Сираба Дембеле: Разлика помеѓу преработките

Француска ракометарка
Избришана содржина Додадена содржина
AXSONNN (разговор | придонеси)
Создадена страница со: {{Infobox handball biography | name = Сираба Дембеле | image = | nationality = Французинка...
(нема разлика)

Преработка од 22:54, 25 декември 2013

Сираба Дембеле (родена на 28 Јули 1986 год. во Дре, Франција) е француска ракометарка која игра во ЖРК Вардар СЦБТ, и настапува за женската ракометарска репрезентација на Франција.

Сираба Дембеле
Лични податоци
Роден(а) 28 јуни 1986(1986-06-28)(37 г.)
Дре, Франција
Националност Французинка
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001720000001,72 м
Тежина 64 Кг.
Позиција Лево Крило
Клупски податоци
Тековен клуб ЖРК Вардар СЦБТ
Број 17
Сениорски клубови
1996-2003
2003-2004
2004-2008
2008-2009
2009-2012
2012-2013
2013
Франција Вале д’Авр
Франција Дро АК
Франција Мерињак
Франција Изи ле Мулино
Франција Тулон
Данска Рандерс
Македонија ЖРК Вардар СЦБТ
Репрезентација
2006- Франција Франција 158 (518)


Сираба Дембеле е француска репрезентативка која игра на позицијата лево крило. Четири години по ред (2008-2011) беше прогласена за најдобро лево крило, а во 2011 година го доби признанието за најдобра ракометарка во шампионатот на Франција. Дембеле е родена во градот Дро во Франција каде ги направи првите ракометни чекори во 1996 година под водство на тренерот Ален Марше. Со нејзиниот прв клуб Вале д’Авр (HC Vallee d’Avre) настапуваше во понизок Н3 ранг. Една сезона настапуваше за екипата на Дро (Dreux AC), а од 2004 година се пресели во прволигашот Мерињак (Merignac Handball) за кој настапуваше во наредните четири години. Една сезона (2008/2009) Дембеле мина во дресот на Изи ле Мулино (Issy les Moulineaux), а потоа до 2012 година го носеше дресот на Тулон (Toulon St-Cyr Var Handball) со кој освои една шампионска и две титули во Купот на Франција. Во 2012 година од Франција се пресели во Данска, во екипата на Рандерс (Randers HK). По една сезона мината во Данска, Дембеле кариерата ја продолжува во ЖРК Вардар СЦБТ.

За сенироската репрезентација на Франција, Сираба Дембеле дебитираше на 26 мај 2006 година на натпреварот против Турција. Со француската репрезентација има освоено два сребрени медали на СП 2009 во Кина и на СП 2011 во Бразил и бронзен медал на ЕП 2006 во Шведска. На СП 2010 во Норвешка и Данска, со Франција го освои 5.место, а истиот пласман Французинките го остварија и на ОИ 2012 во Лондон. На ЕП 2012 во Србија завршија на 9.место.