Разлика помеѓу преработките на „Чикаго Булс“

Додадени 36 бајти ,  пред 7 години
поправки
(→‎Основање на тимот: ситна поправка)
(поправки)
 
==Историја за Франшизата==
 
==Основање на тимот==
Чикаго булс се трета НБА франшиза од Чикаго, по Пакер-Зефирс ( Сегашните Вашингтон Визардс) и Стагс (1946-50). Основачот на Булс Дик Клејн беше единствениот сопственик кој играл професионално кошарка ( за Чикаго Американ Гиарс). Тој беше претседател и генерален менаџер на тимот во почетокот.Тимот започна да игра во НБА лигата во сезоната 1966-67 и ги постигна најдобрите резултати како нов тим во лигата во историјата на НБА. Предводени од поранешната НБА ѕвезда Џони ,,Ред’’ Керр и поранешниот НБА лидер во асистенции Гај Роџерс и Боб Бузер во нападот, Булс се квалифукуваа за во плејофот, што ги одвои како единствениот тим во НБА што во првата сезона се квалификувал во Плејоф.1966-1974: Успесите во почетокот
 
Чикаго булс се трета НБА франшиза од Чикаго, по Пакер-Зефирс ( Сегашните Вашингтон Визардс) и Стагс (1946-50). Основачот на Булс Дик Клејн беше единствениот сопственик кој играл професионално кошарка ( за Чикаго Американ Гиарс). Тој беше претседател и генерален менаџер на тимот во почетокот.Тимот започна да игра во НБА лигата во сезоната 1966-67 и ги постигна најдобрите резултати како нов тим во лигата во историјата на НБА. Предводени од поранешната НБА ѕвезда Џони ,,Ред’’ Керр и поранешниот НБА лидер во асистенции Гај Роџерс и Боб Бузер во нападот, Булс се квалифукуваа за во плејофот, што ги одвои како единствениот тим во НБА што во првата сезона се квалификувал во Плејоф.
 
==1966-1974: Успесите во почетокот==
Во првите две сезони тимот поголемиот дел од домашните натпревари ги играше во арената Интернационалниот амфитеатар пред да играат на стадионот ,,Чикаго’’.Подршката од навивачите беше на поразително ниво по четирите просечно одиграни сезони, од кој на еден натпревар од сезоната 1967-68 година официјаната посетеност била 891 присутен,а пак дури и одигрување на некои натпревари во Канзас Сити.Но откако Клејн се откажа од позицијата главен менаџер во 1969 година го покани Пет Вилијамс кој како бизнис менаџер на клубот Севенти Сиксерс со создавање промоции му помогна на тимот на Булс да премине како трет по посетеност на натпревари сезоната.Вилијамс го промени составот на играчи.Тој го донесе Чет Вокер за замена со Џим Вашингтон играч од неговиот поранешен клуб, и како избор на драфтот го одбра Норм Ван Лиер. Норм за жал таа сезона не заигра бидејќи беше продаден на тимот Рочестер Ројалс, но шансата да заигра за Булс ја доби 1971 година.Вилијамс исто така ја создаде маскотата на Булс позната како Бикот Бени.
 
Под водство на Вилијамс и Дик Мота како главен тренер Булс се квалификуваа на четири плејофа по ред и ја променија драстично посетеноста на натпреварите која достигнуваше до 10.000 присутни. Во 1972 година Булс постави рекорд од 57 победи и 25 изгубени натпревари.Во времето на седумдесетите тимот на Булс беше составен од Џери Слоан, Боб Лав и Чет Вокер во нападот, плејмејкерот Норм Ван Лиер и центрите Клифорд Реј и Том Боервинкел. Тимот на Булс во 1975 стигна до конференциското финале на кое изгуби од тимот на Голден Стејт Вориорс. По четири добро изиграни сезони Вилијамс се врати во Филаделфија, а неговата позиција ја презеде Дик Мота.Истата сезона беше поразителна за Булсите со само 25 победи.По оваа сезона Мота беше отпуштен и заменет со Ед Баџер.
 
