокиа (анг. Nokia). Оваа стратегија исто така имаше за цел да обезбеди доследност на употреба на Мајкрософт-овиот оперативен систем Виндоус Фоун. Овој оперативен систем имаше нов дизајн на корисничкиот интерфејс, наречен “Метро”, кој нагласено користеше едноставни форми, знаци и икони, како и минималистички концепт.
Мајкрософт е еден од основачите на Фондацијата за отворени мрежи (анг. Open Networking Foundation) која е основана на 23ти Март, 2011. Помеѓу останатите основачи се: Гугл (анг. Google), ХП Нетворкинг (анг. HP Networking), Јаху (анг. Yahoo), Веризон (анг. Verizon), Дојче Телеком (анг. Deutsche Telekom) и 17 други компании. Оваа непрофитна организација е фокусирана на пружење поддршка на новата иницијатива за виртуелно складирање наречена Софтверски дефинирано вмрежување (анг. Software-defined networking). Иницијативата има за улога да ги забрза иновациите со едноставни софтверски промени во: телекомуникациските мрежи, безжичните мрежи, центрите со податоци и други мрежни полиња.
 
===Од 2011 до сега: Ребрендирање, Виндоус 8 и Сурфејс===
По пуштањето во употреба на Виндоус Фоун, Мајкрософт започна постепено ребрендирање на своите производи од 2011 до 2012 – логото на корпорацијата, производите, услугите и веб-сајтовите ги присвоија елементите и концептот на ново-дизајнираниот Метро јазичен-концепт. Во Јуни, 2011, Мајкрософт го прикажа Виндоус 8, оперативен систем дизајниран да работи и со персонални компјутери, и со таблети. Основната верзија беше достапна за девелоперите на 13ти Септември, а подоцна беше заменета со верзија за потрошувачите на 29ти Февруари, 2012. На 31ви Мај, 2012, основната приказ-верзија беше пуштена во употреба.
На 18ти Јуни, 2012, Мајкрософт го најави Мајкрософт Сурфејс (анг. Microsoft Surface), првиот компјутер во историјата на компанијата чиј хардвер беше направен од Мајкрософт. На 25ти Јуни, Мајкрософт најави дека плаќа 1.2 милјарди долари за да ја откупи социјалната мрежа Јамер (анг. Yammer). На 31ви Јули, 2012, Мајкрософт го лансираше во употреба веб-меилот Outlook.com, за да се натпреварува со Гмаил (анг. Gmail). На 4ти Септември, 2012, Мајкрософт го пушти во употреба Виндоус Сервер 2012 (анг. Windows Server 2012). На 1ви Октомври, Мајкрософт најави дека планира започне со прикажување на новости, како дел од новиот изглед на МСН (подоцна во истиот месец, во исто време со пуштањето во употреба на Виндоус 8). На 26ти Октомври, 2012, Мајкрософт го пушти во употреба Виндоус 8 и Мајкрософт Сурфејс. Три дена подоцна, и Виндоус Фоун 8 беше пуштен во употреба. За да излезе на крај со потенцијално зголемување на побарувачка за нивните производи и услуги, Мајкрософт отвори голем број на “празнични продавници” низ САД како надополнување на веќе постоечките “тули-и-малтер” (анг. Bricks & mortar) Мајкрософт продавници кои беа отворени во 2012.
На 29ти Март, 2013, Мајкрософт пушти во употреба трагач на патенти. Квалитетот на сензор-направата Кинект (анг. Kinect) беше подобрен пред пуштањето во употреба на осмата генерација на Иксбокс во 2013, а нејзините квалитети беа прикажани во Мај 2013. Новиот Кинект користеше ултра-широка камера со 1080 пиксели, која може да функционира и во темно заради инфрацрвениот сензор, го имаше едниот од најмоќните и најскапите процесори како и нов софтвер, можеше да разликува мали движења (како мрдање на палецот), и направата можеше да го утврди пулсот (срцебиењето) со гледање во лицето. Мајкрософт пополни барање за добивање патент кое би и одобрило на корпорацијата да го користи Кинект системот за да го следи однесувањето на тв-гледачите како дел од планот да се доживее подобро искуство при гледањето тв. На 19ти Јули, 2013, акциите на Мајкрософт го доживеаја својот најголем едно-дневен пад од 2000 година, откако четвртиот тромесечен извештај на Мајкрософт ги загрижи инвеститорите заради слабиот успех на Виндоус 8 и Сурфејс таблетот; со падот поголем од 11%, Мајкрософт истрпи загуба од 32 милјарди долари. Во Фискалната 2010 година, Мајкрософт имаше 5 различни продуктни линии: Виндоус Дивизија (анг. Windows Division), Сервери и Алатки (анг. Servers and Tools), Дивизија за Онлајн Услуги (анг. Online Services Division), Мајкрософт Бизнис Дивизија (анг. Microsoft Business Division), и Дивизија за Забава и Уреди (анг. Entertainment and Devices Division).
На 3ти Септември, 2013, Мајкрософт се согласи да го откупи одделот за мобилни телефони на Нокиа за 7 милјарди долари. Исто така во 2013 Ејми Худ (анг. Amy Hood) стана финансиски директор (анг. Chief Financial Officer) на Мајкрософт.
Моментално извршен директор на Мајкрософт е Стив Балмер (анг. Steve Ballmer) кој планира да се повлече од функцијата 12 месеци по Август, 2013.
Здружението Интернет-достапност За Сите (анг. The Alliance for Affordable Internet, A4AI) започна со работа во Октомври 2013. Негови членови беа јавни и приватни организации помеѓу кои Мајкрософт, Фејсбук, Интел и Гугл. Предводено од Тим Бернерс-Ли (анг. Tim Berners-Lee), здружението бараше цените за користење на интернет да се намалат, така што луѓето од земјите во развој ќе можат да си дозволат да го користат. Во овие земји само 31% од луѓето се поврзани на интернет. Гугл би помогнал да се намалат цените на услугата “користење на интернет” така што цените би паднале под замислената цел на Комисијата на ОН од 5% од месечниот приход.
 
