Илијада: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 20:
=== Ахил ===
[[Податотека:Akhilleus Patroklos Antikensammlung Berlin F2278.jpg|thumb|right|200px|Ахил и Патрокле.]]
[[Ахил]] е водачот педер и водач на Мирмидонците, јунакот околу кого се групирани сите поважни настани во „Илијада“. Во античко време тој бил олицетворение на нивниот идеал за совршен јунак. За разлика од другите грчки јунаци кои во војната со Тројанците пред сè барале плен и богатство, тој е дојден да војува за општото добро на сите Грци. Ахил при поделбата на пленот се задоволил со најмал дел, иако знаел дека е најголемиот јунак во грчката војска. Кога Ајант за Брисеида, што му ја одзел [[Агамемнон]], му нудел седум моми и многу дарови, тој му одговорил дека во Грција секоја навреда може да се ублажи со поткуп. Тој не мислел така, со честа не се тргува и ги одбил понудите на Ајант. Ахил е бестрашен јунак и Хомер ни го покажува во разни ситуации: кога е гневен и упорен, кога се бори на бојното поле, нанесувајќи смртоносни удари; кога се колне над телото на мртвиот [[Патрокло]] дека ќе го одмазди; кога се одмаздува, бездушно влечејќи го телото на Хектор под ѕидините на [[Троја]] и кога наредува да се убијат дванаесет Тројанци.
Силата и бестрашноста не се единствените одлики на Ахил. Тој знае да биде благороден и великодушен. Молбите на [[Пријам]] да му го даде мртвото тело на [[Хектор]] го смекнуваат неговото гневно срце. Тој е трогнат до солзи кога стариот крал Пријам клекнува и му ја бакнува раката, раката што го убила неговиот син. Во тој миг Ахил ја заборавил одмаздата и му го предал мртвиот Хектор:
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Илијада