==1984-1998: Ерата на Мајкл Џордан==
 
Летото 1984 година тимот на Булс ја измени својата иднина засекогаш со тоа што го доби третиот избор на играч на драфтот 1984 год. по тимовите на Хјустон и Портланд кои ги добија првиот и вториот избор на играч.Тимот Рокетс го избраа Хаким Олаџувон, Блејзерс го избраа Сем Боуви, а пак тимот на Булс го избра Мајкл Џордан со позиција бек. Тимот со ново оформеното раководство на сопственикот Џери Рајнсдорф и генералниот менаџер Џери Краус одлучи да направи целосна реконструкција на тимот, со што Џордан беше во преден план. Џордан постави рекорди во франшизата уште во неговите дебитантски години, трет играч во лигата по погодени поени и четврт во украдени топки.Тој уште во првата година се избори и ги одведе Булс на Плејофот таа сезона, но за жал изгубија во првото коло од тимот на Милвоки Бакс. Тој за неговиот труд таа година беше почестен со две награди, место помеѓу вториот тим на најдобрите играчи во НБА (All-NBA Team-second team) и наградата за најдобар најмлад играч во лигата.Во наредната сезона тимот го купи играчот Џон Паксон кој играше на позицијата организатор на игра, и на денот на драфтот Булс направи договор со тимот Кливленд за крилниот центар Чарлс Окли. Овие играчи заедно со Џордан и центарот Дејв Корзин придонесоа многу за нападот на тимот во наредните две години.
 
 
==1990-1993: Први три титули во низа==
 
Наредната сезона, односно 1991/92 год. Булс ја освоија повторно титулата.Оваа сезона тие повторно поставија нов рекорд од 67 победи во регуларниот дел од сезоната. Во финалето таа година играа со тимот Портланд Треил Блејзерс предводени од Клајд Дрекслер во регуларни шест одиграни натпревари Булс беа доминантни и ја освоија титулата повторно.Во наредната сезона 1992/93 година, Булс го направија она што ниеден тим по Селтикс во 60-те, трета титула по ред соочувајќи се со тогашниот највлијателен играч Чарлс Баркли од редовите на Феникс Санс. Победата ја круниса Џон Паксон со што погоди тројка со само 3,9 секунди преостанати за игра во 6 натпревар, што заврши со резултат 99-98 и победа на Булс.
 
 
==1993-1995:Првото пензионирање на Џордан==
 
Есента 1993 година Џордан ја шокираше кошаркарската заедница со изјавата за негово пензионирање, неколку месеци откако тој дознал за убиството на неговиот татко. Булс тогаш беа предводени од Скоти Пипен, кој себе си се постави меѓу најдобрите играчи во лигата со освојувањето на наградата за највреден играч на Ол Стар (All-star games) натпреварите 1994 година.Тој беше потпомогнат во играта од Хорас Грент и Б.Џ Армстронг кои таа сезона беа за прв пат одбрани за Ол Стар (All-star games) натпреварите.Останатиот дел од екипата на Булс беше составен од Картврајт, Пердју, Пит Маерс со позиција бек и дебитантот од Хрватска Тони Кукоч. И покрај 55-те победи на Булс во сезоната 1993/94 година, тие изгубија од Никс во втората рунда од плејофот, по свирнувањето на контраверзен прекршок од страна на судијата Хју Холинс во петиот натпревар меѓу Булс и Никс. Тимот на Никс евентуално таа сезона стигна до финалето, но за жал загуби од тимот ,,Хјустон Рокетс’’.Следната сезона, односно 1994/95 година Булс ја забележија со заминување од стадионот во Чикаго кој беше нивни дом цели 27 години, тие го преселија клубот во Јунајтед центарот (United Center).
 