===Реорганизација===
Во согласност со созревањето на бизнисот со персонални компјутери, во Јули 2013 Мајкрософт најави дека ќе се реорганизира во 4 нови бизнис дивизии распределини по функција: Оперативни системи (анг. Operating Systems), Апликации (анг. Applications, Apps), Облак (анг. Cloud) и Уреди (анг. Devices). Сите дивизии кои постоеја претходно ќе бидат разредени низ новите дивизии, и ова ќе биде направено без загуба на работни места.
 
==Бизниси==
===Виндоус Дивизија, Сервери и Алатки, Дивизија за Онлајн Услуги===
Дивизија за клиенти ги произведе главните оперативни системи, како што беше Виндоус 8; исто така ја произведе и Виндоус Лајв (анг. Windows Live) линијата на производи и услуги. Дивизијата Сервери и Алатки ја произведе Сервер-верзијата на Виндоус, како што е Виндоус Сервер 2008 Р2 (анг. Windows Server 2008 R2), како и сетот на алатките за развој наречени Мајкрософт Визуел Студио (анг. Micorosft Visual Studio), Мајкрософт Силверлајт (анг. Microsoft Siverlight), основата за веб апликациите, и Центарот за конфигурација и менаџирање на Системот (анг. System Center Configuration Manager), сет на алатки кои овозможуваа способности за далечинско управување, менаџирање на исправки, дистрибуција на софтвер и инвентар на хардвер/софтвер. Други серверски производи се: Мајкрософт SQL Сервер (анг. Microsoft SQL Server), систем за менаџирање на датабази, Мајкрософт Ексчејнџ Сервер (анг. Microsoft Exchange Server), за одредена бизнис-ориентирана електронска пошта и способност за закажување, Смол Бизнис Сервер (анг. Small Business Server), за праќање пораки и некои други способности карактеристични за малите бизниси; и Мајкрософт БизТок Сервер (анг. Microsoft BizTalk Server), за паметно бизнис менаџирање.
Мајкрософт пружи ИТ консултирање (“Microsoft Consulting Services”) и овозможува програми за сертификација кои се регулирани од дивизијата Сервери и Алатки, со цел да се пронајдат индивидуалци кои имаат познавања и вештини за одредена функција; ова вклучува девелопери (“Microsoft Certified Solution Developer”), аналитичари/инжинери на системи и мрежи (“Microsoft Certified Systems Engineer”), тренери (“Microsoft Certified Trainers”) и администратори (“Microsoft Certified Systems Administrator” и “Microsoft Certified Database Administrator”). Мајкрософт Прес (анг. Microsoft Press), кој објавува книги, е исто така менаџиран од оваа дивизија. Дивизијата на Онлајн Услуги и Бизниз (анг. The Online Services and Business Division) раководи со онлајн сервисот МСН и со онлајн пребарувачот Бинг. Од Декември, 2009, компанијата исто така поседува 18% од кабелскиот канал за новости МСНБЦ, без никаква контрола врз пласирањето на вестите и новостите; но во секој случај, дивизијата го одржува веб-сајтот на овој канал, msnbc.com, заедно со другиот ко-сопственик на каналот, НБЦ Универзал (анг. NBC Universal).
 
