Разлика помеѓу преработките на „Плаошник“

Додадени 202 бајти ,  пред 6 години
нема опис на уредувањето
'''Плаошник''' или Плаош се нарекува месноста на јужната страна од ридот на кој се наоѓа стариод град [[Охрид]], на околу 250м јужно од централниот дел од [[Самуиловата тврдина]].
 
Плаошник е познат како религиозен локалитет уште од почетоците на [[христијанство]]то, а веројатно и пред тоа. Пронајдени се неколку големи [[Ранохристијанска уметност во Македонија|ранохристијански базилики]], како и остатоците од црквата[[црква]]та [[Свети Пантелејмон]] која ја изградил и во која работел [[Свети Климент Охридски]].
 
На [[11 август]] [[2002]] година свечено бил осветен новоизградениот храм [[Светите Климент и Пантелејмон]], кој всушност претставува реплика на Светиклиментовата црква, изградена на истите темели. Црквата била урната во периодот на [[Отоманско царство|Отоманското владеење]] и на нејзината основа била изградена [[џамија]]. По реставрацијата во 2002, по 530 години, овде повторно се пренесени моштите на св. Климент Охридски кои во меѓувреме биле сместени во црквата [[Света Богородица Перивлепта]] во Охрид.
 
== Црква Светите Климент и Пантелејмон ==
== Светиклиментов универзитет ==
 
Во манастирот околу црквата во времето на Св. Климент се наоѓала [[Охридската школа]], жариште на [[Словенска писменост|словенската писменост]] и култура. Овде Климент Охридски, прв писател меѓу [[Македонски Словени|македонските Словени]], ги составувал своите литературни творби, меѓу кои и [[Похвала на Кирил Филозоф|Пофалното слово за Кирил]], ремек-дело на средновековната словенска книжевност.
 
Во тек е (2008) проект за обновување на Светиклиментовиот универзитет кој треба да претставува реминисценција на Светиклиментовото време и дух во модерно значење. За таа цел, во [[2007]] е формиран Одбор за возобнова на Светиклиментовиот универзитет, составен од еминентни научници, црковни и официјални лица, кој раководи со проектот. По целосното археолошко истражување, ќе се изградат нови објекти во кои ќе биде сместена голема библиотека, [[Галерија на икони-Охрид|Галеријата на икони]], како и старите ракописи од Музејот и завод - Охрид и од други културни и научни центри, а еден дел објекти ќе и бидат доделени на [[МПЦ]]. Универзитетот треба да биде спој на световното и сакралното. Според планот, проектот треба да биде завршен во [[2009]]-та година. <ref>[http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=18126&rub=43 Култура во Македонија: Конституиран Одбор за возобнова на Светиклиментовиот универзитет]</ref>
 
== Археолошки истражувања ==
 
Археолошки истражувања на Плаошник се вршени повремено во текот на [[20. век]], а од [[1999]], се вршат континуирано и систематично. Главно наодите можат да се поделат на пред-климентовпредклиментов период кој го опфаќа периодот од праисторијата до 9.век, и климентов период кој започнува од [[893]]. година кога Св. Климент Охридски ја изградил црквата Свети Пантелејмон, па сѐ до заземањето на Охрид од страна на [[Отоманското царство|турците]] во [[15. век]].
 
=== Климентов период ===
 
Народното предание дека на ова место постои Климентова црква и неговата гробница, било потврдено по првите археолошки ископувања во [[1943]] година, кога проф. [[Димче Коцо]] ги открил темелите на Климентовата црква и во исто време и гробницата на св. [[Cвeти Климент Охридски]]<ref>[http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/vrdetails.php?vr_ID=50 360° Македонија - Плаошник]</ref>. Врз темелите на ранохристијанската базилика, од која се зачувани остатоци, била изградена црква со триконхална форма (лист на детелина), архитектонски облици какви што биле негувани во IX век во [[Византија]]. Црквата била обновена во XII век, а потоа уште еднаш во XIII век. Понатака кон оваа црква биле доградувани капели, а во XIV век припрата и надворешна припрата со камбанарија. Фреските од првобитната Климентова црква од IX век не се зачувани. Фрагментите на пронајдените фрески, во текот на археолошките истражувања, им припаѓаат на три различни периоди на обновувањето и проширувањето на Климентовиот манастир. По доаѓањето на Османлиите, Климентовата црква била претворена во џамија, позната под називот Имарет џамија, која повеќе не постои.
 
Меѓу археолошките остатоци во Климетовата црква Св. Пантелејмон се наоѓа и гробницата на самиот свети Климент. Според житието на архиепископот Теофилакт за Климент Охридски, големиот словенски просветител оваа гробница ја направил со своја рака и во неа бил погребан во 916 година.