 
==1995-1998: Вторa низа на титули==
 
Харпер, Џордан, Пипен, Родма и Лонгли како прва петорка и Кер, Кукоч, Венингтон, Бушлер и Ренди Браун како измени, Булс поставија една од најдобрите подобрувања во лигата во рок од една сезона и најдобриот рекорд во натпревари за една сезона, промена од добиени 47 и изгубени 35 натпревари на 72 добиени и 10 изгубени кој е сеуште најдобриот рекорд во НБА лигата. Џордан ја доби по осми пат наградата за погодени поени, Родман за петти пат наградата за скокови, додека Кер ја заврши сезоната како втор во погодени тројки во лигата.Џордан таа сезона ја собра наградата за највреден играч три пати, за време на регуларната сезона, за време на Ол Стар натпреварите и во Финалето.Краус беше назначен за менаџер на годината, Џексон за тренер на годината и интернационалецот Кукоч беше прогласен за најдобар шести човек на годината.
 
 
==1999-2004: Шест тешки сезони==
 
Летото 1998 година донесе изненадувачки крај на шампионската ера.Краус имаше чуство дека екипата е веќе стара и не може да победува.Тој одлучи дека како единствени опции на тимот се, да го обнови тимот или соочување на тимот со бавно опаѓање.Планот на Краус беше да ги продаде играчите кои се веќе возрасни и да донесе нови таленти со избор на драфтот, додека ја ослободи и зголеми касата на тимот, со што ќе се купат некои слободни надежни играчи.На оваа идеја Краус добил вето од сопственикот на тимот Џери Реинсдорф, но затоа по одреден период тој го заменува Скоти Пипен за Рој Роџерс и дополнително право на избор на играч на драфтот таа година.Краус одбил да го продолжи договорот со Денис Родман и ги заменил Лук Лонгли и Стив Кер за да добие право за избор на повеќе играчи на драфтот.
Тој го вработил Тим Флојд како нов тренер, по заминувањето на Фил Џексон.По краток прекин на сезоната 1998/99 година тимот на Булс играл со првата петорка која била предводена од страна на Ренди Браун како организатор на игра, Рон Харпер во позиција на бек, новиот играч Брент Бери во позиција на крило, Тони Кукоч како крилен центар и Бил Венингтон како центар. Кукоч го преводел тимот во поени, скокови и асистенции, но сепак тимот потфрлил и победил само на 13 натпревари од 50 одиграни.Таа сезона Булс доживелае рекорд во историјата на НБА за најмалку дадени поени во еден натпревар, односно 49 поени во натпреварот против тимот ,,Мајами Хит’’ на 10 Април.Во наредната сезона тимот го добива крилниот центар Елтон Бренд на драфтот, но пак ги загуби Харпер, Венингтон и Бери од клупата на Булс во периодот пред почетокот на сезоната.Таа сезона Кукоч се соочи со повреда која го спречи да игра поголемиот дел од сезоната, со што тимот беше предводен од Бренд и Рон Артест. И покрај тоа, тимот ја заврши сезоната со катастрофален резултат од 17 победи и 65 порази.
 
==2004-2007:Враќање во плејофот==
 
За време на предсезоната 2005/06 Булс на драфтот ги одбраа играчите Луал Денг и Крис Духон, и потпиша договор со интернационалецот Андрес Ночиони, кој покажал одлични резултати во Аргентинскиот национален тим. По лошиот старт на Булс со 9 порази, со подобрување во редот на одбраната и одлична игра од Гордон. Булс таа сезона завршија со резултат од 47 победи и 35 порази како трет тим во источната конференција, со што влегоа повторно во Плејофот по заминувањето на Џордан. Таа сезона Бен Гордон беше назначен за најдобар шестти играч, награда која во редовите на Булс беше последен пат освоена од страна на Кукоч во 1996 година.Таа сезона тимот се квалификува во плејофот, каде што беа поразени во првиот дел од Мајами Хит.
 
12

уредувања