===Бизнис Дивизија===
Бизнис дивизијата на Мајкрософт го произведува сетот Мајкрософт Офис (анг. Microsoft Office), вклучувајќи го и Мајкрософт Офис 2010 (анг. Microsoft Office 2010), канцеларискиот софтвер на Мајкрософт. Овој софтверски производ ги содржи: Word (процесир на зборови), Access (програма за датабази), Excel (табеларна програма), Outlook (сервис за електронска пошта, често се користи заедно со Exchange Server), PowerPoint (софтвер за презентации), Publisher (софтвер за проектирање) и SharePoint. Голем број на други производи беа додадени подоцна со пуштањето во употреба на Офис 2003 (анг. Office 2003), како што се Визио (анг. Visio), Проџект (анг. Project), МапПоинт (анг. MapPoint), ИнфоПат (анг. InfoPath) и Ноут (анг. Note). Дивизијата исто така развива и софтвер за планирање (анг. Enterprise Resource Planning, ERP) за компании кои спаѓаат во брендот Мајкрософт Дајнамикс (анг. Microsoft Dynamics). Овде се вклучени: Мајкрософт Дајнамикс AX (анг. Microsoft Dynamics AX), Мајкрософт Дајнамикс НАВ (анг. Microsoft Dynamics NAV), Макрософт Дајнамикс ГП (анг. Microsoft Dynamics GP), и Мајкрософт Дајнамикс СЛ (анг. Microsoft Dynamics SL). Овие софтвери се наменети за различни видови на компании и земји, и се лимитирани на организации чиј број на вработени е под 7,500. Исто така во Дајнамикс брендот вклучен е и софтверот за менаџирање на односи со клиентите, наречен Мајкрософт Дајнамикс ЦРМ (анг. Microsoft Dynamics CRM), дел од платформата Азур Сервисес (анг. Azure Services Platform).
 
===Дивизија за Забава и Уреди===
Дивизијата за Забава и Уреди ги произведува Виндоус ЦЕ (анг. Windows CE), оперативниот систем за вградените системи и Виндоус Фоун (анг. Windows Phone), оперативниот систем за паметните телефони. Мајкрософт првобитно влезе на пазарот за мобилни телефони со Виндоус ЦЕ за уредите дизајнирани да бидат држани во раце, подоцна развивајќи го оперативниот систем Виндоус Мобајл (анг. Windows Mobile) и на крај, Виндоус Фоун (анг. Windows Phone). Виндоус Це е дизајниран за уреди каде што оперативниот систем не е видлив за крајниот корисник, воглавно за апарати и коли. Дивизијата исто така произведува компјутерски игри кои работат на компјутери кои користат Виндоус и други оперативни системи. Во овие игри спаѓаат: Age of Empires, Halo и серијата Microsoft Flight Simulator. Исто така оваа дивизија е дом и на Бизнис Единицата Макинтош (анг. Macintosh Business Unit) која го произведува оперативниот систем Макинтош вклучувајќи го и Мајкрософт Офис 2011 (анг. Microsoft Office 2011). Дивизијата за Забава и Уреди дизајнира, промовира, и произведува електроника за потрошувачите вклучувајќи ја и играчката конзола Xbox 360, медиа плејерот Зун (анг. Zune), како и интернет-базираната ТВ - МСН. Мајкрософт исто така промовира хардвер за персонални компјутери вклучувајќи глувци, тастатури, и различни гејмерски контролери, како што се џојстикот и гејмпедот (рачка за играње).
 
==Култура==
Техничките упатства за девелоперите и артикли од различни Мајкрософт магазини, како што е Мајкрософт Системс Журнал (анг. Microsoft Systems Journal) се достапни преку Мајкрософт Мрежата за Девелопери (анг. Microsoft Developer Network). Оваа мрежа исто така така нуди претплата за компании и индивидуалци, а поскапите претплати нудат пристап до бета верзии на Мајкрософт софтвер пред тој да буде пуштен во јавна употреба. Во Април, 2004, Мајкрософт пушти во употреба веб-сајт за девелопери и корисници, наречен Канал9 (анг. Channel9), на кој има wiki (уредување на артиклите од страна на корисниците) и Интернет форум (анг. Internet forum). Друг веб-сајт кој овозможува пристап до секојдневни видео-преноси и други услуги, On10.net , беше пуштен во употреба на 3ти Март, 2006. Бесплатна техничка подршка е обезбедена преку онлајн групата за новости Јуснет (анг. Usenet), и КомпуСерв (анг. CompuServe) во минатото, кои се надгледувани од вработени во Мајкрософт; може да постојат повеќе различни групи за новости за еден ист продукт. Луѓето кои се корисни за овие форуми и групи добиваат положба на MVP (Microsoft Most Valuable Professional) од страна на вработени во Мајкрософт. Ова им овозможува да добијат специјален социјален статус и им отвора можности за добивање награди и други бенефиции.
== Наводи ==
{{reflist}}
3

уредувања