Ела Фицџералд: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox musical artist <!-- See Wikipedia:WikiProject Musicians --> | name = Ела Фицџералд | image = Ella Fi...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
 
==Ран живот==
Фицџералд била родена во Њупорт Њуз, Вирџинија, а нејзини родители биле Темперенс „Темпи“ и Вилијам Фицџералд. Набргу откако се родила, нејзините родители се разделиле, а Ела заминала да живее со нејзината мајка во Јонкерс, Њујорк, каде по извесно време се вселиле кај долгогодишниот партнер на нејзината мајка, Џозеф Да Силва. Во детството таа сакала да биде танчерка иако обожувала да ги слуша џез песните на ''[[Louis Armstrong]]'', ''[[Bing Crosby]]'' и Босвел сестрите. За нејзиниот идол, пејачката Кони Босвел, има кажано: „Мајка ми донесе дома една нејзина плоча и се вљубив во неа... Се обидував да звучам како неа.“
Нејзината мајка починала од срцев удар во 1932 година и по оваа трагедија интересот на Ела за училиште се намалил. Заминала да живее со нејзината тетка откако била злоупотребувана од нејзиниот очув и некое време работела како набљудувач за еден бордел и била поврзана со игри на среќа поврзни со мафијата. Кога властите ја фатиле, Ела прво била сместена во сиропиталиште за сираци со обоена кожа во Ривердејл, Бронкс. Меѓутоа, кога сиропиталиштето било преполно, таа заминала во училиште за обучување на девојчиња во Хадсон, Њујорк. По извесно време побегала и одредено време била бездомник.
 
==Рана кариера==
Своето пејачко деби го имала на 21ви ноември,1934, на 17 години, во театарот Аполо, во Харлем, Њујорк. Таму прилекувала неделна публика и имала шанса да се натпреварува во една најраните познати Аматерски ноќи. Најпрво планирала да настапува со танц, но, заплашена од изведбата на сестрите Едвардс, таа одлучила да запее во стилот на Кони Босвел. Ја отпеала Judy и The Object of My Affection и освоила 25 долари за првото место.
Во јануари 1935, Фицџералд добила шанса да настапува една недела со Tiny Bradshaw бендот во операта во Харлем. Таму се запознала со тапанарот и фронтменот Чак Веб. Веб веќе го најмил пејачот Чарли Линтон да свири со бендот и овозможил да има проба со неговиот бенд кога свиреле на една игранка на ''[[Yale University]]''.
Почнала често да пее со оркестарот на Веб се до 1935 година во Савој Болрум во Харлем. Фитцџералд снимила неколку хитови со нив, вклучувајќи ги и Love and Kisses (If You Can’t Sing It) You’ll Have to Swing It (Mr. Paganini). Но, она со што ја воодушевила публиката била нејзината верзија на детска песна од 1938 "A-Tisket, A-Tasket".
По смртта на Чик Веб, на 16ти јуни 1939, бендот се преименувал во Ела и Нејзиниот Познат Оркестар.
Ред 34:
Во 1942 година, Фицџералд го напуштила бендот за да започне сопствена кариера. За време на нејзината соработка со продукцентската куќа ''[[Decca]]'', таа имала неколку популарно хитови работејќи со артисти како Bill Kenny & The Ink Spots и The Delta Rhythm Boys.
Појавувањето на бибоп довело до нови развивања во вокалниот стил на Фицџералд, поттикнат од нејзината соработка со бендот на ''[[Dizzy Gillespie]]''. Токму во тој перид Фицџералд почнала да го вклучува скет пеењето како главен дел од нејзините настапи. Пеејќи со Gillespie, Фицџералд се присетува :“ Само се обидував ( со гласот ) да го сторам она што го прават трубите во бендот “.
Нејзината снимка на песната “ Flying Home “ во 1945 година, адаптирана од VikVic Schoen, е подоцна опишана од весникот New York Times како “една од вокално највлијателните џез песни на деценијата.... Додека други пејачи, особено Луис Армстронг, имале слични импровизации, никој како госпоѓицата Фицџералд не ја применил таа техника со таква импресивна креативност “. Нејзината бибоп снимка на песната “ Oh, Lady Be Good “ (1947) била со приближна популарности и ја зголемила нејзината репутација како една од водечките џез вокалисти.
 
