Холокауст: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 31.11.91.71 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06
Ред 22:
Во тој период, Евреите беа едвај еден процент од тогашната 55 милионска германска популација. Германските Евреи во тоа време беа космополити и горди што се Германци по националност, а [[Јудаизам|Евреи по религија]]. Тие живееа во Германија со векови. Тогаш, како и сега, важеа за интелигентни луѓе со успеси во многубројни професии.
 
МеѓутоеМеѓутоа, германската држава, водена од [[Трет Рајх|нацистичкиот режим]], со Законот од [[Нирнберг]] (1935) најпрвин го забрани бракот меѓу не-Евреи и Евреи и со што Евреите беа отстранети од училиштата како професори, им беше забрането да обавуваат јавни професии, да служат во војската, па дури и да седат на иста клупа во парк со не-Евреи.
 
Во исто време, добро организираните активности на [[Министерство за народна просвета и пропаганда|Министерството за пропаганда]] на министерот [[Јозеф Гебелс]] ги претставуваше Евреите како непријатели на Германија и германскиот народ. Секој ден, по весниците се објавуваа натписи против Евреите, а ѕидовите се облепуваа со [[Антисемитизам|антисемитски]] постери.