Македонски јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32:
[[Асеманово евангелие]].]]
{{Македонски јазик}}
Македонскиот јазик е мајчиниот јазик на [[Македонци]]те, официјален јазик во [[Република Македонија]] и малцински, службен јазик во [[Албанија]], [[Србија]] и во [[Косово]] (познат како [[горански дијалект]]). Јазикот го зборуваат над 3 милиони луѓе во Македонија, [[Грција]], [[Бугарија]], [[Албанија]] и во македонската дијаспора. Јазикот според лингвистичката категорија спаѓа во групата на [[јужнословенски јазици]] на [[словенските јазици]]. Македонскиот е исто така втор јазик за околу 677.733 граѓани во Македонија, односно припадниците на малцинствата во државата (иако меѓу овие има голем број луѓе каде јазикот им е мајчин, особено меѓу Македонците-муслимани).
 
На територијата што денеска ја зазема, а што во блиско минато била поширока, македонскиот јазик се формирал од говорите на македонските племиња ја населувале територијата на [[етничка Македонија]], па се длабоко во териториите на денешните Грција и Албанија, но со самиот развој на државите тој регион се стеснал и македонските говори во тие краишта полека почнал да се заменува со други јазици. Денес во Албанија, македонски јазик се зборува најмногу во [[Мала Преспа]], [[Голо Брдо]] и скоро сите погранични места со Република Македонија. Во [[Приморска Македонија]], македонскиот јазик се зборува најмногу ви префектурите Воден и Лерин но и во другите градови и села во Приморска Македонија. Во Бугарија, македонскиот јазик се зборува во [[Пиринска Македонија]] (од помалку од 1% од населението во современите политичко-општествени околности)<ref>[http://www.nsi.bg/Census/MotherTongue.htm Попис 2001]</ref> а во [[Србија]] се зборува во пограничниот регион со Македонија и во областа Гора во [[Косово]].<ref name="конески">{{цитирана книга|last=Конески|first=Блаже|title=Историја на македонскиот јазик|publisher=Култура|location=Скопје|date=1967|language=македонски}}</ref>