Материја: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Материја''' е се што има [[маса]] и зазема [[простор]]. Според едно современо гледиште, материја се сите научно забележливи ентитети, без исклучок. Материја може уште попрецизно да се дефинира како [[енергија]] што има ниска стапка на вибрации, збиена состојба на енергијата. Оваа дефиниција е ограничена на ентитети со кои се занимава [[физика]]та.
 
===Агрегатна состојба на материјата===
Материјата може да постои во трите основни облици, таканаречени агрегатни состојби, што зависи од распоредот на атомите и молекулите.
====Гас====
Гасот е материја која нема постојан волумен, туку го исполнува просторот со кој е опкружен. Честичките на гасот не се меѓусебно поврзани, туку во сите правци се движат слободно и брзо.
====Течност====
Течноста има постојан [[волумен]], но го менува обликот така што се прилагодува на садот во кој се наоѓа. Нејзините честички меѓусебно се допираат, но не се цврсто поврзани.
====Цврста материја====
Цврстата материја има одредена големина како и одреден облик. Честичките на цврстата материја цврсто се поврзани со силни врски, и таа има цврста градба.
===Три во едно===
Водата е материја која често ја сретнуваме во различни агрегатни состојби.
====Мраз====
Кога температурата на водата ќе падне под 0℃ , се претвора во тврда материја и тогаш ја нарекуваме мраз.
====Вода====
Водата е течност кога нејзината температура е помеѓу 0℃ и 100℃.
====Пареа====
Водата се претвора во гасовита форма, таканаречена [[пареа]], кога нејзината температура е поголема од 100℃.
===Променливи состојби===
====Испарување и кондензација====
Честичките можат да се ослободат и исчезнат од течноста, и тоа го нарекуваме [[испарување]] (евапорација). Сите течности се претвораат во [[гас]] кога ќе ја достигнат својата точка на [[вриење]]. Кога гасот ќе се излади, се претвора во [[течност]], т.е. се кондензира.
====Замрзнување и топење====
Кога течноста ќе се излади под одредена [[температура]], таканаречена точка на топење или мрзнење, таа се замрзнува или станува тврда. Ако е температурата над точката на замрзнување, пак се претвора во течност.
====Сублимација====
Некои материи, како на пример јаглеродниот диоксид, преминуваат со [[загревање]] од тврда состојба во гас, а притоа не поминуваат низ течна состојба. Тоа се вика сублимација. Сублимација го наребуваме и спротивното претворање, од гас во тврда состојба.
===Видови смеси===
Смесите се делат на два основни типа: колоиди и [[раствори]]. Во растворот две или пповеќе материи се разложуваат до [[атоми]] или [[молекули]]. Колоидот е [[смеса]] на повеќе [[честички]] на една материја.
===Хемиски соединенија===
Самородните [[елементи]] се ретки во природата. Повеќето материи се состојат од два или повеќе елементи кои [[хемиската реакција]] ги поврзала во [[соединение]]. Кога го загреваме железото со сулфурот, хемиската реакција ги поврзува нивните атоми во цврста структура.
===Физички особини===
Во светот постојат многу различни материи кои имаат најразлични особини. Тие особини ни помагаат да откриеме за која материја станува збор како и целта за која може да се употреби.
====Вискозитет (густина на една течност)====
Вискозна материја е онаа која тешко тече. Таа станува таква заради [[триење]] меѓу сопствените [[молекули]].
====Дуктилност и способност да се коваат====
Обработливите материи можат да се обликуваат со удирање. Дуктилните материи лесно се валаат, развелкуваат и извлекуваат.
====Еластичност====
Еластичните материи лесно се пресуваат и растегаат, а кога ќе се отстрани силата, самите се враќаат во правобитната форма.
====Густина====
Две тела со иста големина не мораат и со еднаква [[тежина]]. Тело со погуста материја има поголема [[маса]], затоа што масата во него е позбиена.
====Спроводливост====
За материите кои лесно пропуштаат [[струја]] и [[топлина]] велиме дека се спроводливи. Многу тврди материи имаат тесно испреплетени атоми, заради што брзо ја одведуваат [[топлината]], па на [[допир]] се ладни.
===Антиматерија===
Секоја [[честичка]] има и своја [[античестичка]]. Исто како што материјата е составена од честички, така и антиматеријата е составена од [[античестички]]. Кога материјата ја спојуваме со антиматеријата тие взаемно се уништуваат и се претвораат во [[енергија]].
===Согорување===
Согорувањето е спојувањена некоја материја со [[кислород]] при што се ослободува [[топлина]]. Свеќата се состои од [[јаглерод ]]и [[водород]]. Тие елемнти горат и така настанува јаглероден диоксид и [[вода]].
====Пламен на свеќата====
Во пламенот на свеќата се наоѓаат ситни честички на јаглерод. При горењето тие така се вжештуваат и светат со жолтеникав [[сјај]].
[[Податотека:Candle flame (1).jpg|мини|десно|Свеќа]]
====Согорување на храната====
Храната која се раствора во крвта согорува при соединување со [[кислородот]]. Ослободената [[енергија]] го придвижува и загрева нашето [[тело]].
===Пластични маси===
Повеќето синтетички пластични маси се добиваат од материи кои ги сретнуваме во нафтата и земниот [[гас]]. Поливинил хлоридот (PVC) се добива со [[полимеризација]] на молекулот хлоретен, т.е. со нивно поврзување во многу долг, т.н. полимерен синџир.
===Разградливост===
Сите материи со текот на времето природно се распаѓаат, т.е. се разложуваат на едноставни материи. Загадувачите кои не можат да се распаднат остануваат во морињата, реките и атмосферата.
===Киселини и бази===
Киселините се материи кои на водата и даваат остар [[вкус]]. Базите и даваат на водата сапунест вкус. И едните и другите можат да бидат корозивни, т.е. способни да уништуваат материјал. Јачината на растворот од [[киселина]] и [[база]] се изразува со единицата pH.