Лизинг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Оперативен лизинг: ситна поправка
Нема опис на уредувањето
Ред 82:
*Во случај на неплаќање на доспеаните обврски по кредитот или лизингот, кредитодавателот и давателот (кога средството служи како обезбедување на кредитот) ќе ја преземе сопственоста, односно правото на користење на средството.
*Ризикот и трошокот од сопственоста, како што е одржувањето, се на товар на кредитокорисникот и корисникот на лизинг.
*Договорите се нераскинливи, се додека кредиторот или давателот на лизинг не си ги наплати побарувањата.
Иако и лизингот и кредитирањето вклучуваат кредитна одлука и проценка на финансискиот ризик, сепак кај лизингот постојат два дополнителни фактора. Прво, тие имаат познавање во врска со средствата и кредитната одлука се базира на средството, односно на неговиот ефект врз готовинскиот тек на претпријатието. Ова е различно од кредитирањето базирано на обезбедување. Банките и другите кредитори одлуката ја базираат на билансната вредност на обезбедувањето. Вториот фактор е што лизинг-компаниите се ориентирани кон продажбата и услугите. Тие користат специјализирани знаења за да го премостат јазот помеѓу снабдувачите и купувачите, а овие знаења исто така ин даваат предност при продажбата на преземените средства. Снабдувачите најчесто немаат доволно познавање од финансии и кредитни одлуки, а корисниците на лизинг не се специјалисти за финансии, кредити и купопродажба на опрема. Од тие причини и снабдувачите и корисниците на лизинг ги користат услугите на лизинг-компаниите, кои ги имаат потребните знаења и имаат капацитет да зајмуваат финансиски средства и да кредитираат.
 
== Предности и слабости на лизингот ==
Ред 146 ⟶ 147:
*Поедноставна и пократка процедура за одобрување, што подразбира минимална потребна документација и анализа на готовинскиот тек на претпријатието по набавката на средството и донесување одлука дури и за еден ден.
*Не се оптоварува кредитната рамка кај банката, што значи дека кредитната способност нема да се намали со склучување на договорот за лизинг.
Меѓутоа, интересен е податокот во врска со структурата на најважните извори на финансирање на малите и средните претпријатиа, каде што како трет најзначаен извор, по банкарските кредити и кредитните линии/дозволени пречекорувања, се јавуваат лизингот и [[факторингот.]]<ref>Europian Central Bank (2012), "Survey on the access to finance of SMEs in the Euro area from October 2011 to March 2012"</ref>
Лизингот е особено атрактивен за малите и средните претпријатиа, бидејќи им обезбедува можност за финансирање и на 100% од вредноста на средството, без притоа да мораат да понудат дополнително обезбедување. Затоа лизингот е одличен инструмент токму за малите и средните претпријатиа со висок потенцијал за пораст и старт-ап бизнисите.
 
== Лизинг-секторот во Македонија==
Правната рамка за функционирање на лизингот во Македонија е утврдена со [[Закон за лизинг|Законот за лизинг]], со која се уредуваат начинот и условите за вршење лизинг на подвижни и недвижни предмети, како и правата и обврските на страните во договорот за лизинг.<ref>Закон за лизинг, Службен весник на РМ, бр. 4/2002, 49/2003, 13/2006 и 88/2008.</ref> Согласно Законот за лизинг, даватели на лизинг се домашни трговски друштва и странски трговски друштва што имаат основано подружница во [[Република Македонија]], во согласност со [[Закон за трговски друштва|Законот за трговски друштва]]. За да можат [[трговско друштво|трговското друштво]] и подружницата на странско трговско друштво да бидат даватели на финансиски лизинг во Република Македонија, треба да добијат дозвола од Министерството за финансии за бршењевршење на финансиски лизинг.
На [[Пазар|пазарот]] на финансиски лизинг во Македонија во [[2012]] година активно работеле 11 лизинг-друштва.<ref>Министерство за финансии, ''Регистар на даватели на финансиски лизинг''.</ref> Притоа, во регистрираните лизинг-друштва во Македонија доминира финансискиот лизинг, односно 100% од лизинг-компаниите нудат финансиски лизинг, додека оперативен лизинг нудат само три лизинг-компании.
Ред 156 ⟶ 159:
 
Лизинг-секторот во Македонија, исто како и [[Банкарски систем на Македонија|банкарскиот сектор]], во 2011 година се соочил со отежната наплата на побарувањата, што придонесло за продолжување на [[Профит|непрофитабилното]] работење на секторот и остварување загуба од 22,6 милиони [[Денар|денари]]. Како резултат на тоа, се намалиле бројот и вредноста на новите договори склучени од страна на лизинг-компаниите.
Учеството на вредноста на новосклучените договори за лизинг во 2011 година изнесувал само 0,4% во македонскиотод БДП.<ref>Народна банка на Република Македонија, ''Извештај за финансиска стабилност 2011'', стр. 146.</ref> КарактеристикаДоколку се анализира структурата на активните договори за лизинг-секторот, водоговорите Македонијасо ефизички лица учествуваат со 54%, теснатадодека специјализираностучеството на регистриранитеправните лизинг-компаниисубјекти изнесува 46%. ИстоОд такааспект на намената, неповолнадоминира ефинансирањето состојбатаза иподвижни предмети, што учествува со понудата97,8% наво средствавкупната штоструктура сеод нудатактивните надоговори за лизинг,. приНајголемо штоучество предностакај јаактивните договори за правни субјекти имаат возилатапатничките возила, со 65% од вкупните активни лизинг-договори со правни субјекти, додека само 8% од лизинг-договорите се искористени за набавка на опрема и машини.
Карактеристика на лизинг-секторот во Македонија е тесната специјализираност на регистрираните лизинг-компании. Исто така, неповолна е состојбата и со понудата на средства што се нудат на лизинг, при што предноста ја имаат возилата.
Лизинг-понудата во Македонија не кореспондира со потребите на секторот на малите и средните претпријатиа за гфинансирање на нивните инвестиции и може само делумно да се користи како супститут на банкарските долгорочни кредити. Од финансиска гледна точка, лизингот за малите и средните претпријатиа се уште е поскапа варијанта од кредитот.
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лизинг