Глаголи во македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Надворешни врски: не е целосно опфатена темата
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Македонски времиња}}
'''Глаголите во [[македонскиот јазик]]''' сочинуваат сложена зборовна група. Според општата класификација, македонските глаголи се менлива група зборови и се обележани за следниве граматички категории: вид, време, начин, лице, род, број, залог и преодност. Како резултат на исчезнувањето на инфинитивот во македонскиот јазик, македонските глаголи се делат на три големи групи според последниот вокал во трето лице еднина од сегашното време: а-група, и-група и е-група. Глаголот „сум” е единствениот глагол чија форма за трето лице еднина сегашно време не завршува на самогласка и затоа се смета како исклучок.
 
Македонскиот јазик го изгубил инфитивот сосема и нема остатоци од него, за разлика од останатите словенски јазици каде има, а бугарскиот има остатоци од инфитивот. Старословенските партиципи во македонскиот биле изгубени или променети. Инфинитивните дел-реченици од останатите словенски јазици одговаат со да-конструкцијата или конструкција со глаголска именка. Сегашниот активен партицип во македонскиот се променил во глаголски прилог. Минатиот пасивен партицип преживеал како глаголска придавка. Резултативниот партицип преживеал како глаголска л-форма (не е партицип бидејќи нема атрибутивна функција). Сегашниот пасивен партицип преживеал во одредени изолирани случаеви (остатоци) како на пример зборот „лаком“. Минатиот активен партицип преживеал само во зборот „бивш“.{{ref|Friedman}}
 
==Поделба на глаголи==
Како резултат на исчезнувањето на инфинитивот во македонскиот јазик, македонските глаголи се делат на три големи групи според последниот вокал во трето лице еднина од сегашното време: а-група, и-група и е-група. Глаголот „сум” е единствениот глагол чија форма за трето лице еднина сегашно време не завршува на самогласка и затоа се смета како исклучок.
 
Понатаму, глаголите се делат според видот на несвршени глаголи (зборува, оди, пие итн.), на свршени глаголи (зароби, дојаде итн.) и на двовидски глаголи (најчесто глаголи што завршуваат на -ира: акумулира, се консултира итн.). Видот е граматичка и лексичка категорија од исклучително значење за оваа зборовна група. Според неа се одлучува во кое време и на кој начин ќе се менува еден глагол. Свршените глаголи од и-групата и е-групата се делат на три, односно на четири раздели според основниот вокал во првото лице еднина од минатото определено свршено време (аорист).{{ref|Opsta}}