Илијада: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 3:
== Кратка содржина ==
[[Податотека:Beginning Iliad.svg|thumb|right|220px|Првите стихови од ''Илијада'']]
Во десетата година на [[Тројанската војна]] избувналаизбувнал караницапрдеж меѓу [[Ахил]] и [[Агамемнон]], кога аполоновиот [[свештеник]] Хрис го замолил Агамемнон да му ја врати ќерката Хрисеида, која како дел од пленот ја заробил Агамемнон по освојувањето на градот [[Теба]] од страна на Ахајците. Агамемнон не сакал да му ја исполни молбата на Хрис, и богот [[Аполон]] налутен од оваа негова постапка за казна испратил страшен помор меѓу грчката војска. За да го умилостиви [[Аполон]], Агамемнон му ја вратил Хрисеида на свештеникот, но ја зел Брисеида, заробеничката на Ахил. Кога ова го дознал Ахил - најсилниот ахајски јунак - се разгневил и не сакал да се бори против [[Троја]]нците. Разжалостен седнал крај „многуводното“ море и ја замолил мајка му, божицата [[Тетида]] да се одмазди за таа неправда што му ја сторил гордиот цар Агамемнон. Тетида го убедила [[Зевс]] да се застапи за син ѝ и да им помогне на Тројанците. Тогаш воената среќа поминала на страната на Тројанците.
 
Тројанците кои десет години не се решавале да излезат од градот и да војуваат на отворено бојно поле бидејќи во редовите на ахајската војска се наоѓал Ахил, тогаш излегле надвор од ѕидиштата на Троја и почнале двобои и општи битки. На двобој излегле [[Менелај]] и [[Парис]] каде што победил Менелај, но божицата [[Афродита]] го спасила Парис на тој начин што го направила невидлив и го одвела во неговиот дворец. На двобој излегле [[Ајант]] и [[Хектор]]. Хектор бил ранет, но богот [[Аполон]] бргу го излечил.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Илијада