==Години во “Verve”==
До 1955 година, Фицџералд се уште настапувала на концертите на ''[[Jazz at the Philharmonic]]''. Ги напуштила ''[[Decca]]'' и сега нејзиниот менаџер, Гренз, ја основал продуцентската куќа Verve за неа. Тој период Фицџералд подоцна го опишува како стратешки важен, мислејќи дека бибап е модерно и дека се што треба да стори е да оди и да пее бибап. “Тогаш сфатив дека музиката е многу повеќе од бибап. Норман мислеше дека треба да пејам и други работи, па затоа заедно ја продуциравме The Cole Porter Songbook. Тоа беше пресвртница во мојот живот.”
Објавена во 1956 година, Ella Fitzgerald Sings the Cole Porter Songbook, била прва од осумте збирки со песни што Фицџералд ги снимила за Verve во периот од 1956 до 1964. Композиторите и авторите на текстовите означени на секоја збирка, во целина го претставуваат најголемиот дел од културниот каноник познат како ''[[The Great American Songbook]]''.
''[[Ella Fitzgerald Sings the Duke Ellington Song Book]]'' била единствената збирка со песни каде учествувал и композиторот чии песни Ела изведувала. ''[[Duke Ellington]]'' и неговиот долгогодишен соработник Billy Strayhorn пееле на половина од 38те песни од збирката и напишале две нови песни за албумот “ The E and D Blues “ и музички портрет на Фицџералд во четири дела (тоа е единствената песна од збирката каде Фицџералд не пее). Збирките на песни биле со воодушевување прифатени од критиката и биле комерцијално успешни и се најзначајниот подарок за американската култура. Во 1996, New York Times напишал, “Овие албуми се меѓу првите поп плочи кои посветуваат многу внимание на индивидуалните композитори и имале важна улога во утврдувањето на поп албумите како средство за сериозно музичко истражување”.
Неколку дена по смртта на Фицџералд, колумнистот на New York Times, Frank Rich, напишал дека “со збирката на песни Фицџералд направила извонредна трансакција како што сторил Елвис со истовремената интеграција на белата и африканско-американска душа. Тоа беше црна жена која ги направи популарни урбаните песни, често напипани од Евреи имигранти, за публика каде доминираат белите христијани”.
 
Исто така, Фицџералд снимила албуми посветени на песните на Porter и Gershwin во 1972 и 1983 година, а албумите биле по овој редослед, ''[[Ella Loves Cole]]'' и ''[[Nice Work If You Can Get It]]''. Подоцна, колекцијата посветена на еден композитор, Ella Abraca Jobim, била објавена за време на нејзината соработка со Pablo Records, каде се појавуваат и песните на Antonio Carlos Jobim.
 
На 15ти март, 1955 година, Ела го започнала нејзиниот ангажман со ноќниот клуб Мокамбо, во Холибуд, откако Мерлин Монро вршела притисок врз менаџерот за да ја резервира. Ова резервирање било клучно воза кариерата на Фицџералд. Бони Грир тој настан го претставила како претстава во 2005 година. Било општо изјавено дека Ела била првиот африканско-американски настапувач во Мокамбо, што не било вистина. Други африканско-американски пејачи какоHerb Jefferies, Eartha Kitt и Joyce Bryan настапувале во Мокамбо во 1952 и 1953 година, заклучено од статиите објавени во тоа време во ''[[Jett Magazine]]'' и ''[[Billboard]]''.
Има неколку албуми со песни отпеани во живо во ''[[Verve]]'' кои се многу ценети од критичарите. ''[[Ella at the Opera House]]'' покажува еден типичен ''[[ЈАТР]]'' сет од Фицџералд. ''[[Ella in Rome]]'' и ''[[Twelve Nights in Hollywood]]'' го покажуваат нејзиниот вокаленџезвокален џез канон. Ella in Berlin е се уште еден од нејзините најпродавани албуниалбуми; овој албум вклучува и настап, кој освоил Греми награда, од “Mack the Knife” каде таа го заборавила текстот на песната, но надоместила со одлично импровизирање.
Verve Records]]'' била продадена на MGM во 1963 година за 3 милиони долари, но MGM не го обновил повторно договорот со Ела во 1967. Во наредните пет години таа се селела помеѓу многу музички куќи како Atlantic, Capitol и Reprise. Во тоа време, нејзиниот материјал за песни претставувал отстапување од нејзиниот типичен џез репертоар. За Capitol таа го снимила албумот со химни ''[[Brighten the Corner]]'', албумот со традиционални божиќни песни ''[[Ella Fitzgerald’s Christmas]]'', албумот со влијание од кантри и вестерн музиката, ''[[Misty Blue]]'' и ''[[30 by Ella]]'', низа од шест песни состаени од разлицни делови кои ги исполнуваат нејзините должности кон музичката куќа. Во тој период, таа го имала нејзиниот последенсингл на американските топ листи, тоа била преработка на “Get Ready” од Smokey Robinson, поранешен хит на ''[[The Temptations]]'' и неколку месеци подоцна бил хит меѓу првите пет за ''[[Rare Earth]]''.
Неочекуваниот успех на албумот од 1972, ''[[Jazz at Santa Monica Civic ’72]]'', го поттикнало Granz да ја формира неговата прва музичка куќа по породажбата на ''[[Verve, ''[[Pablo Records]]''. За оваа музичка куќа Фицџералд снимила околу 20 песни. Албумот ''[[Ella in London]]'', сниман во живо во 1974 со пијанистот Tommy Flanagan, гитаристот Joe Pass,басистот Keter Betts и тапанарот Bobby Purham е сметан од многумина за нејзино најдобро дело. Наредната година таа повторно настапувала со Joe Pass на германската телевизиска станица NDR во Хамбург. Годините работа со ''[[Pablo Records]]'' исто така го документирале и влошувањето на нејзиниот глас. “Често користеше кратки, остри фрази и нејзиниот гласстана груб, со пошироко вибрато”, пишува еден биограф. Измачена од здравствените проблеми, Фицџералд ја направила својата последна снимка во 1991, а нејзиниот последен јавен настап бил во 1993 година.