Девизен курс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 69:
 
Прво, концептот на пазарната рамнотежа нема исто значење за тргуваните и нетргуваните стоки. Тргуваните стоки се произведуваат и трошат како во земјата, така и во странство, при што рамнотежата се воспоставува на светско ниво. Така, можно е да има ситуација во земјата каде што, на пример, потрошувачката го надминува производството. Во тој случај, разликата ќе биде покриена со увоз, кој ќе биде финансиран преку зголемување на странскиот долг или намалување на странските средства во сопственост на земјата. Слично на тоа, извозот го апсорбира вишокот на локалната потрошувачка. Од друга страна пак, нетргуваните стоки се произведуваат и трошат само на локално ниво. Пазарот е локален, па така за да се воспостави рамнотежа, потребно е производството да биде еднакво со потрошувачката во земјата. Притоа:
* [[Буџет|Буџетското]] ограничување налага дефицитот на примарната [[тековна сметка]] денес да биде еднаков со суфицитот во наредните периоди, и обратно,
* [[Производство|Производството]] и апсорпцијата на нетргувани стоки мораат да бидат еднакви,
* Наклоните на [[граница на производствените можности|границата на производствените можности]] и [[крива на индиференцијата|кривата на индиференцијата]] мораат да бидат исти, бидејќи реалната цена не се разликува помеѓу произведувачите и купувачите во рамките на земјата.
 
Промените на [[реалeн девизен курс|реалниот девизен курс]] ќе ги принудат и производителите и купувачите да го ревидираат своето однесување на соодветен начин. На пример, реалната апрецијација ќе влијае производителите да ги реализираат ресурсите од секторот на тргувани стоки и да го намалат нивното производство, а потрошувачите ќе ја зголемат [[потрошувачка|потрошувачката]] на тргувани стоки. Резултатот е влошување на примарната тековна сметка. Оттука произлегуваат два заклучока:
* Прво, функцијата на примарната тековна сметка е опаѓачка. Зголемувањето на реалниот девизен курс, при сè друго исто, го намалува суфицитот или го зголемува дефицитот на примарната тековна сметка. Девизниот курс влијае врз примарната тековна сметка преку преместување на [[производство|производството]] и [[потрошувачка]]та на тргувани нетргувани стоки во спротивни насоки.
* Второ, ако примарната тековна сметка треба да достигне определена вредност за да се задоволи меѓувременското буџетско ограничување, реалниот девизен курс ќе мора да се промени. На пример, ќе мора да [[депрецира]] доволно за да ги наведе производителите и потрошувачите да го променат своето однесување на начин соодветен да се постигне бараното подобрување на тековната сметка.