Мекленбург-Западна Померанија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 193:
Од 1993, Фестивалот Штертебекер се одржува во [[Ралсвик]] на островот Риген. Тој е најуспешен отворен театар во Германија.
 
Познати музеи се, на пример, Покраинскиот музеј Шверин и [[Померански покраински музеј|Померанскиот покраински музеј]] во Грајфсвалд. Германскиот поморски музеј со неговиот [[Оцеанеум]] во Штралзунд е најпопуларен музеј во северна Германија. Понатаму, Германскиот килибарен музеј во Рибниц-Дамгартен, Опатијата на Светиот Крст и Уметничката галерија во Росток се од национална важност. Најстар музеј во Мекленбург-Западна Померанија е Културно-историскиот музеј Штралзунд, додека најмалиот е Музејот за скулптури Професор Вандшнајдер во Плау ам Зе.
 
Мекленбург-Западна Померанија е дом на многу културни настани преку годината. Во текот на летото, многу отворени концерти и опери се отворени за посетители. Фестивалот Мекленбург-Западна Померанија (''Festspiele Mecklenburg-Vorpommern'') привлекува голема публика со изведби на класични концерти во паркови, цркви и замоци.