Разлика помеѓу преработките на „Марина Мијаковска“

нема опис на уредувањето
 
== Биографија ==
Во [[2007]] година Мијаковска дипломира на [[Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје|Филолошкиот факултет „Блаже Конески“]], на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Истата година посетува предавања од областа на родовите студии во истражувачкиот центар за родови студии „ЕвроБалкан“ [[Скопје]]<ref>[http://think.mk/2012/08/10/nomadot-so-kuferi/]</ref>.
 
Во [[2008]] година завршува обука за административно работење и се стекнува со психолошка-педагошка и методиска доквалификација на ''Филозофскиот факултет''.
 
Пишува поезија, есеи и книжевни критики<ref>[http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=BFBF5E150CD867469602F405F4FF9263]</ref>. Неколку години по ред објавува текстови во „Наше писмо“, „Мираж“, „Репер“ и други списанија. Моментално е на постдипломски студии на истата катедра на Филолошкиот факултет.
 
Во текот на [[2009]] работела како административен работник во приватна компанија. Во јуни [[2010]] е интервјуер на фокус групи на проектот „Индекс на социјална инклузија на локално ниво“, организиран од институтот „Евробалкан“. Активно е вклучена во активности поврзани со проценка на еднаквоста на пристапот о правичната распределба на локални услуги.
 
Мијаковска учествува на „Струшките вечери на поезијата 2010“ во Ноќ без интерпункција - поетски вечери на млади поети. Истата година ја издава совјата прва книга поетската збирка „Номадска душа“, во издание на „Антолог“<ref>[http://think.mk/2012/08/10/nomadot-so-kuferi/]</ref>.
 
Во [[2012]] Мијаковска ја објавува својата магистарска теза на тема феминизам и женската сексуалност.
 
Застапена со дел од новите необјавени поетски творби во антологијата „Ветерот носи убаво време: антологија на најмладата македонска поезија и проза“, објавена во 2012. Истата година за нејзината поезија се здобива со награда на поетските средби во Корча, Албанија<ref>[http://think.mk/2012/08/10/nomadot-so-kuferi/]</ref>.
 
Во [[2013]] е добитник на „Караманова Награда 2013“<ref>[http://denesen.mk/web/2013/11/17/prodolzuva-manifestacijata-karamanovi-sredbi]</ref>.
 
Во 2013 е добитник на „Караманова Награда 2013“<ref>[http://denesen.mk/web/2013/11/17/prodolzuva-manifestacijata-karamanovi-sredbi]</ref>.
== Творештво ==
Мијаковска е автор на неколку поетскати збирки, вклучувајќи ги делата:
* „Номадска душа“, објавена во [[2010]] година, во издание на „Антолог“;
* Стихозбирката „Куфери“, објавена во [[2012]] година, во издание на „Матица“<ref>[http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=BFBF5E150CD867469602F405F4FF9263]</ref>;
* „Психоаналитичка Алхемија од Страсти“, објавена во [[2013]], издание на Совет на 40 Караманови Поетски Средби.
 
Анонимен корисник