Шагринска кожа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 45:
Дејството во „Умирање“ се случува неколку години по случувањата во првата и втората глава. Валентин користејќи ја својата амајлија се здобил со големо богатство, но на кожата како и на неговиот живот им се ближи крајот. Целата ситуација предизвикува тој да почне да паничи, уплашен од самата помисла дека следната желба ќе му донесе смрт. Тој го организира својот дом со цел да избегне да посака нешто: неговиот слуга, Џонатан, подготвува храна, облека и посетители секогаш кога е потребно. Некои работи надвор од неговата моќ го тераат да посака уште желби а со тоа кожата станува речиси невидлива. Очаен, болниот Рафаел бара начин повторно да ја зголеми кожата, и оди во топла бања со надеж дека ќе си ја поврати моќноста.
 
Со кожата помала од лист на [[зеленика]], тој е посетен од Полина во неговата соба, која му изјавува љубов. Кога ја дознава целата вистина за кожата и дека нејзината улога во неговиот живот е пресудната, таа се стаписува. Рафаел не можејќи да ја контролира својата желба за неа причинува таа да избега во соседната соба за да му го спаси животот. Тој тропа на вратата и ѝ изјавува љубов како и желба да умре во нејзините прегратки. Таа, во меѓувреме, се обидува да се убие за да го ослободи од неговата желба. Тој ја крши вратата, тие ја свршуваат нивната љубов во жесток момент на страст и тој умира. Da se ebete u gz moze?
 
== Стил ==